Саат-кулата во Измир (турски: İzmir Saat Kulesi) — историска саат-кула која се наоѓа на плоштадот Конак во областа Конак во Измир, Турција.

Саат-кула (Измир)
İzmir Saat Kulesi
Карта
Општи податоци
ВидСаат-кула
СтилНеокласична, Османлиска архитектура
МестоИзмир, Турција
АдресаПлоштад Конак
Координати38°25′8.04″N 27°07′43.32″E / 38.4189000° СГШ; 27.1287000° ИГД / 38.4189000; 27.1287000
Завршена1901
Висина25 м (82 ст)
Проектирање и изградба
АрхитектРејмонд Шарл

Саат-кулата била дизајнирана од францускиот архитект Рејмонд Шарл и изградена во 1901 година за да ја одбележи 25-годишнината од пристапувањето на Абдул Хамид II на престолот (владеел 1876-1909). Самиот часовник бил подарок од германскиот цар Вилхелм II (владеел 1888-1918) и има османлиски стил на архитектура. Кулата е висока 25 метри и има четири фонтани, кои се поставени околу основата во кружен модел. Столбовите се инспирирани од мавритански теми.

Саат-кулата била прикажана на задната страна од турските банкноти од 500 лири од 1983-1989 година[1].

Во поранешните балкански провинции на Отоманското Царство, особено во денешните српски, босански и црногорски градови, како што се Белград, Сараево, Бања Лука, Градачац и Стара Варош, сѐ уште постојат такви кули од времето на отоманската ера.

Наводи

уреди
  1. Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано на 15 јуни 2009 г.. Banknote Museum: 7. Emission Group - Five Hundred Turkish Lira - I. Series Архивирано на 16 јуни 2011 г. & II. Series Архивирано на 16 јуни 2011 г.. – Посетено на 20 April 2009.

Надворешни врски

уреди

Надворешни врски

уреди