Политичко влијание на Ватикан во Македонија

Дел од темата
Христијанството
во Македонија

Христијански крст

Историја
Мисијата на Апостол Павле
Христијанизација
Свети Кирил · Свети Методиј
Свети Климент · Свети Наум
Самоилово царство
Отоманска империја
Странски пропаганди

Православие
Охридска архиепископија
МПЦ-ОА

Католицизам
Апостолски егзархат
Скопска бискупија
Римокатоличко влијание
Лазаристи

Протестантство
Протестантска пропаганда
Евангелско-методистичка црква
Баптистичка Црква

Политичкото влијание на Ватикан во Македонија или понекогаш именувано како католичка пропаганда во Македонија започнало да дејствува во втората половина на XVI век и со прекини се чувствувала сè до почетокот на XX век. Главна цел на оваа пропаганда била да се шири влијанието и власта на Римокатоличката црква. Треба да се истакне дека оваа пропаганда била поставена врз верска основа, но со политичка цел. Католичката пропаганда не дејствувала ретроградно врз македонското националноослободително дело и не го загрозувала македонскиот национален индивидуалитет.

Појава

уреди

Во втората половина на XVI век католичкото влијание се чувствувало на целата територија на Балкански Полуостров вклучително и во Македонија. Ваквото влијание се должело на трговските врските кој постоеле меѓу балканските градови со Венеција, Џенова и Дубровник, последниот град имал и свој колонии во Србија, Македонија и Бугарија.

За засилување на католичкото влијание придонеле и постојаните војни кој Отоманското Царство ги водела со католичките земји, првенствено со Хабсбуршката монархија, а таа од своја страна пак го потхранувала незадоволството на балканските народи и ги повикувале на бунт против Османлиите.

Римокатоличката црква и папата испраќале свој агитатори агенти кој населението на Балкански Полуостров го повикувале на востание, оваа агитација особено вила силна меѓу Албанците, а во Македонија се чувствувала во Охридско и Дебарско. Постепено под влијани се нашле и високото свештенство на Охридската архиепископија. Во 1587 година охридскиот архиепсикоп Гаврил во Рим побарал финансиска помош од папата Сикст V.[1]

Засилување

уреди

Конгрегација за пропаганда на верата

уреди

До 1622 година католичката пропаганда во Македонија и пошироко била многу слаба. Но таа година во Рим преовладало езуитското влијание и папата Григориј XV на 11 јуни 1622 година издал була за создавање на едно тело кое станало познато како Congregatio de propaganda fide (Конгрегација за пропаганда на верата). Оваа тело било дооформено со булата на папара Урбан VIII од август 1627 година.

 
Григориј XV
 
Урбан VIII

Целта на Конгрегацијата била да се шири католичката вера и црковната власт на папата насекаде по светот, да се подготвуваат и испраќаат мисионери насекаде каде што претходно немало католичко влијание.

Влијание во Охридската архиепископија

уреди

По создавањето на Конгрегацијата католичката пропаганда успеала да го наметне своето вилјание меѓу високото свештенство на Охридската архиепископија. Во првата половина на XVII век неколку охридски архиепископи тајно ја признавале црковната власт на папата, а меѓу нив биле Порфириј, Атанасиј, Аврамиј и Мелетиј. На 28 септември 1624 година папата Урбан VIII испратил писмо до охридскиот архиепископт во кое било истакнато:

На почитуваните браќа Порфириј Палеолог, патријарх Јустинијана Прима, на Охрид, и останатите потчинети архиепсикопи, епископи на Бугарја, Србија, Албанија и онострана Македонија. Папата Урбан VIII. Почитувани браќа поздрав итн... Издадено во Рим кај св. Марија постара под прстенот на рибарот, на ден 28 септември 1624 во првата година од нашиот понтификата [2]
(Во писмото Урбан VIII б.н) Порфириј... и неговите архијереи ги нарекува љубени браќа, ја искажува својата радост што тој ја признал јурисдикцијата на Рим и го уверува ако со искрено срце и искрена вера се потчинува на папската власт дека бог ќе ги спаси неговите верници од ропство [1]

Покрај Порфириј и охридскиот архиепископ Аврамиј одржувал тајни врски со папата Урбан VIII и во текот на шест години тајно ја признавал неговата црковна власт. Папата Урбан VIII од своја страна на архиепископ Аврамиј му додоелил грамоти за западните владетели од кој Аврамиј добивал подароци. Освен архиепсикопите, тајни врски со Рим одржувале и други високи свешетници на Охридската архиепископија, а таков бил и митрополитот Еремиј Пелагонски.

Цел и тактика

уреди

Целта на Конгрегацијата во Македонија и пошироко била да се создаде унија меѓу православните цркви и Рим, односно Охридската архиепископија да ја признае црковната власт на папата. При остварувањето на оваа цел католичката пропаганда била внимателна и прагматична.

