Народна демократска партија
Народна демократска партија (НДМ) (албански: Partia Demokratike Popullore (PDP)) — поранешна македонска политичка партија на етничките Албанци со седиште во Тетово.
Народна демократска партија | |
---|---|
Водач | Илијаз Халими |
Генерален секретар | Ибрахими Бедредин |
Основана | 1 август 1990 |
Штаб | Тетово |
Идеологија | Заштита на правата на Албанците |
Бои | црвена, црна |
Историја
уредиОсновачкото собрание на партијата се случило во јули 1990, а партијата била регистрирана на 1 август истата година. За претседател на партијата бил избран Илијаз Халими, а за генерален секретар бил назначен Ибрахим Бедредин. Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1990 година, додека Македонија сè уште била дел од Југославија. Самостојно, партијата освоила 0,4% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 0,5% од вкупниот број на гласови во вториот круг, освојувајќи едно пратеничко место во Собранието.[1] Во некои подрачја партијата настапила во коалиција со ПДП, освојувајќи пет пратенички места.
На парламентарните избори во 1994 година партијата го зголемила бројот на гласови на 3% од вкупниот број на гласови, освојувајќи четири пратенички места.[1] Во 1997 НДП се споила со Партијата за демократски просперитет, со тоа формирајќи ја ДПА[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1282 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Democratic Party of Albanians, DPA Balkan Insight