Битка за Мехомија

Битката за Мехомија се водела помеѓу четниците на Македонска револуционерна организација и османлиските сили кај Мехомија (денес Разлог), Пиринска Македонија во текот на Илинденското востание.

Битката

уреди

Борбата требала да започне со напад на Мехомија меѓутоа таа не започнала во предвиденото време бидејќи турските сили ги откриле подготовките за нападот и предвремено на 14 септември 1903 година, Крстовден, започнала борбата и затоа била неуспешна за востаниците. Потоа турската војска се пресметала со населението во градот при што биле убиени 45 мажи, жени и деца [1].

Извори

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает, Табернакул, Институт за историја-Филозофски факултет, Скопје, 2003