Во богослужбата тие не само што не им противречеле на православните, туку имале инструкции да ги почитуваат догмите на источната боголсужба. Тие не го наметнувале латинскиот јазик, туку го прзинавле грчкиот и словенскиот. Така, генералот на Езуитите, Вутулески, испратил писмо во октомври 1628 година до мисионерите на Балканот, со кое им препорачува да ја чуваат грчката богослужба (православната б.н), а во едно друго писмо од 160 година истиот препорачува шизматиците (православните б.н) што сакаат да ја примаат унијата да не им се наложува латинскиот јазик [1]

Дејност во Охрид

уреди

Со таквата тактика католичката пропаганда успеала да го засили своето вилјание и во самиот Охрид во 1630 година. Самите унијати се обиделе да ја преземат архиепископската црква Воведение на Пресвета Богородица, а охридскиот архиепископ благаодарение на поткупот на турските власти успеал да ја задржи.

Во средината на XVII век била донесена одлука за формирање на Охридска надбискупија. За прв охридски надбискуп бил поставен Хрватот Рафаил Левакович но тој умрел во 1649 година на патот кон Охрид. По него за надбискуп бил поставен Андреј Богдани но тој се плашел да дојде во Охрид за да не го убијат православните, а во 1655 година бил назначен Франческо Сојимирович. Тој во Охрид дошол преправен како трговец и потоа испратил писмо до папата во кое истакнал дека:

не може да опстане, бидејќи во Охрид немало ни еден католик

Тоа придонело да биде укината Охридската надбискупија, а Охрид во црковен поглед бил починет на скопската дијацеза.

Обид за унија

уреди

Во 1661 година охридскиот архиепсикоп Атанасиј заминал во Рим кај папата Александар VII и дал согласност за унија меѓу Римокатоличката црква и Охридската архиепископија. Неговиот мисионер Онуфриј Констатнтин бил избран за епископ во римската грчка курија, со титулата архипископ на Дебар иако тој постојано живеел во Рим. Меѓутоа до официјална унија не дошло бидејќи високото свештенство се плашело од мерките на Османлиското Царство, а од друга страна правослвното население не ја прифаќале унијата. Затоа во текот на XVIII век доаѓа до ослабување на католичкото влијани, а во 1767 година била укината и Охридската архиепископија.

Продор

уреди
Странски пропаганди во Македонија
 

Прва унијатска општина во Македонија

уреди

Католичката пропаганда се засилила во текот на 60-години на XIX век, во текот на антифанариотските борби.

Македонскиот народ кон католичката пропаганда преминувал, пред се, како израз на протест против Цариградската патријаршија која со себе го носела и погрчувањето.

Од друга страна се надевал на заштита од соодветните земји.

Првиот пробив во Македонија, католичката пропаганда го направила во 1859 година, кога граѓаните на Кукуш со помош на францускиот конзул од Солун, побарале од папата да стапат во духовно единство со Римокатоличката црква, односно да стапат во унија, а притоа побарале да си ги запазат црковните обреди и црковно - словенскиот јазик во богослужбата.

Подготовка на план за дејствување и негова реализација

уреди

Во 1879 година Ватикан ги испратил Ѓовани Батиста Вотка и Паоло Пирлинг во Македонија за да ги проучат условите за делување. Врз основа на нивните извештаи и други информации бил изработен план. Овој план предвидувал:

1. Да се преведат на народен јазик и да се отпечатат со латински букви неделните евангелија што би се читале по црквите за време на празниците.
2. Да се популаризира Кирило-Методијевата работа и да се организира свечено прославување на илијадагодишнината од смрта на Методиј.
3. Да се чистат весрките книги од русизми и де се заменуваат со новопечатени книги.
4. Во Одрин да се отвори една печатница за печатење на гореспоменатите верски книги, учебници, списанија, весници, календари и др.
5. Да се отвори една католичка богословија во Охрид, потоа една установа за женски деца во Македонија и еден факултет во Цариград за сите унијати на Балканот.

Од овој план католичката пропаганда успеала да реализира голем дел, иако во изменета форма, поради притисокот на Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија.

Во 1881 година македонското население од Гуменџе ја примило унијата со Рим. Во 1883 година општините во Струмица, Дојран и Воден поднеле молба за прием во унијата.

Испраќање на мисионери и создавање на пропаганден кадар во втората половина на XIX век

уреди

Во 1885 година, католичката пропаганда отворила своја богословија во Солун, а таа почнала да дава кадар за свешеници и учители по католичиките цркви и училишта во Македонија.

Католичкиот црковен ред на лозаристите чие седиште се наоѓало во Солун и Битола почнале да агитираат низ останатите делови на Македонија. Во ваквата агитација особено се истакнале братот и сестрата Алоати од Италија.

