Отвори го главното мени

Стадион Рајко Митиќ

Стадион Рајко Митиќ (порано Стадион на Црвена ѕвезда; популарно познат и како Маракана) е фудбалски и атлетски стадион во Белград на кој игра ФК Црвена ѕвезда. На него официјални натпревари игра и фудбалската репрезентација на Србија. Стадионот се наоѓа во населбата Дедиње во општина Савски венец. Капацитетот на стадионот е 55 568 гледачи. Стадионот го носи името во чест на „првата Ѕвездина ѕвезда“ Рајко Митиќ.

Стадион „Рајко Митиќ“
Маракана
Fk Red Star stadium.jpg
Целосно име Стадион „Рајко Митиќ“
Место Белград, Србија
Координати 44°47′00″ СГШ; 20°27′54″ ИГД / 44.7832° СГШ; 20.4649° ИГД / 44.7832; 20.4649Координати: 44°47′00″ СГШ; 20°27′54″ ИГД / 44.7832° СГШ; 20.4649° ИГД / 44.7832; 20.4649
Започнат 1960
Изграден 1963
Отворен 1 септември 1963
Реновиран 2008
Сопственик ФК Црвена ѕвезда
Оператор ФК Црвена ѕвезда
Подлога трева
Поранешни имиња Стадион „Црвена ѕвезда“
Игра ФК Црвена ѕвезда
Гледачи 55,538[1]
Стадионот Рајко Митиќ

ИсторијаУреди

Маракана е градена од 1960. до 1963. година. Всушност таа го заменила стариот стадион на СК Југославија кој бил изграден 1927. година и на кој Црвена ѕвезда го одиграла последниот натпревар против Нови Сада. Првиот натпревар на Маракана бил одигран на 1 септември 1963. године против Ријека (2-1). Тогаш на сеуште не завршените трибини, натпреварот го следеле 55.000 гледачи, а подоцна е забележана рекордна посетеност на натпреварот против Партизан – 74.000 гледачи. Следната година ,стадионот бил потполно завршен, капацитетот официјално изнесувал 95 000 гледачи.Првиот гол на популарната “Маракана” го постигнал Трифун Михајловиќ, на средбата со пионерите на Ѕвезда и Единство од Земун, како предигра на првенствениот натпревар против Ријека. Први официјален, прволигашки погодок,бил дело на Ријечанинот Вукоја, додека првиот гол за сениорскиот тим на Црвена ѕвезда го постигнал Душан Маравиќ, на истиот натпревар.

 
Трибината на на најверните навивачи на Црвена ѕвезда, Делије Север.

Најголем број гледачи бил забележен на 23 април 1975. година против унгарскиот Ференцварош во натпреварот од полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Тагаш биле продадени 96.070 влезници, но се проценува дека на стадионот било околу 110.000 гледачи, колку што бил капацитетот на стадионот во тоа време.[2]

Во меѓувреме, таа бројка е драстично смалена. Пратејќи ја модернизацијата и истовремено исполнувајќи ги условите и правилата на Европската фудбалска Унија, се со цел да се подигне комодитетот на навијачите и нивната безбедност, биле забранети местата за стоење, со тоа што се поставиле столици на сите четри трибини. Така данес капацитетот на стадионот званично изнесува 55.538 места.

Покрај самиот терен на стадионот има многу пратечки содржини (помошни терени, медицински центар) како и музеј на ФК Црвена ѕвезда.

На Маракана било одиграно финалето на Куп на шампионите на 30 април 1973. година помеѓу Ајакс и Јувентус (1-0). Тогаш на натпреварот присуствувало 91.564 гледачи.[2]

На стадионот на Црвена ѕвезда се одржававале натпревари во рамките на Универзијада во Белград 2009. година.

Во текот на летото 2008. година уредена е нова дренажа, заменена со трева, заменети биле и сијалиците на рефлекторите, а во 2010 година и нови столици на источната трибина.

Управата на клубот на 21 декември 2014. година донела одлука за преименовање на стадионот во чест на легендарниот фудбалер и првата Ѕвездина ѕвезда Рајко Митиќ.

Види уштеУреди

  • Листа на стадиони во Србија

РеференциУреди

Надворешни врскиУреди