Славе Ѓорѓо Димоски
Славе Ѓорѓо Димоски — поет, есеист и преведувач .[1]
Славе Ѓорѓо Димоски | |
---|---|
Роден/а | 18 март 1959 Велестово, Македонија |
Занимање | Поет |
Животопис
уредиСлаве Ѓорѓо Димоски е роден на 18 март 1959 во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).[2][3][4]
Библиографија
уреди- Гравири (1979)
- Проект (1982)
- Студен порив (1985)
- Последните ракописи (1988)
- Спореден пат (1991)
- Предмети и аргументи (1994)
- Форми на страста (1998 и 1999)
- Темно место (1999)
- Мерач на зборовите (2007)
- Хаику на разгледници (2015)
- Јазичен триптихон (2015)
- Извештаи на рисот (2016)
- Кумова слама (2018)
- Јазик и леб (2019)
- Денес (2024)
- Грозје од кукавица (2024)
Книги за деца
- Алиса (1989)
- Кристален сон (1990)
- Збороигри (1991)
- Стихотека (2000)
- Збороигри 2 (2017)
- А треба да кажам (2019)
Книги есеи
- Амадео Модилјани (2000)
- Шише во море, книга прва (2004)
- Шише во море, книга втора (2011)
- Пат покрај патот (2021)
Составувач е и косоставувач на повеќе антологии.
Објавени му се повеќе избори, а дваесет книги му се преведени на повеќе јазици.
На 25 јули 2014 година, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид, по повод 35 годишнината од неговото поетско творештво била промовирана книгата „Поезија-ткаења“, која ги содржи десетте збирки поезија на Димоски. Истовремено, на промоцијата бил прикажан и документарниот филм „Поет на мал народ“ од Антонио Велјаноски, посветен на творештвото на Димоски.[5]
Во март 2023 година, во издание на Општина Охрид, била објавена книгата со критичко-есеистички текстови за поезијата на Димоски, со наслов „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ чиј приредувач е Димитар Пандев. Книгата е составена од два дела при што првиот дел, насловен „Македонска критика“, е поделен на три циклуси: „За поезијата“ со текстови посветени на поезијата на Димоски, „За книгите“ со есеи за неговите книги, а третиот дел содржи есеи за некои поединчени песни. Во вториот дел, насловен „Странска критика“ се приложени есеи на повеќе странски автори кои го анализираат творештвото на Димоски.[6]
Награди
уреди- Млад борец за книгата „Гравири“ во 1980
- Млада Струга за книгата „Проект/Пројекат“ на СВП во 1982
- Седум секретари на СКОЈ (Хрватска) за книгата „Последните ракописи“ во 1988
- Браќа Миладиновци за книгата „Темно место“ на СВП во 2000
- „Исток-Запад, Гран-при на Европа“ за целокупното поетско творештво, доделена во 2009 година во Романија
- Орден „Златна есен - Сергеј Есенин“ за придонес во светската литература, доделен во Русија во 2012[7]
- Ацо Шопов (награда), за „Јазичен триптихон“ во 2016
- Награда „Антево перо“ за „Кумова слама“ во 2018[8]
- Награда „Григор Прличев“ за поемата „Денес“ во 2023
- Награда Арка (Србија) за книгата „Рисови извештаји и друге песме“ во 2024
Двапати е добитник на највисокото општинско признание „Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“ во 2000 г. и 2012 г.
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 73.
- ↑ Песни на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски објавени во престижното списание „Поетска планета“
- ↑ Поезија на Славе Ѓорго Димоски објавена во меѓународна публикација во Латвија
- ↑ Препеви од поетот Ѓорго - Димоски објавени во индиско списание
- ↑ "35 години творештво на Ѓорго Димоски собрани во поетска книга", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 21.
- ↑ „Излезе критичко-есеистичка книга за поезијата на Славе Ѓорго Димоски“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 16.
- ↑ Орден „Сергеј Есенин“ за охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски
- ↑ Промоција на Кумова слама од Славе Ѓ. Димоски наградена со Антево перо
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |