Српски комитет на четничката акција

(Пренасочено од Српско четничко движење)
Ова е статија за паравоена организација од почетокот на 20 век. За сличниот термин, видете Четници. За четничката организација на Дража Михаиловиќ, видете Југословенска војска во татковината.

Српско четничко движење (српски: Српски четнички покрет, скратено СЧП) била српска паравоена-националистичка организација. Првпат е официјално се појавува во 1886 године, за време на владеењето на кралот Милан Обреновиќ, а неколку години подоцна во 1903 година таа е легализирана под името Српски комитет на четничката акција. Основна цел на организацијата е вооружена борба против Македонското револуционерно движење (ТМОРО) и ширење на србизмот во Македонија и Косово, создавање на услови за присоединување на овие области кон српската држава, српските чети биле насочени и против Турците и Албанците.

Српски комитет на четничката акција
Активна1903–4 јули 1907
ЗемјиСрбија, Македонија и Отоманското Царство
Видпаравоенa-националистичка организација
Зборен четнички одред: однпред Коста Пеќанец (втори), Ѓорѓи Скопјанчето (четврти), Јован Бабунски (петти), втор ред Глигор Соколов(иќ) (трети), Јован Довезенски (четврти), трети ред Петко Илиев (втори).

Основање

уреди
 
Голема Србија

Слабите српски позиции во Македонија, Мајскиот преврат, пропаста на династијата Обреновиќ и доаѓањето на новиот крал Петар I Караѓорѓевиќ, придонеле да се создадат услови за забрзано основање на еден српски комитет.

Идејата за создавање на српска четничка организација произлегла од страна на д-р Милорад Гоќевац, шеф на лекарската белградска комора. Во 1901 година во Белград се спријателил со војводата Стојан Донски, а од него ги дознал статутите и методите на Македонската револуционерна организација. Кај Гоѓевец се појавила идејата за основање на една организација врз такви начела. Тој почнал да сондира луѓе за основање на таквата организација, а набргу нашол свои истомисленици меѓу македонската емиграција.

Меѓу првите кои успеал да ги придобие биле Лука Ќеловиќ, Васе Јовановиќ (со потекло од Македонија), Живојин Рафаиловиќ, а набргу кон оваа група се приклонува и пензионираниот воен министер Јован Атанацковиќ. Во летото 1903 година во куќата на Атанацковиќ која се наоѓала на Крунската улица во Белград го основале Српски комитет на четничката акција.

Нивната основна цел била да се уништи четничкото движење на Македонската револуционерна организација, отстранување на турската власт од Македонија, Косово и Јужна Србија и нивно присоединување кон тогашното Кралство Србија. Тие решиле организацијата да се вика Српска револуционерна организација на чело со Централен револуционерен таен комитет по примерот на МРО и нејзиниот Централен комитет.

Структура

уреди

Комитети

уреди
Странски пропаганди во Македонија
 

Службеното име на Српскиот комитет за четничка акција бил Централен револуционерен таен комитет. Во рамките на Комитетот биле формирани три секции: револуционерна, пропагандна и финансиска.

Четничката организација била поделен на внатрешна и надворешна. Внатрешната организација била поврзана со Србија, а надворешната со Косово и Македонија. Во Србија биле формирани три комитети: Главен во Белград, Работен во Врање и Извршен на границите. Главниот комитет во Белград егзистирал под тоа име до 6 октомври 1905 година, а од тогаш се нарекува Централен комитет, иако во некој подоцнежни документи некаде и понатаму се сретнува под старото име.

Кон крајот на декември истата година доаѓа до обединување на Работниот и Извршниот комитет во рамките на Извршниот комитет на српската организација во Врање.

Централен комитет

уреди

Први членови на Централниот комитет биле: Јован Атанацковиќ (претседател), д-р Милорад Гоѓевец, Никола Спасиќ, Димитрије Кирковиќ, Љуба Давидовиќ, Љуба Јовановиќ, Јаша Подановиќ, Голуб Јањиќ и Милутин Степановиќ (секретар). Задачи на Централниот комитет биле да ја раководи револуционерната акција на теренот, да раководи националната пропаганда, да поставува раководители на горските штабови, војводи како и да обезбеди финансиски средства за овие активности.

