Ресенско советување

Ресенското советување се одржало на 15 август 1894 година (стар стил), на празникот Голема Богородица.

Црквата св. Кирил и Методиј во Ресен

ЗаседаниеУреди

Како повод за советувањето било искористено осветувањето на ново изградената црква Св. Кирил и Методиj. Советувањето започнало во куќата на Татарчеви и траело три дена.

ДелегатиУреди

На него присуствувале претседателот на МРО, Христо Татарчев, секретарот Дамјан Груев, Атанас Лозанчев, Георги Пешков, Григор Попев, Трајко Доревски, Александар Хаџи Панов, Славејко Стрезов, Александар Чакаров, Атанас Мурџев и Тодор Станков [1].

ВлијаниеУреди

 
Прославата при осветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу народот што прославува се наоѓа и Даме Груев

Оваа советување требало да има регионален карактер и одлуките донесени требало да се однесуваат замо за Битолскиот револуционерен округ меѓутоа тие се однесувале во целина на Организацијата.

ОдлукиУреди

Според Татарчев на ова советување биле донесени следните одлуки:

1) Територијата на Македонија да се подели на револуционерни реони на чело со авторитетни лица 2) Матерјални средстава да не се собираат само од членовите, туку и од симпатизерите на делото 3) Во црково-просветните институции да се провлечат што поголем број на симпатизери на делото 4) Засилување на пропагандата со печатење на месни весници и ширење на револуционерна литература [1].

Советувањето претставувало силен импулс за понатамошната дејност, биле потврдени старите принципи, односно Организацијата ја продолжила борбата за контрола на црковно - училишните општини.

Новина претставувала поделбата на Македонија на револуционерни реони меѓутоа поради недостаток на изворна документација не се знае како оваа одлука е спроведена во пракса но по советувањето како револуционерни центри се одвоиле Солун, Битола и Штип.

ИзвориУреди

  1. 1,0 1,1 Д. Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903, 173