Арне Јакобсен
Арне Емил Јакобсен (дански: Arne Emil Jacobsen) бил дански архитект и дизајнер, претставник на данскиот модерен стил. Освен неговите архитектонски дела, создал и голем број на многу оригинални столици и останат мебел. Добил повеќе меѓународни признанија и награди.
Арне Јакобсен | |
---|---|
пред 1960 година | |
Роден(а) | 11 февруари 1902 Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 24 март 1971 Копенхаген, Данска |
Националност | Данец |
Награди | Почесен медал на 10тото Триенале за дизајн, во Милано International Design Award, Јапонија (посмртно) |
Зданија | Белависта апартмани, Клампенборг, предградие на Копенхаген SAS Royal Hotel, Копенхаген |
Нацрти | Столица Мравка Столица Јајце |
Неговите дела се вбројуваат меѓу најзначајните во данскиот функционализам, кој настојувал, по примерот на Ле Корбизје и Валтер Гропиус, да создаде рационална и функционална архитектура. Облиците развиени од Арне Јакобсен претставуваат основа за скандинавскиот органски модернизам и неговото влијание се чувствува и денес. Денешниот скандинавски дизајн го поврзуваме со едноставни, елегантни и функционални облици направени од природни и удобни материјали - а тоа се принципите кои ги поставил токму Арне Јакобсен.
Галерија
уреди-
Белависта апартмани (1933-34), поглед-1.
-
Белависта апартмани (1933-34), поглед-2.
-
Белависта апартмани (1933-34), поглед-3.
-
Бензинска станица Texaco, Киствејен, Сковсховед (1936)
-
Søholm I, населба во близина на Копенхаген (1946-1950).
-
Столица Мравка (1952)
-
SAS Royal Hotel, Копенхаген (1958-60).
-
SAS Royal Hotel, Копенхаген (1958-60), поглед од страна.
-
Столицата Јајце (1958), дизајнирана за SAS Royal Hotel.
-
Столицата Јајце (1958), дигитален приказ.
-
Данска Национална Банка (1965-70).
-
Колеџот Сент Кетринс, Оксфорд, (1964-66) поглед од запад.
-
Колеџот Сент Кетринс, Оксфорд, (1964-66) поглед од исток.
-
Мебел и осветлување во колеџот Сент Кетринс, Оксфорд.
-
Градско собрание во Мајнц (1966-70).
-
Дирекција на HEW (Vattenfall Europe), Хамбург, Германија (1970).