СКЧА од своето основање до забраната за негова дејност, донесена од Воената управа на 4 јули 1907 година, имала тројца претседатели: генералот Јован Атанацковиќ, Љубомир Давидовиќ и генералот Никодије Стефановиќ. Поручникот Панта Радосављевиќ бил секретар во двата комитета и шеф на горскиот штаб на западното Повардарие, тој најверојатно бил врската помеѓу овие три институции.

Извршен комитет

уреди

Во Извршниот комитет влегле: капетанот Живојин Рафајловиќ, учителите Миле Цупара и Лазар Божовиќ (благајник), директор на врањската гимназија Сима Златичанин и Васе Јовановиќ. Овој комитет бил починет на Централниот и морал да ги спроведува неговите одлуки, а бил задолжен за: префрлање на четите на терен, нивно прифаќање по враќањето, префрлање на оружје, муниција и друг воен материјал, селекција на способни војводи, грижа за старите и создавање на нови канали, прифаќање на шифрираните пораки и извешати од теренот и препраќање до Централниот комитет.

Во текот на времето во Извршниот одбор се нашле: Сима Златичанин, Лазар Божовиќ и Јован Михаиловиќ, претседателот на окружниот суд Тома Ѓурѓевиќ, официрите – Љубомир Вуловиќ, Петар Пешиќ, Војин Поповиќ, Александар Благојевиќ, Божидар Терзиќ и др.

Од офицерите во акциите учествувале: Божидар Јанковиќ (претседател на Народната одбрана), Милан Васиќ (секретар на Народната одбрана), Душан Туфегџиќ (бил член на Централниот одбор), Крста Смиљаниќ, Јосиф Костиќ, Драган Павловиќ и др.

Набргу по формирањето на Централниот и Извршниот комитет во Ниш бил формиран еден поткомитет, а негови основачи биле поранешниот српски конзул Тодор Станковиќ и ветеринарот Божидар Драгичевиќ. Подоцна вакви комитети биле формирани и на други места, а нивна задача била да се повикува на вооружена акција и да се собираат финасиски и матерјални средства.

Статут

уреди

Сатутот бил донесен на некоја од седниците на основачите на СКЧА, а негово целосно име гласи: Статус на Тајните србо-македонски друштва и тој се состоел од 11 члена поделени во неколку глави.

 
Др Милорад Гоѓевец
 
Лука Ѓеловац

Члановите 1 и 2 се однесуваат на целта и спред нив требало со заедничка борба и сите средства да се работи на ослободување и обединување на српските земји, борба против бугарското насилство [1], борба против бугарската пропаганда, ширење и будење на српското национално чувство меѓу населението во Стара Србија и Македонија.

Во втората глава се регулирани составот и устројсвото. Во членовите 3 и 4 било истакнато дека Дружението е составено од месни комитети во секое населено место во Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает.

Член на друштвата може да биде секој кој ќе работи во нивна корист и ќе положи заклетва.

Месните комитети се состоеле од претседател, помошник на претседателот, благајник и неколку советници. Месниот комитет во рамките на една коза сочинувал еден српски комитет, а сите српски комитети формирале еден вилаетски комитет. Вилаетскиот комитет го потврдувал Главниот комитет, а раководителите на Вилаетските комитети ги бирале членовите на Главниот комитет на Србо-македонското друштво.

Изборите се одвивале секоја година, а Главниот комитет се состоел од претседател, помошник на претседателот, благајник и неколку советници. Членот 5 се однесува на тајната полиција, а членот 6 на четите. Во членот 8 било истакнато дека:

 
Јован Атанацковиќ
Тајното србо-македонско друштво има свој печат со грб: двоглав бел орел на чии гради се наоѓа лав со круна[2]

Третата глава се однесува на финансиите и во членот 9 се истакнува дека тие се собират преку: A) доброволни прилози Б) членски вносови Г) приходи добиени од страна.

Казните се регулирани во четвртата глава каде било истакнато дека секој што ќе згреши кон делото ќе биде казнет без разлика дали е член иле не, а казните ги извршуваат српскиот комитет во согласност со вилаетскиот комитет. Во членот 11 било истакнато дека врз основа на овој Статус бил изработе Правилник за сите комитети.

