Битка кај Мечкин Камен
Битка кај Мечкин Камен — една од најголемите и најкрвавите борби во текот на Илинденското востание. Битката се одиграла на 12 август 1903 година кај месноста Мечкин Камен, во близина на градот Крушево.
Битка кај Мечкин Камен | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Илинденското востание | |||||
Прослава на Илинден 2011 на Мечкин Камен. |
|||||
|
Повод
уредиНа 3 август 1903 година е прогласена Крушевската република. На 12 август повеќе од десетилјадна армија на Бахтијар паша го опкружува Крушево. На седницата на војводскиот совет е решено сите чети да се повлечат од градот, но војводата Питу Гули го напуштил собранието и одлучил да се бори. Така, од 1.200 четници во градот, само неговите 370 заминале да го бранат.
Борбата
уредиЧетниците на Питу Гули се утврдиле на Мечкин Камен, скалесто плато на Биринска Планина, која е падина од Баба Планина. Питу Гули пред самата борба одржал говор и заповедал поради ограничените резерви на муниција, да не се пука сè додека Турците не се доближат блиску.
Одредот се поделил на 9 чети, една под команда на Питу Гули, а другите под команда на осум други војводи кои стоеле на чело на селските милиции.
Турците настапувале од три страни - од селата Бирино, Журче и Острилци. Борбата започнала во 10 часот наутро, откако четниците го задржале башибозлукот нападнала редовната армија. Во 19 часа приквечер Мечкин Камен бил опколен и Турците започнуваат со решителен напад.
При нападот загинале најпрво Георги Димев и неговиот заменик Нове Смугрев. Во жестока борба Питу Гули станува и почнува да пука и тој паѓа убиен, борбата продолжила, а војводите Блаже и Грлука со еден дел од четниците успеале да избегаат во длабоката река и да се сокријат во шумата. Во оваа битка загинале 40 комити.
Последици
уредиПо победата на Мечкин камен, Турците продолжуваат да го бомбардираат Крушево, а потоа во градот навлегол башибозлукот и редовната војска. Од мирното население загинаале 117 лица - меѓу нив 15 жени, 5 девојки и 6 деца. Околу 150 девојки и жени се силувани. Изгореле 159 куќи и 210 дуќани.