Жан-Пјер Папен (француски: Jean-Pierre Papin), (Булоњ-сир-Мер, 5 декември 1963) – поранешен француски фудбалер и тренер.

Жан-Пјер Папен
Jean-Pierre Papin
Папен во 2016
Лични податоци
Полно име Жан-Пјер Папен
Роден на 5 ноември 1963(1963-11-05)(61 г.)
Роден во Булоњ-сир-Мер, Франција
Висина 1,76 m
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Младинска кариера
1983–1984 Виши
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1984–1985 Валенсјен 33 (15)
1985–1986 Бриж 31 (20)
1986–1992 Олимпик Марсеј 215 (134)
1992–1994 Милан 40 (18)
1994–1996 Бајерн 27 (3)
1996–1998 Бордо 55 (22)
1998–1999 Генган 10 (3)
1999–2001 Сен Пјероаз 27 (13)
Total 438 (228)
Репрезентација
1986–1995 Франција 54 (30)
Раководител на екипите
2004–2006 Басен д’Аркашон
2006–2007 Стразбур
2007–2008 Ленс
2009–2010 Шатору

Клупска кариера

уреди

Најголемите успеси ги постигнал играјќи за францускиот клуб Олимпик Марсеј од 1986 до 1992 година, со кој освоил едноподруго 4 француски првенства од 1989 до 1992 година, стигнал и до финалето на Купот на шампионите во 1991 година кое го изгубил од Црвена ѕвезда. Бил најдобар стрелец на француската лига 5 пати едноподруго од 1988 до 1992 година, што никој друг не го постигнал. Прогласен е за најдобар француски фудбалер во 1989 и 1991 година. Три години по ред бил најдобар стрелец на Купот на шампионите (во 1990, 1991 и 1992 година).

Подоцна играл за италијанскиот Милан и германскиот Бајерн и француските клубови Бордо и Генган, како и неколку нискорангирани клубови. Неговиот трансфер во Милан бил најголемиот дотогаш, изнесувал 10 милиони фунти. Со Милан ги освоил Лигата на шампиони во 1994 година, италијанското првенство во 1993 и 1994 година и италијанскиот Супер куп во 1992 година. Со Бајерн го освоил Купот на УЕФА во 1996 година.

Кратко време бил тренер на неколку француски клубови, а со 45 години повторно заиграл за нискорангиран француски клуб.

Репрезентативна кариера

уреди

За француската репрезентација настапил 54 пати и постигнал 30 гола. Бил капитен на репрезентацијата во 1992 и 1993 година.

Награди и признанија

уреди

Во 2004 година при одбележувањето на стогодишнината на ФИФА, бил на пописот на 100 најдобри фудбалери во историјата на фудбалот што направил Пеле.