Јован Довезенски
Јован Станојков (иќ) - Довезенски (8 април 1871 - 2 мај 1935) — србомански деец и еден од првите војводи на Српскиот комитет на четничката акција во Македонија.
Јован Станојков | ||
Роден | 8 април 1871 Довезенце, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 2 мај 1935 |
Животопис
уредиТој е роден во селото Довезенце во близината на Куманово. Основно училиште учел во манастир на старословенски. Потоа заминал за Србија и учел во гимназија, меѓутоа поради немање на пари морал да ја напушти, по што завршил богословско-учителска школа.
Бил учител во родниот крај. Во 1904 година се приклучил на Српскиот комитет на четничката акција.
Довезенски бил меѓу првите српски војводи во Македонија и од тука имал силен авторитет меѓу четниците и војводите. Тој ја создал српската тајна организација од левата страна на реката Вардар.
Учествувал во Балканските војни и Првата светска војна
Умира во 1935 година. Погребан е во Куманово. Во Белград по Јован Довезенски е именува една улица .[1][2]
Извори
уреди- ↑ „Биография на Довезенски“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ „„Српство", број 15, Maj 2000“. Архивирано од изворникот на 2009-09-09. Посетено на 2010-12-20.