Треба да се истакне дека Статусот и организациската поставеност, должностите, правата и голем број на други работи биле изработени и регулирани врз основа на уставо-статутарните акти на Македонската револуционерна организација. Отука се гледа дека за полесно придобивање на населението во Македонија, основоположниците на СКЧА решиле да ја копираат МРО.

види: Прв устав на Македонската револуционерна организација, Прв правилник на Македонската револуционерна организација, Устав на ТМОРО и Правилник на ТМОРО

Мото

уреди

Во почетокот СКЧА го презел мотото на македонските револуционери и Македонската револуционерна организација - Слобода или смрт или Со вера во бога за крстот чесен за Слободата златна, меѓутоа постепено еволуирале кон големосрпските сфаќања така што тие ги подоцна користеле мотото: Обединување или смрт - обединување на српските земји (вклучително и Македонија), и Со вера во бога за Кралот и Татковината - Слобода или смрт.

Одлики на српското четување

уреди

Српските чети предводени од офицерите и подофицерите во борба стапувале врз основа на воените правила, додека пак војводите без воено образование се потпирале на интелигенцијата, искуството и внимателноста.

 
Милан Алексиќ, четник кај војводата Ѓеле

Четите најчесто се движеле ноќе, а преку ден престојувале во куќите на своите јатаци, бачилата или пак во густите шуми. Четниците спиеле облечени и во полна опреам со своите пушки. Четите се движеле во колона и тоа со утврден рапоред: неколку стотини метри пред самата чета се движел еден од поискусните четници како еден вид на патрола, зад него бил војводата, а неколку чекори зад војводата биле четниците.

На чело на колоната биле најискусните додека пак во средината се наоѓале новопримените и неискусни четници. Во почетокот, војводата и сите останати добивале плата од комитетот, но подоцана се укинале платите и војводата добивал финансиски средства за обезбедување на сè што им потребно на четниците за дејствување на терен.

Теренот на дејствување им бил одреден од страна на комитетот, а во текот на престојот во тој реон тие постјано се движеле и не смееле да го напуштат без согласност на горскиот штаб.

Опрема и канали

уреди

Вооружувањето на четниците се состоело од пушка, кама, бомби, а понекогаш и револвер. Оружјето и муницијата нејчесто биле набавувани од стрелечките дружини во Србија, а биле доставувани од страна на Извршниот комитет преку нелегални канали.

Најважна улога при транспортот на оружјето и опремата имале српските офицери, членовите или симапатизерите на СКЧА. Капетанот Живојин Рафајловиќ на железничката станица во Врање организирал магацин за пушки, а во монополот за тутутн биле криени пушките, за нивно чување биле задолжени Драгиша Лукиќ и Милан Граовец.

Пушките биле од различни системи, калибри и воена моќ, поради што доаѓало до проблеми со снабдувањето со муниција. Покрај застарените берданки, хенри мартини и гра (грчка пушка) имало и модерни манлихери и српските брзометки на кој им биле вадени српскиот грб и знакот на крагуевскиот завод. Од револверите имало руски наган, бровинг, булдог и др.

Бидејќи имало недостаток на муниција на секој четник му следеле по 200 куршуми и секој од нив требало внимателно да ги користи.

Облеката на четниците била во склад со носијата на жителите од Скопска Црна Гора, Жеглигово, Велешко и Порече. На главите најчесто носеле шубари, галички капи, шајкачи, а понекогаш и шапки (пр. Мицко Крстевски).

Војводите како ознака за нивниот ранг на своите капи ставале бел орел. Обувките им биле опинци, а се наметнувале со гуње или пелерина. Поречкиот војвода покрај грбот на шапката носел и црвено гуње (минтан).

