Солунски конгрес од јуни 1905 година
Солунскиот конгрес од 1905 година е окружен конгрес на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, тој бил еден од целата низа на окружни конгреси по Илинденското востание со цел да се зацврсти Организација и нејзината мрежа [1].
Работа и решенија
уредиПрвиот конгрес се одржал во јуни 1905 година.
Биле разгледани голем број на прашања, а на прво место биле осудени честите убиства и накажувања на симпатизерите на делото како и противниците на Организацијата и било побарано да се примени принципот на убедување, а не на казнување.
Било истаканто дека дека кон Организацијата не треба да бидат привлечени само учителите туку и луѓето од другите средини.
Биле разгледани разните злоупотреби на организациските луѓе и тоа било осуден.
На овој Конгрес биле разгледани постапките на Борис Сарафов и се побарало негово судење [2], а исто така била осудено изедначувањето на активноста меѓу Организацијата и Бугарската егзархија [2] [3].
Била потенцирана самостојноста на Организацијата и македонското дело [1] , а се потенцирала автономијата како основа за делување и биле осудени сите преговори за поделба на Македонија на сфери на влијани како идни граници за поделба на земјата.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
- ↑ 2,0 2,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- ↑ Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
Литература
уреди- Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
- Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)