Гласање за избрана статија
|
Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија. |
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
- Седмица 1, 31.12.2012 - 6.1.2013
Природа е поим којшто во најширока смисла означува природна средина, материјален свет. Латинскиот збор за природа е natura, кој е превод од грчкиот физис (φύσις) и означува природни нешта, нешта од природен карактер. Природата се дели на жива и нежива и се разликува од вештачки создадените предмети од страна на човекот.
Концептот за природата како целина, физичка вселена, е едно од неколкуте проширувања на првобитното значење; тој започнал да се користи од страна на претсократовските филозофи и оттогаш се увидела неговата прецизност и започнал нашироко да се употребува. Ваквото поимање на природата е потврдено од современиот научен метод во последните неколку векови.
Денес најчесто во „природа“ се вбројуваат геолошките одлики на Земјата и дивината. „Природа“ може да се однесува на различни видови на живи растенија и животни, а во некои случаи на процесите што се одвиваат кај неживите објекти. (Дознајте повеќе...)
|