Ѓурчин Наумов - Пљакот

македонски револуционер
(Пренасочено од Ѓурчин Наумов)

Ѓурчин Наумов-Пљакот или Пајакот[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Ѓурчин Наумов-Пљакот
Роден 1851
Сланско, Македонија
Починал 23 септември 1904
Слатина, Македонија

Животопис

уреди

Роден е во с. Сланско, село во близина на Македонски Брод, во 1851 година. Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 година, заедно со Јордан Пиперката е вклучен во четата на војводата Никола Петров Русински, а потоа и во четата на Веле Марков. На 23 јули 1902 година (нов стил) учествува во борбата кај селото Ракитница во која загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода. За време на Илинденското востание, при ослободувањето на Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во правењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер на 23 септември 1904 година кај с. Слатина, Кичевско.[2]

Наводи

уреди
  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 81
  2. Сайт на Македонския научен институт