Начин на коресподенција

уреди

Коресподенцијата се водела со шифри таканаречени криптоними, а подоцна биле воведени и нумеричи шифри. Така на пример шифрата Божја куќа ја означувала Србија, а адресата До Господинот во Божјата куќа се однесувала на претседателот на Извршниот комитет во Врање. Поред нив вообичаени шифри и називи биле:

стап - пушка
јабука - бомба
шекер - отров
брабоњци - арнаути (Албанци)
Смирна - Скопје
Нептун - Порече
кафе - барут
Берлин - Битола
Париз - Прилеп
Венеција - Велес
големиот или старец - раководителот на горскиот штаб

Првата дејност

уреди

Создавање на организациска мрежа во Македонија

уреди
 
Српска чета

Првата српска чета била формирана по Мајскиот преврат од страна на Милорад, Васе Јовановиќ и Лука Ѓеловиќ. За војвода на оваа чета бил поставен Илија Славе, а за негов помошник бил назначен Ангелко Алексов(иќ) кој бил со потекло од Гостиварско.

Првите чети биле формирани од Македонци и тоа од Кратовско, Кумановско и Порече. За водачи на четите во почетокот биле поставувани старите арамии, а постепено биле назначувни и офицери од српската војска, а за прв српски војвода во Македонија бил назначен Мицко Крстевски од село Латово.

Прв организатор на четничка акција на теренот бил Аксентије Бацетовиќ. Тој воспоставил два горски штаба за Источното и Западното Повардарије, ваквата поделба останала сè до Балканските војни.

Први раководители на овие горски штабови биле полковникот Илија Јовановиќ - источно поварадрије и капетанот Сретен Рајковиќ за западното повардарије. Раководителите на горските штабови биле бирани од младите офицери кој сакале да учествуваат во движењето, а тие морале да поднесуваат извешатаи до Централниот комитет.

Ранетите и болните четници кој не можеле да бидат префрлени во Србија биле згрижувани по србоманските села во Македонија, а просториите на српскиот конзул во Скопје, др Михаил Шушкаловиќ ги лекувал со што почнало да егзистира илегална четничка болница.

Четниците исто така биле лечени и во интернатот на српската гимназија во Скопје, а биле прифаќани и од српските хуманитарни друштава како што биле: Српски браќа и Коло на српските сестри.

Борба за Македонија

уреди
 
Просрпските војводи Јован Довезенски и Мицко Крстевски и двајца четници

Во периодот 1901-1903 година, а особено по Илинденското востание и Мирцштешките реформи, српската пропаганда неколкупати се обидела да создаде свој вооружени чети на територијата на Македонија [3].

Една од најголемите пречки за продор на српските чети била Македонската револуционерна организација и нејзините чети кој не дозволувале на нејзината територија (Македонија) какви било други вооружени чети ако не припаѓале на Организацијата.

Во 1903 година офицерите Петар Пешиќ и Воислав Танкосиќ се преоблекле како трговци со жито и така патувале низ Македонија. Нивната цел била да се запознаен со теренот и да агитираат меѓу тамошното население.

Особен успех постигнал Танкосиќ тој во 1904 година создал канали за оружје и муниција на релацијата Врање-Скопје-Прилеп-Битола-Порече со што го олеснил навлегувањето на српските чети. Во 1904 година Милорад Гоѓевец и Лука Ѓеловиќ ја создале првата чета која се состоела од 23 четника на чело со Ангелко Алексиевски(иќ) родум од Мидинци кај Кичево, а таа била предвидена за Порече.

На 12 мај таа заминала од Белград, а во Врање четниците до 21 мај биле обучувани. По обуката, четата била упатена кон Македонија, а за нејзиното преминување преку границата биле задолжени капетанот Рафајловииќ, мајорот Крсте Смилјаниќ и капетанот Добривое Павловиќ, главен предводник им бил идниот велешки војвода Василие Трбиќ.

Четата на 25 мај се нашла кај реката Пчиња, притоа војводата Алексиќ убил еден Албанец, бидејќи не сакал да ги пренесе преку реката, а за тоа дознал кајмакамот на Куманово и веднаш била испратена потера. Кај селото Четирце биле опколени и четата била уништена.

Четата на Мицко

уреди
Македонска револуционерна
организација (МРО)
 

Меѓутоа набргу била создадена нова српска чета. Во Самоков се собрале српски свештеници, учители и претставници на србоманските села, по договорот кој бил склучен, двајца селани однеле писмо кај српскиот конзул Станојевиќ во Битола, барајќи од него оружје, пари и тајно испраќање на Мицко како нивни водач.

