Слобода или смрт
Слобода или смрт — револуционерено мото на македонските револуционери употребувано во текот на македонското националноослободително движење во втората половина на XIX век и сè до средината на XX век[1][2]. Оваа мото исто така било употребувано и во на останатите националоослободителните борби и движења на Балканскиот Полуостров и затоа може да се сретне и како: (на грчки: Ελευθερία ή θάνατος, српски: Слобода или смрт, на бугарски: Свобода или смърт). Оригиналната верзија на мотото е на Патрик Хенри, изговорена на 23 март 1775 година во Вирџинија за време на Американската војна за независност и таа гласела: Дајте ми слобода, или дајте ми смрт! (англиски: Give me Liberty, or give me Death !).
Македонско националноослободително движење
уредиМакедонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Мотото Слобода или Смрт се користело уште во самиот почеток на појавата на македонското националноослободително движење. Тоа може да се сретне на голем број официјални документи, пачати, знамиња и други симболи на македонските револуционери. Оваа мото првапат се употребува во текот на Разловечкото, Кумановското и Кресненско востание . Во правилата на македонскиот востанички комитет од 1878 година јасно се истакнува:
„ | Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причинии за егоистични цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес... Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може, станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош... Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или Смрт [2] | “ |
На 28 март 1881 година Привремената влада на Македонија го издала својот манифест во кој меѓу другото се истакнува:
„ | Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за живот (слобода) или смрт | “ |
Иако мотото не се употребува од збор до збор сепак јасна е намерата. Со појавата на Македонската револуционерна организација доаѓа до засилување на македонското националносолободително движење и оваа организација зборовите слобода или смрт ги користи како официјалоно мото. Во сета нејзина коресподенција и уставо - статутарни акти ова мото се сретнува и притоа на самиот печат на Централениот комитет како и на печатите на нејзините други комитети. По поделбата на организацијата на две крила и настанувањето на ВМРО (Автономистичка) ова мото и понатаму се користело. По атентатот на српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на раката на неговиот убиец Владо Черноземски, биле откриени тетовираните зборови Смрт или слобода.
Повик
уредиВо екот на Мелничкото востание, на 8 јули 1895 година весникот Право објавил повик кон офицерите од Бугарската армиja, треба да се истакне дека околу 430 (33%) од 1 289 офицери во бугарската армија биле Македонци [1][3], во повикот се вели:
„ | Ждрепката е фрлена, борбата е започната! Македонија го издигна знамето на револуцијата! Нашите браќа воодушевени од големата идеја за слободата, гладни, голи и боси, без оружје одат да умираат. Нашите обесчестени мајки и убиени татковци викаат на помош, крвта на убиените браќа не вика на одмазда... Денес од врв Пирин Планина, кога ги извикуваме зедно со цела Македонија светите зборови. Слобода или Смрт! ја испраќаме кон вас последната молба, Другари дојдете да умираме[4] | “ |
Меѓу балканските народи
уредиЗа време на Грчката војна за независност во 1820 година грчките револуционери користат мотото Смрт или Слобода. По ослободувањето грчката држава го зема за државено мото, а деветте бели и сини лини на националното знаме на Грција ја симболизираат секоја од деветте слог на националниот моото (Ε-λευ-θε-ρί-α ή Θά-να-τος).
Бугарските револуционери и востаници, исто така ја користат девиза Слобода или Смрт и оваа мото може да се сретне на знамето на Априлското востание како и на други симболи користени во текот на националната борба на Бугарите.
По Илинденското востание во северна Македонија и Јужна Србија доаѓа до развој на силно српско националистчко вооружено движење, а српските четници девизита Слобода или Смрт ја користат, додавајќи ги подоцна зборовите За кралот и татковината. Ова мото исто така ќе биде користено во текот на Втората светска војна од страна на четниците на Дража Михаиловиќ.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
- ↑ 2,0 2,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- ↑ Данкан Пери, Политика на теророт: Македонското револуционерно движење 1893 - 1903, Скопје, 2001, превод од англиски: Ферид Мухиќ и Здравко Ќорвезировски.
- ↑ Право,I/34,8.07.1895.
Галерија
уреди-
Печат на Битолскиот револуционерен округ
-
Знамето на струшката чета
-
Знаме на крушевската чета
-
Печат на Скопскиот револуционерен округ
-
Кокарда на ВМРО (Автономистичка)
-
Знаме на Мелничкото востание
-
Повик во Весникот Право
-
Кокарда на ВМРО (Автономистичка)
-
Знаме на бугарското Априлско востание
-
Знаме на српските четници