Автономија (1903)
Автономија. Задграничен лист на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација — македонски револуционерен весник кој излегувал во Софија во текот на 1903 година.[1]
Насловна страница | |
Тип | неделен |
---|---|
Сопственик | Македонска револуционерна организација |
Уредник | Тома Карајовов |
Основан | 1903 |
Политичка определба | револуционерен |
Јазик | Бугарски |
Престанал | 1903 |
Седиште | Софија |
Од овој весник излегле само три броја. Првиот се појавил на 1 август 1903, а третиот на 16 август истата година во Софија.
Негов уредник бил Тома Карајовов [2][3] и се печател во печатницата на Браќата Прошек.
Весникот објавувал информации поврзани со Илинденското востание [4]. Со цел да ја запознаат светската јавност со настаните околу Илинденското востание, дел од статиите, биле печатени и на француски јазик.[1]
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Енциклопедия Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 420.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 72.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 12.