Научниот метод или научниот процес е од фундаментално значење за научното истражување или при стекнувањето на ново знаење засновано на физички доказ од страна на научната заедница. Научниците користат набљудувања и просудување за да предложат пробни објаснувања за природните појави, наречени хипотези. Според важечката претпоставка на методолошкиот материјализам, настаните што можат да се набљудуваат во природата можат да се објаснат само со природни закони, без да се претпостави постоењето или непостоењето на натприродното. Предвидувањата од овие хипотези се тестираат со различни експерименти, што треба да бидат повторливи. Важен аспект на хипотезата е дека мора да биде побивлива, со други зборови, таа мора да биде смислена така што хипотезата може да биде погрешна. Ако предлогот не е побивлив, тогаш тоа не е хипотеза, туку мислење или изјава надвор од опсегот на научното истражување.

Дел од двојната завојница на DNK

Кога хипотезата е повеќепати верифицирана преку експеримент, се смета дека е теорија и новите предвидувања се засноваат на неа. Какви било грешни предвидувања, внатрешни противречности или празнини, или необјаснети феномени, започнуваат генерирање и размислување за поправки или алтернативни хипотези, кои исто така се тестираат, и така натаму. Било која хипотеза која е доволно убедлива за да може да се прават предвидувања, е тестирана на овој начин.

Непроверена хипотеза може доста да се користи меѓу специјалистите поради нејзината елегантност или некакво интиутивно чувство за нејзината валидност, или предвидување дека таа ќе e потврдена, иако таа не е формално прифатена сè додека убедлив експериментален доказ не биде презентиран.

Развојот на нова технологија е поврзан со развојот на знаењето според научниот метод, и може да служи како понатамошен тест за валидноста на поставените идеи и извор за нови алатки со кои се подобрува стекнувањето знаење, преку проширување на опсегот на набљудуваното или подобрување на квалитетот на набљудувањата. Понатаму, потребата да се разбере или искористи некоја природна појава во развојот на технологијата може да мотивира научно истражување на природата на таа појава. Видете на пример, нафта.

Вообичаено гледиште е да се земат научните методи како основна логика на научната пракса, на пр., Карл Попер. Како и да е, истакнувањето на основната логика е оспорено од оние што ги истакнуваат социолошките аспекти (погл. социологија на науката и социологија на научното знаење). Научните методи се средства користени од научните заедници за изградба на основано, докажано разбирање на нашиот природен свет.

Постои спор меѓу научните заедници за различните аспекти на ова разбирање.

Надворешни врски

уреди

Димитров, Никола В (2017). Методологија на научно -истражувачка работа : (наука и практика) (PDF). Битола. ISBN 978-608-65616-5-9.