Јануарската средба се одржала на 5 јануари 1894 година,[1] пред Богојавление, за божиќните празници. Тогаш дошло до конкретно основање на Македонската револуционерна организација. На оваа средба била дефинирана целта, а било донесено и името на Организацијата и ЦК.

Дневен ред

уреди
Македонска револуционерна
организација (МРО)
 

На дневен ред биле: целта, името и поставеноста на организацијата. Појдовна точка за дискусија бил членот 23 од Берлинскиот конгрес. Поради недостаток на изворна протокуларна документација, која во почетокот не се создавала, меѓу историчарите постојат несогласувања околу целта на организацијата.

Од друга страна и во самите сведоштва на основачите на организацијата постојат извесни контарадикторности.

Според Петар Поп Арсов тие формирале Комитет за придобивање на политичките права за Македонија дадени од Берлинскиот конгрес [2], Дамјан Груев од своја страна истакнува дека Девизата беше, спроведување на одлуките на Берлинскиот конгрес [3]

Меѓутоа според Татарчев, откако чл. 23 од Берлинскиот конгрес им се видел:

... како апстрактен за народот, прифатиле да се замени со една попластична фигуративна формула - автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници [4][5], и тоа да се впише во Уставот на организацијата и откако ја поставиле целта, основоположниците решиле таа да се вика: Македонска револуционерна Организација (МРО), на чело со Централен Македонски Револуционерен Комитет (ЦМРК)

Татарчев исто така истакнува:

Принципот за автономија налагал да бидат последователни во идните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи.

Решенија

уреди

За време на јануарската средба бил конституиран Централниот комитет во него влегле 6-мината основоположници. За претседател бил избран Христо Татарчев, за секретар и касиер бил избран Даме Груев, а Иван Хаџи Николов во отсуство на Татарчев ја заземал неговата позиција[6].

Централниот комитет го задолжил Петар Поп Арсов да го создаде нацртуставот и да ја напише брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници [7].

Во врска со зачленувањето во организацијата бил прифатен предлогот на Иван Х. Николов, дека во организацијата можат да членуваат сите кои имале јасни децентрализирачки ставови во однос на црковно-просветното дело во Македонија, тие да се сметаат за погодни, а оние кои биле приврзаници на егзархиската централистичка политика да се сметаат за непогодни[8].

Одринско првобитно не влегувало во програмата на организацијата бидејќи основачите биле насочени кон Македонија. Одрин подоцна влегол во програмата поради тоа што:

положбата на христијанското население таму, особено на бугарското, не се разликува во ништо од онаа на македонскиот народ.

Извори

уреди
  1. Националноослободителното движение на македонските и тракийските българи 1878-1944, том 2, София, 1995. 61.
  2. П. п. Арсов, Произходът на революционното движение в Македония и първите процедури на Солунския комитет за придобиване на политически права, дадени от Берлинския комитет, обаче. 8, София, 19.07.1919,3.
  3. Л. Милетич, Спомени на Дамян Груев, Борис Сарафов и Иван Гарванов, София, 1927,11.
  4. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет
  5. Од друга страна треба да се истакне дека бугарската историографија во целина, смета дека зад официјалниот лозунг се криела целта за обединување на Македонија со Бугарија, (Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 99), но мора да се истакне дека не постои ни еден официјален документ на организацијата, која таа теза ја потврдува, (Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...)
  6. Мерки за засилување на Револуционерната организација, записи на Ив. Х. Николов, ИЛ. Илинден 2 (27), Софија, 1936, 6.
  7. Л. Милетич, Първият централен комитет на ВМОРО, Спомени на д-р Христо Татарчев, София, 1928, страница 103''.
  8. Мерки за засилаване на революционната организация (из записките на Ив. Х. Николов, Ил. Илинден, 2 (27), София, 1936, 6