Начертание

великосрпски манифест на Илија Грашанин

Начертание (српски: Начертаније = нацрт) — поранешна тајна програмата за надворешната и националната политика на Србија,[1] која кон крајот на 1844 година ја напишал министерот за внатрешни работи Илија Грашанин (1812-1874) за кнезот Александар Караѓорѓевиќ (1842-1858).[2] За првпат оваа програма во целост била објавена во 1906 година.

Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.
Илија Гарашанин

Според Начертание, Србија треба да работи на ослободување на Србите и другите Словени и припојување на површина од Босна, Херцеговина, Црна Гора и Северна Албанија (што значи Косово и Метохија)[3] кои тогаш се наоѓаат во рамките на Отоманското Царство, како и Срем, Бачка и Банат, тогаш дел од Австроунгарија. Основната дејност на српската пропаганда според овој документ треба да се заснова на подготовка на населението на овие области на заедницата со Србија.[2] Според Грашанин Србија има „историческо свето право“ на овие земји, кое се темели на царството српскиот цар Душан од XIV век.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди