Отвори го главното мени

Ветрот може да се опише како струењето на воздухот, т.е. ветар се воздушните молекули во движење.

Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.

Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.

Постојани ветровиУреди

  • Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради земјината ротација скршнуваат кон запад.
  • Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ се до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
  • Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.

Периодични ветровиУреди

Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.

Локални ветровиУреди

Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.

Ветрот во митологијатаУреди

Ветровите се среќаваат и во митологијата, каде имаат и посебни имиња и карактеристики. Така, во римската митологија, северниот ветар бил наречен Аквилон или Бореј; јужниот ветар се викал Аустер; Зефир бил западниот ветар, кој бил најблаг од сите ветрови и во пролет носел пријатно и топло време; Јапиг (наречен според Јапигија, т.е. Апулија) бил ветар што дувал од северозапад и бил погоден за оние кои патувала кон Стара Грција; Нот бил јужен ветар кој бил многу опасен, зашто често носел бура и ја попречувал пловидбата; Фавонија била персонификација на западниот ветар кој во Италија дувал во февруари, носејќи ја пролетта; додека Еол бил бог на ветровите,[1] кој ги држел затворени во својата пештера.[2]

Ветрот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Ветрот како мотив во книжевностаУреди

Ветрот како тема во музикатаУреди

  • „Секој начин на којшто дува ветрот“ (Any Way The Wind Blows) - песна на американската рок-групаМадерс оф инвеншн“ (The Mothers Of Invention) од 1966 година.[13]
  • „Лесен ветар“ (Easy Wind) - песна на американската рок-група „Грејтфул дед“ (Grateful Dead) од 1970 година.[14]
  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[15]
  • „Виор“ (Whirlwind) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[16]
  • „Ветрот завива“ (англиски: Howlin Wind) - песна од истоимениот албум на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[17]
  • „Ветрот е див“ (Wild is the wind) - песна на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1976 година.[18]
  • „Божествен ветар“ (Divine Wind) - песна на американската рок-група „Блу Ојстер Калт“ (Blue Oyster Cult) од 1980 година.[19]
  • Со ветрот в лице“ (S vetrom uz lice) - албум на српската рок-група „ЕКВ“ од 1986 година.[20]
  • „Дувај ветру, дувај“ (Blow Wind Blow) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[21]
  • „Бакнежи на ветрот“ (Kisses on the Wind) - песна на американската пејачка Нене Чери од 1989 година.[22]
  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американската група „Канзас“ (Kansas).[23]
  • „Леден ветар“ (Eisiger Wind) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[24]

Ветрот како тема во филмотУреди

НаводиУреди

  1. „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-108.
  2. Хорације, Одабране песме. Београд: Нолит, 1956, стр. 9.
  3. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 23-25.
  4. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 29-36.
  5. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 24-25.
  6. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 69.
  7. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  8. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 383-385.
  9. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 76.
  10. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 24-30.
  11. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 54.
  12. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  13. Discogs, The Mothers Of Invention ‎– Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)
  14. YouTube, Easy Wind (пристапено на 30.5.2019)
  15. Todd Rundgren ‎– Something / Anything? (пристапено на 27.12.2017)
  16. Roxy Music ‎– Siren (пристапено на 27.12.2017)
  17. DISCOGS Graham Parker And The Rumour ‎– Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017)
  18. YouTube, David Bowie - Wild Is The Wind (пристапено на 8.5.2017)
  19. Divine Wind - Blue Öyster Cult - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
  20. DISCOGS, Ekatarina Velika ‎– S Vetrom Uz Lice (пристапено на 25.3.2018)
  21. DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
  22. Neneh Cherry - Kisses On The Wind (посетена на 15.11.2016)
  23. YouTube, Dust in the wind lyrics - Kansas (пристапено на 28.1.2017)
  24. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Eisiger Wind (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)