Конгрес на Петрова Нива
Конгрес на Петрова Нива — конгрес на Одринскиот револуционрен округ на Македонската револуционерна организација, заседавал на 28 и 29 јуни 1903 година.
Делегати
уредиНа конгресот во месноста Петрова Нива, близу до Мало Трново, присуствувале околу 300 души делегати и гости: војводи, четници, легални дејци и други. Конгресот со својата работа започнала на 28 јуни под претседателство на Васил Пасков.
За потпретседател бил избран Велко Думев, а за секретари: Христо Силјанов и Атанас Разбојников.
Општо присуствувале 47 делегати од кој најголемиот дел биле од Малотрновската околија. Голем дел од одринските реони и околии немале свои претставници, а областа западно од Марица имала само еден делегат - Христо Караманџуков од Ахчелебиската околија [1].
Решенија
уредиНа овој окружен конгрес било разгледано прашањето за кревање на востанието.
По оваа прашање се судриле две групи, една која била за востание, а другата била против кревање на востание во овој момент, но по дискусиите на сите им било јасно дека Внатрешната организација веќе неповратно се одлучила за востание и затоа на делегатите не им останало ништо друго освен да го потврдат само решение.
Решението за востанието било потврдено откако бил разгледани проблемите како недостатокот на оружје и различноста во подготвеноста на оделните околиски револуционерни комитети.
Конгресот ја завршил својата работа на 29 јули откако било забележано доаѓањето на турски аскер [1].