Стојан Ангелов, со псевдоним Донски[1] (1869 - 9 јули 1904) — македонски револуционер, војвода на ВМРО. Донски е роден во 1869 година во село Битуша, Леринско.

Стојан Донски
Роден 1869
Битуше, Леринско
Починал 9 јули 1904
Горно Ѓуѓанци, Светиниколско

Револуционерна дејност уреди

Во 1895 година се вклучува во таканаречената Мелничка акција на Македонскиот комитет. Заробен е во битката и осуден на 101 година заточение во Дијарбекир. По амнестија се враќа во Македонија и живее во село Смилево. Станува комита кај Никола од Брезово.

Во 1901 година со Донски се поврзува српскиот офицер и деец на Српската пропаганда во Македонија Жика Рафаиловиќ и Донски станува војвода на организирана и вооружена чета од Белград. При пристигањето во Македонија, Донски се откажува од српската пропаганда, и се поврзува со ВМРО и полага заклетва пред Георги Попхристов и станува битолски околиски војвода. Води чета во Битолско и Ресенско, а во почеток 1902 година е заменет од Славејко Арсов. Во тоа време негови покривачи се Мико Кокин во Смилево, Филип Терзиов во Градешница, Тодор Фурнаџиев во Лажец и Битола. Учествува во Илинденско востание и дејствува кај село Смилево.

По востанието, на 9 јули 1904 година четите на Стојан Донски, Славејко Арсов и Атанас Бабата се предадени од србомани и опколени кај светиниколското село Горно Ѓуѓанци. Во шестчасовна борба, во која Турците носат артилерија и кавалерија загинуваат војводите Донски и Арсов заедно со 20 комити, меѓу кои и Илија Видинов. Останатите комити, на чело со Атанас Бабата, успеваат да го пробијат кордонот. По битката се казнети шпионите од Кокошиње.[2][3]

Родословие уреди


Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Борис Николов, ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 92
  2. Борис Ј. Николов: Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 158 - 159
  3. Милен Куманов: „Македония: Кратък исторически справочник“, Софија, 1993.