 
Војводата Мицко Крстевски
 
Даме Груев

Конзулот ги одбил, не сакал да слушне ниту за четите ниту за оружјето. Но на излегување од конзулатот тие биле пресретнати од конзуларниот службеник Саватие Милошевиќ (подоцна српски четнички војвода), тој им дал 60 наполеона и им ветил дека ќе го организира бегството на Мицко [4].

На 18 април Мицко ја напуштил Битола и преку Прилеп заминал за Поречието. Сето бегство било организирано од страна на Саватие. На раскрсницата на крушевскиот и прилепскиот пат, Мицко бил пречекан од Вељо Шоповски (иќ) кој го однел во селото Крапа и го сместил во куќата на српскиот учител Дукиќ.

Таму Мицко го соблекол оделото и ја облекол белата поречка народна облека. Неколку дена подоцна му се придружиле 6 четници со што била создадена првата вооружена српска четничка чета на територијата на Македонија, а Мицко се ставил во служба на српската пропаганда.

Мицко како искусен војвода во почетокот избегнувал поголеми судири бидејќи од една страна српската вооружена пропаганда во Македонија била во својот зародиж, а од друга страна тука биле четите на ТМОРО од кој можел да настрада.

Мицко со својата чета го привлекол вниманието на самата Организација која протестирала во Белград за таквата акција. Меѓу другото бил задолжен Георги Герџиковиќ заедно со Христо Узунов да го поканат Мицко да се покори на Организацијата, а тие тоа и го направиле.

Меѓутоа наспроти тоа војводата Мицко ја засилил својата активност и неговата чета се зголемила на 30 души. Поради ваквото држење на Мицко Крстевски, војводата Ѓорѓи Сугарев почнал да ја проследува неговата чета. Организацијата подготвила план за опколување на српската чета во Порече.

Затоа Петар Ацев отишол да се поврзе со Сугарев, а тој најпрво поминал низ Крушевско земајќи го со себе Ѓурчин Наумов, а во селото Горно Дивјаци добил извествување да ја мобилизира селската милиција која требало да чека кака резерва во евентуалната борба со Мицко.

Потоа дошло до судир во Црешнево, имено Мицко му поставил заседа на Ѓорѓи Сугарев меѓутоа тој успеал да се извлече. По заседате Мицко се префрлил на левата страна на Треска и се спуштил на југ. Организациските чети следејќи го Мицко се собрале во селото Слатино.

Во исто време таму дошол и Даме Груев со неколку селски милиционери. Мицко тогаш ги предал здружените чети, дошол аскерот започнала престрелка, четата успела да се извлече но Даме Груев бил ранет и останал во селото. Следниот ден дошол Мицко и го заробил Груев и започнала едномесечна заложичка драма.

Меѓутоа Мицко морал да го ослободи раководителот на Македонската револуционерна организација, но целото случување имало силен удар врз македонското револуционерно движење или како што истакнал Свештеникот Тома Николов, кој бил раководител во Кичевско дека:

Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа најмногу го почувствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Мисаил... надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надоле пред граѓаните, дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратл медикаменти од Кичево за негово лекување[3]

Грабнувањето на Даме Груев била првата голем успешна акција на вооружената српска пропаганда во Македонија, а четата на Мицко го отворила патот за другите чети кој набргу се нашле во Македонија.

види: Грабнување на Даме Груев

Продор

уреди

Од почетокот на август 1904 година биле префрлени нови чети на Скопска Црна Гора, околината на Прилеп, Струга. Во средината на август границата ја минале уште две нови чети за Козјак, а во првите денови на септември навлегле уште 7-8 серпски чети.

 
војводата Јован Бабунски
 
Српски четници во Младотурска револуција

Четите на левата страна на Вардар се бореле со вооружените сили на Турците додека пак на десната страна со четите на Македонската револуционерна организација.

До средината на 1904 година биле формирани уште четири српски чети во Македонија. Во периодот од 1905 до 1907 година продолжило префрлањето на четите, меѓутоа сега под команда на офицери и подофицери од српската војска (сега по примерот на Врховниот комитет и Елиномакедонскиот комитет), а српските чети ја продолжиле борбата на левата страна на Вардар, а биле засилени српските позиции во Порече.

