Лотар Матеус
Лотар Херберт Матеус (германски: Lothar Herbert Matthäus; р. 21 март 1961) — германски фудбалер, менаџер и поранешен капитен на Западна Германија. За победата на Светското првенство во 1990 година, тој бил еден од најзаслужните во германската репрезентација и прогласен за европски фудбалер на годината во 1991 година, и исто така бил именуван за најдобар ФИФА играч на годината, и на крајот му останало само да ја добие наградата за германски играч на годината, што подоцна ја добил во истата година.
Лотар Матеус | |||
---|---|---|---|
Матеус во 2019 г. | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Лотар Херберт Матеус | ||
Роден на | 21 март 1961 | ||
Роден во | Ерланген, Западна Германија | ||
Висина | м | 1,74||
Позиција | среден ред, штопер | ||
Младинска кариера | |||
1971–1979 | ФК Херцогенаурах | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1979–1984 | Борусија Мехенгладбах | 162 | (36) |
1984–1988 | Баерн Минхен | 113 | (57) |
1988–1992 | Интер | 115 | (40) |
1992–2000 | Баерн Минхен | 189 | (28) |
2000 | Метростарс | 16 | (0) |
Вкупно | 595 | (161) | |
Репрезентација | |||
1979–1983 | Германија 21 | 15 | (2) |
1979–1981 | Западна Германија Б | 4 | (1) |
1980–2000 | Германија | 150 | (23) |
Тренер на екипи | |||
2001–2002 | Рапид Виена | ||
2002–2003 | Партизан Белград | ||
2004–2006 | Германија | ||
2006 | Атлетико Паранаенсе | ||
2006–2007 | Ред Бул Салцбург | ||
2008–2009 | Макаби Нетанја | ||
2010–2011 | Бугарија |
Роден е во Ерланген, Баварија. Играл на пет Светски првенства и тоа на ФИФА Светското Првенство во Шпанија 1982 година, на ФИФА Светското првенство 1986 во Мексико, ФИФА Светското првенство 1990 во Италија , ФИФА Светското првенство 1994 во САД и ФИФА Светското првенство 1998 во Франција.Тој настапил повеќе од било кој друг играч во машкиот фудбал на светските првенства, и го држи рекордот со најмногу одиграни натпревари на мундијалите од страна на еден играч со 25 натпревари. Тој исто така го освоил Еуро 1980, и играл уште и на Еуро 1984, Еуро 1988 и Еуро 2000. Во 1999 година, на возраст од 38 години, тој повторно бил прогласен за германски фудбалер на годината, откако претходно ја освоил наградата во 1990 година.
Матеус е највозрасниот германски фудбалер на сите времиња и се повлекол со вкупно 150 настапи (83 за Западна Германија) во последните 20 години, и 23 постигнати гола. Матеус е член на ФИФА 100 списокот на најголеми живи фудбалери избрани од страна на Пеле.[1] Диего Марадона еднаш изјавил за Матеус, "тој е најдобар соперник што некогаш сум го имал. Претпоставувам дека тоа е доволно за да го дефинирам него", во својата книга Еј соја Ел Диего "(Јас сум Диего).[2]
Матеус претставувал разновиден и комплетен играч, тој бил познат по неговата перцептивна пас игра, положбена смисла, добро темпирано справување, како и моќен удар од далечина. За време на неговата кариера, тој обично настапувал како играч од средниот ред, иако доцна во неговата кариера играл како одбранбен играч, или популарно наречено Либеро.
Наводи
уреди- ↑ „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 29 May 2014.
- ↑ Maradona, Diego Armando (2006). Yo Soy El Diego (шпански). Planeta Publishing Corporation.
Надворешни врски
уреди- Лотар Матеус на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- Complete World Cup match record