Џенифер Џоана Анистон[2](родена на 11 февруари 1969 г.) е американска глумица, режисер и продуцент. Таа е ќерка на глумецот Џон Анистон и глумицата Ненси Дау. Анистон станала светски позната по улогата на Рејчел Грин во популарната тв серија Пријатели (1994–2004), улога која и донела Еми награда, Златен глобус, и награда од страна на здружението на филмски работници. Нејзиниот лик станал широко познат за време на емитувањето на серијата и бил вброен во стоте најдобри филмски ликови во телевизискиот етер во САД.[3][4]

Џенифер Анистон
Анистон при добивањето на звезда на холивудската патека на славните во 2012
Роден(а)Џенифер Џоана Анистон
11 февруари 1969(1969-02-11)(55 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија
ЖивеалиштеБел Ер, Лос Анџелес, Калифорнија
ДржавјанствоСАД Американско
Занимање
  • глумица
  • продуцент
  • режисер
  • деловна жена[1]
Активен период1987–сè уште
СопружникБред Пит (в. 2000; раз. 2005)
Џастин Теру (в. 2015)
Родители

Анистон играла главна улога во голем број на комедии и романтични комедии. Таа играла во филмовите Семоќниот Брус (2003), Разделба (2006), Марли и јас (2008), Само продолжи со тоа (2011), Како да се ослободиш од шефот (2011) и Ние сме Милерови (2013); кои заработиле преку 200 милиони долари ширум светот.[5] Таа добила позитивни критики за улогата во филмовите Добрата девојка (2002) за која добила номинација за награда Спирит за најдобра женска главна улога, и Торта (2014), за која добила номинација за Златен глобус за најдобра глумица во драма. Таа исто така ја имала главната улога во филмовите И тогаш дојде Поли (2004) и Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (2009). Во февруари 2012, таа ја добила својата ѕвезда на холивудската патека на славните.

Животопис

уреди

Џенифер Анистон е родена како Џенифер Џоан Лин Анастасакис, ќерка на познатиот американски глумец Џон Анистон и на Ненси Доу. Нејзината мајка е од италијанско - шкотско потекло, а таткото од грчко потекло. Краток дел од своето детство го поминала во Грција. Нејзините родители се развеле кога Џенифер имала девет години. Таа останала да живее со мајка си, а постариот брат Џон се преселил во Лос Анџелес. Подоцна, според нејзиното признание, неколку години не разговарала со мајка си, поради нејзиниот незгоден карактер.[6]

Глумечка кариера

уреди

Анистон се појавила како „Nutri System“ девојка во радиското шоу на Хауард Стерн во доцните 1980-ти и раните 1990-ти. Таа се преселила во Холивуд и ја добила првата телевизиска улога во серијата "Molloy", а потоа во филмот „Camp Cucamonga“. Исто така, таа играла лик на сестри во ТВ серијата „Ferris Bueller“. Серијата набргу била откажана. По двата неуспеха, Анистон полека почнала да се одрекува од глумата.

Но, плановите ѝ се промениле кога се пријавила на аудицијата за хумористичната серија „Пријатели“, која започнала со емитување во сезоната 1994/1995. Продуцентите на серијата сепак сакале да ја видат Џенифер во улогата на Моника Гелер, но Џенифер била упорна и ги уверила дека ликот на Рејчел Грин како да бил напишан за неа. Така, таа ја добила улогата на Рејчел, и ја играла цели 10 години, од 1994 - 2004година. Серијата била позната по целиот свет, дури и фризурата како „Рејчел“ била барана по фризерските салони. Џенифер добивала милионска плата по епизода за последните две сезони на „Пријатели“. Освен тоа, таа добила и пет номинации за престижната телевизиска награда „Еми“, а добила една награда за „Најдобра главна глумица во хумористична серија“.

Во тоа време, Џенифер снимала и филмови, како на пр. култниот филм „Office Space“. Најголема поддршка од критичарите добила за улогата во филмот „Добрата девојка“ во кој глумела лик на слабо платена благајничка во мал град. Најголемиот нејзин филмски успех бил оној со филмот „Семоќниот Брус“, во кој му била девојка на Брус (го игра Џим Кери).

Во 2014 година, Анистон направила пресврт во филмската кариера, со улогата во филмот „Торта“, во кој игра жена која страда од хронична болка како последица на сообраќајна несреќа. Таа добила одлични критики и, иако била споменувана како една од најсериозните кандидатки за наградата „Оскар“, таа не била ниту номинирана за оваа награда.[7]

Приватен живот

уреди

Џенифер била во љубовна врска со музичарот Адам Дуртиза, а била свршена за глумецот Тате Донован. Сепак, нејзината најпозната љубовна врска е онаа со глумецот Бред Пит. Со него се венчала на 29 јули 2000 година, на еден имот во Малибу. Парот се разделил на 7 јануари 2005 година, разводот станал официјален на 25 март истата година, а бил финализиран на 2 октомври 2005 година. Подоцна, таа се свршила со глумецот Џастин Теру со кого се запознала на еден одмор на Хаваи. Анистон е голем љубител на уметноста и поседува дела на Марк Шагал, Роберт Мадрвел и Глен Лигон, а во минатото поседувала уметничко во кое самата сликала и работела со глина.[7]

Наводи

уреди
  1. Jennifer Aniston interview. YouTube. Посетено на 2014-06-05.
  2. „Jennifer Aniston- Biography“. Yahoo! Movies. Посетено на May 17, 2013.
  3. Adam B. Vary (November 14, 2014). „The 100 Greatest Characters of the Last 20 Years: Here's our full list!“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2016-09-21. Посетено на July 7, 2012.
  4. Potts, Kim (November 14, 2014). „100 Most Memorable Female TV Characters“. AOL TV. Архивирано од изворникот на 2013-09-22. Посетено на July 20, 2012.
  5. „Jennifer Aniston Movie Box Office Results“. Box Office Mojo. Посетено на July 30, 2010.
  6. Наташа Спирова, „Им посакувам сè најдобро на Бред и на Анџелина“, Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 12-13.
  7. 7,0 7,1 Наташа Спирова, „Им посакувам сè најдобро на Бред и на Анџелина“, Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 12-13

Надворешни врски

уреди