Првиот горски штаб бил формиран во Источното Повардарије на планината Козјак, а преку манстирот Св. Прохор Пчински биле одржувани врски со Врање. Игуменот на манастирот Владимир и неговиот епироп Ковачевиќ навремено го известувале Горскиот штаб за движењто на турските и македонските чети, а исто така ги засолнувале ранетите и болните српски четници.

На 8 април 1905 година, четите при првиот горски штаб на Западното Повардарије на чело со капетанот сретен Рајковиќ - Рудички и новоименуваниот војвода Јован Бабунски, ја минала границата. Двете чети имале по 35 души, а после 15 дена успеле да го минат Вардар на мостот кај Зелениково. Капетанот Рајковиќ го формирал Горскиот штаб во Порече кој бил погоден за седиште од две причини:

а) таму немало колски патишта, па транспортот од поголема тежина бил вршен со магариња и коњи, и поради тоа турската восјка избегнувала да влегува
б) од 40 поречки села, само Локвица била егзархиска.

Раководители на Горскиот штаб за Источното Повардарије биле: Илија Јовановиќ - Пчински, Аксентије Бацетовиќ - Бацета, Војин Поповиќ - Вук, Мијал Ристовски (иќ), Алимпије Марјановски (иќ), Александар Благоев (иќ) - Кочански, Светозар Ранковиќ - Тоза.

Во Западното Повардарије раководители биле: Сретен Рајковиќ - Руднички. Панта Радосавлевиќ - Дунавски, Павле Блажариќ - Бистрички, Душан Димитријевиќ, Сава Петковиќ, Маринко Алескиќ - Маша, Никола Јанковиќ - Косовски и поручникот Неделковиќ. Оваа концетрација на срски чети неминовно воделе кон судир со Македонската револуционерна организација и осмалиската војска за контрола на теренот.

Така што дошло до голем број на судири. На 14 март 1905 година кај селото Табановце била опколена четата на Владо Ковачевиќ која броела 25 души, во овој судир загинале 11 четници.

Потоа доаѓа до битките кај Челопек (Кумановско), Вуксана, Китка, Бељаковце, Страцин, Јачинце и Стрновац. До 1905 година во борбите загинале околу 170-180 четници и девет војводи: Ангелко Ангеловиќ, Саватије Милошевиќ, Павле Младеновиќ, Аксентије Рујанац, Ѓура Иванишевиќ, Михаило Петровиќ, Петко Илиќ, Јаким Младеновиќ и Љубомир Језиќ. Во овие борби големи загуби имала и самата Македонската револуционерна организација.

Во борбите во 1907 година таа изгубила околу 100 четници и шест војводи, а во текот на Младотурската револуција според турските извори имало околу 110 чети на Македонската револуционерна организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети. Таквото присуство на теренот како и големите загуби придонеле српските чети да не можат да го остварат својот план.

Распуштање

уреди

Неуспехот во остварувањето на планот за заземање на Северна Македонија ја довел во опасност самата српска организација. Поради тоа на 4 јули 1907 година бил свикан состанок во Белград на кој присуствувале претседателот на Главниот комитет, неговиот помошник, шефот на конзуларното одделение, генералниот српски конзул од Скопје и раководителот на штабот за Источното Повардарије.

На оваа средба била донесена одлука да се преуреди самата организација, всушност со новите уредби таа ја изгубила својата независност и се нашла под контрола на српската држава, со што формално-правно престанала да постои. Српските чети продолжиле да егзистираат но сега под закрила на државата и истите тие учествувале во Балканските војни и Првата светска војна, а по нивното завршување тие биле распуштени.

Наводи

уреди
  1. Ова се однесува на Македонската револуционерна организација, Србија не сакала да го согледа и разбере нејзиниот македонски карактер и таа го третирала македонското национално ослободително движење како бугарско движење и се повикувало на борба за заштита на српските интереси кој наводно биле загрозени од Бугарите... Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  2. Статус на Тајните србо - македонски друштва
  3. 3,0 3,1 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
  4. Коџа, Четнички споменик, Војвода Мицко, живот и рад, Скопље, 1930.

Поврзано

уреди