Анкона (италијански: Ancona) — град кој е во средна Италија, сместен на брегот на Јадранското Море, и главен град на истоимената провинција и на регионот Марке (италијански: Marche). Градот брои околу 101.500 жители а со соседните општини таа бројка достигнува 300.000 жители. Градот е поделен на пет области.

Знамето на слободната општина Анкона.
Поглед на пристаништето во Анкона
Катедралата на Сан Чириако

Географија

уреди
 
Залез на сонцето виден од ридот Гуаско

Анкона излегува директно на Јадранското Море и од нејзиното пристаниште тргнуваат секоја година околу еден милион патници кои одат пред сè во Грција и Хрватска, но исто така и во Албанија, Турција и Црна Гора. Всушност, Анкона е на прво место на јадранскиот брег по бројот на бродовите кои пристигнуваат и заминуваат од пристаништето, но исто така е една меѓу првите по бројот на стоката и риболовот. Во Анкона може да се гледа изгревот на сонцето, впрочем како и на целиот јадрански брег, но исто така од овој град може да се набљудува и залезот на сонцето имајќи предвид дека поради формата на ‘лакт‘ на нејзиниот брег, таа излегува на море како на Исток така и на Запад. Градот има бројни плажи; централната е онаа во Пасето, типична плажа со висок брег, богата со карпи, додека на север брегот е понизок.

Анкона е добро поврзана со земјен, морски и воздушен сообраќај.

Збратимени градови

уреди

Надворешни врски

уреди