Отвори го главното мени

Олимпик Марсеј, често и само Марсеј е француски фудбалски клуб од градот Марсеј.

Франција Олимпик Марсеј
Лого
Целосно имеОлимпик Марсеј
Основан1899
СтадионСтадион Велодром
Марсеј, Франција
(Капацитет: 28,063)
СопственикФранција Маргарита Луис-Дрејфус
ТренерФранција Руди Гарсија
ЛигаЛига 1
2015–16Лига 1, 13-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клубот е основан 1899 година и е еден од натрофејните француски клубови. Досега има освоено 10 титули Првак на Франција и рекордни пет титули во Купот на Франција. Марсеј е засега единствениот француски клуб кој го освоил насловот во Лигата на шампионите триумфирајќи во 1993 година, откако пред тоа четири години по ред го освојувале првенството на Франција.

Својте домашни натпревари ги играат на Стадионот Велодром кој се наоѓа во јужниот дел на градот и има капацитет од 67.000 места.

Мотото на клубот е "Droit au but" - "Право напред".

ИсторијаУреди

Олимпик Марсеј е основан во 1892 година како спортски клуб кој содржел повеќе спортови. Во почетокот рагбито бил најважниот спорт за клубот, а ѕокму од рагбито е преземено и мотото "Право напред". Клубот започнал да се занимава со фудбал во 1902 година.

Во 20-тите години Олимпик Марсеј станал значаен клуб, освојувајќи го Купот на Франција во 1924, 1926 и 1927, а истотака и францускиот шампионат, победувајќи го Клуб Франс. Купот на Франција во 1924 година е и првиот значителен трофеј на клубот.

Во 1932 година Олимпик Марсеј добил професионален статут, а во 1937 го освоил првиот првенствен трофеј при професионалците.

Сезоната 1942/43 е исполнета со рекорди - 100 гола во 30 натпревари, при тоа 20 само во еден натпревар при победата со 20-2 против Авињон.

 
Дидје Дешан последниот тренер кој му донел првенствена титула на Марсеј.

Во 1952 Марсеј бил на пат да испадне од лигата, но Гунар Андерсон го спасил својот тим и станал најдобар стрелец во лигата со 31 гол. Истата година Марсеј претрпел многу тежок пораз на домашен терен од Сент Етјен сo 3-10. Вo следните неколку сезони Марсеј води битката за опстанок во лигата која ја загубиле во 1959 година кога за прв пат во својата историја тимот испаѓа од првата лига. Во сезоната 1962/63 успева да се врати во првата дивизија, но таму завршува последен, па одново испаѓа и до 1965 година игра во вториот национален ранг.

Во 1965 година претседател станал Марсел Леклерк и клубот бележи подем. Враќањето во првата дивизија дошло во сезоната 1965/66, го освојува купот во 1969, а исто и првенствената титула во 1971 година. Во 1972 година фудбалската федерација не му дозволува на Марсеј да го користи правото на тројца странци во тимот, бидејќи била уведена максималната квота од двајца странски играчи. Леклерк бил упорен човек и се заканил на лигата, дека ќе го повлече тимот. Клубот не застанал зад него и набрзо на Леклерк му бил даден отказ. Следувала криза за клубот, па и испаѓање во втора дивизија. Сепак Марсеј се вратил во првата дивизија во 1984 година.

Во 1986 година Бернард Тапие станал претседател на клубот и успеал да го изгради најсилниот француски тим во историјата. Од 1989 до 1992 Марсеј го освоил првенството 4 пати по ред, а во 1993 ја освојуваат првата титула во Лигата на шампионите победувајќи го во финалето Милан со 1-0.

Во 1994 поради финансиски нејаснотии и скандал за наместени натпревари тимот бил исфрлен административно во втората дивизија, каде изиграл две сезони. Марсеј се враќа во првата дивизија во 1996 година со помошта на сопственикот на Адидас Роберт Луис-Драјфус. Во сезоната 1998/99 клубот ја отпразнува својата стогодишнина на која биле присутни сите ѕвезди на тимот, но сезоната ја завшиле на второто место зад Бордо. Марсеј играл во финалето на Купот на УЕФА во 1999 година, но загубиле од Парма.

Во сезоната 2009-10 под водство на Дидје Дешан, Марсеј ја освоил својата последна првенствена титула.

ИграчиУреди

ТитулиУреди

Со 9 освоени тутули првак Марсеј е втор клуб по успешност во Франција, најмногу има Сент Етјен (10).[2] Марсеј го држи рекордот со 10 освоени титули во Купот на Франција,[3] а два пати во својата историја освоиле двојна круна (1979 и 1989).[4] Тие истотака се првиот француски клуб кој ја освоил Лигата на шампионите во 1993 година.[5]

ДомашниУреди

ЕвропскиУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Olympique de Marseille. „Equipe professionnelle 2017–2018“. OM.net. конс. 1 September 2016. 
  2. François Mazet and Frédéric Pauron. „France - List of Champions“. RSSSF. конс. 18. 2. 2009.. 
  3. François Mazet and Frédéric Pauron. „France - List of Cup Finals“. RSSSF. конс. 18. 2. 2009.. 
  4. Stokkermans, Karel. „Doing the Double: Укупан број домаћих дуплих круна“. RSSSF. конс. 18. 2. 2009.. 
  5. „1992/93: Француска прва за Марсеј“. uefa.com. конс. 18. 9. 2009..