Василие Трбиќ (српски: Василије Трбић) бил војвода на Српскиот комитет на четничката акција

Василие Трбиќ
Роден 1881
Биело Брдо, Хрватска
Починал 1962
 ?

Животопис

уреди

Василие Трбиќ бил српски четник со потекло од Славонија, роден во Биело Брдо кон крајот на 19 век.

Учел во родното место, а потоа продолжил во Србија. Сакал да се замонаши во манастирот Хилендар, но по убиството на неколку грчки монаси, во 1902 година, избегал од Света Гора и се вклучил во четништвото.

 
Четници во Битола во 1908 година. Василие Трбиќ седи трет од лево.

Бил строг и суров човек и учествувал во сите поголеми четнички битки. Во 1906 година пукал во еден свој сочетник и тешко го ранил, но сепак останале пријатели.

За време на Првата светска војна се занимавал со шпионажа на австриските, германските и бугарските војски [1][2], за што бил одликуван со орден од страна на српскиот регент Александар Караѓорѓевиќ. После Балканските војни се населил во Велес.

Василие Трбиќ е познат во македонската историја како предводник на српската војска при задушувањето на Тиквешкото востание во 1913 година, заедно со Јован Бабунски и Јован Долгачот и башибозукот на Јаја-ага.

Извори

уреди
  1. Владимир Стојанчевић, „Трбићеви мемоари као историјски извор о српској народности у Маћедонији“[мртва врска]
  2. „Биография на Василие Търбич“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.