Јосиф Алоати ги прифатил православните верски обреди, а неговата сестра формирала женски католички ред на евхаристинки, со седиште во манастирот во Паљурци близу Гевгелија. Братот и сестрата Алоати подучувале и проповедале на македонски јазик со цел полесно да го придобијат населението. Тие отвориле неколку католички училишта и сиропиталишта.

Унијата како средство за обнова на Охридската архиепископија

уреди

По создавањето на Бугарската егзархија Македонците не се откажале од стремежот за обнова на Охридската архиепископија. Во првата половина на 70-те години на XIX век силна активност пројавило солунското граѓанство. Дополнителен импулс било и доаѓањето во есента 1873 година на Митхад-паша за солунски валија. Тој бил долгогодишен министер и добро ги познавал внатрешните состојби во Отоманското Царство и стремежите на потчинетото население.

По убедување демократ со либерални сфаќања, Митхад-паша по доаѓањето во Солун застанал на страна на македонскиот народ во црковниот спор околу поделбата на македонските епархии. Во желба да создаде спокојство не само во Солунскиот, туку и во другите два македонски вилаета... Митхад-паша отворено застанал на страна на македонското движење... и решавањето на македонското црковно прашање го гледал во создавање на македонска национална црква. Во таа смисла ги повикал највидните македонски првенци и им ветил своја поткрепа во решавањето на македонското црковно прашање врз македонска национална основа, бидејќи Македонците претставуваат посебен народ на Балканот [3][4]

Со таквата поткрепа солунското граѓанство создало комитет со цел да се организира населението во Македонија за заедничко настапување пред Високата Порта со барање за обнова на Охридската архиепископија [5].

Борбата за обнова на Охридската архиепископија влегла во нова етапа кога кон движењето се придлужил епископот Нил Изворов. Тогаш солунската црковно-училишна општина писмено се обратила кон останатите македонски општини како и до македонската колонија во Цариград, во ова обраќање солунската општина побарал останатите да се изјаснат по прашањето за обнова на Охридската архиепископија.

Со цел да се обнови Охридската архиепископија, солунската општина свикала собир на претставници од Македонија. Средбата се одржала на 28 декември 1873 година, а на неа присуствувале претставници на 6 јужномакедонск општини: Солунската, Воденската, Струмичката, Дојранската, Кукушката и Малешевската.

6 општини потоа се обратиле до германската протестанска црква и до американската протестанска црква, но од политички причини биле одбиени од двете цркви.

Тие решиле да се обратат до Римокатоличката црква. Оваа црква во тој период веќе имала свој верско-пропагандни мисии во Солун и Битола. Римокатоличката црква од своја страна не само што ја прифатила молбата туку побарала и од другите општини од Македонија да се приклучат кон молбата истакнувајќи дека македонското црковно прашање може да се реши единствено преку унија со Римокатоличката црква.

Меѓутоа Конгрегацијата за пропаганда на верата решила 6 општини во црковен поглед да ги потчини под Бугарската унијатска заедница на чело со епископот Рафаил Попов, со седиште во Одрин,[6] а барањето за обнова на Охридската архиепископија никаде не се ни спомнувало. Тоа придонело да спласне движењето за обнова на Охридската архиепископија преку унија со Римокатоличката црква.

Теодосиј Гологанов

уреди

Во 1891 г. Митрополитот Теодосиј се обидел да се договори со папскиот нунциј во Цариград за покровителствто на Римокатоличката црква над евентуално обновената Охридска архиепископија. При тоа поставил шест услови.

На 4 декември истата 1891 г. Теодосиј му напишал писмо на папата Лав ХIII, во кое го моли Светиот отец од свое и од името на целата православна паства во Македонија: да нè прими под крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ја обновиме стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 г.

Меѓутоа овој обид за унија бил пресечен од страна на Бугарската егзархија и српската пропаганда.

Опаѓање

уреди

Причини

уреди

По Берлинскиот конгрес доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропаганда. Австроунгарија не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините претставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. Главната причина за опаѓањето на унијатството е неисполнување на ветувањето дадено од страна на католичката пропаганда за обнова на Охридската архиепископија.

На 30.09.1889 година, австроунгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот претставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство.

Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на Бугарската егзархија дел од македонскиот народ почнал да преминува под јурисдикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира.

Бугарскиот трговски агент од Солун, Атанас Шопов, во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција.

Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. Католичката црква имала слична забрана до своите верници.

Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во Македонија не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните.

Во 90-години на XIX век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов.

На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  2. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  3. Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  4. Кирил патриарх български, Екзарх Антим, с, 533-534
  5. Цариградски спомени. Българска сбирка, I/1 ноем. 1894, кн. 11, с. 849
  6. Католическа Апостолическа Екзархия София - Рафаил Попов..

Поврзано

уреди