Фудбалско игралиште

Фудбалското игралиште или фудбалскиот терен е место на кое се одигруваат фудбалските натпревари. Обликот димензиите и ознаките на игралиштето се дефнирани со Правило 1 од Фудбалските правила - "Терен за играње".[1]

Фудбалски Терен

Теренот обично е покриен со природна трева или вештачка трева, иако аматерските и рекреативните тимови често играат и на земјени терени. Вештачките површини мора да бидат обоени во зелена боја.

Сите линии на теренот се исцртани со бела боја и ширината на линијата не смее да биде поголема од 12 см. Линиите се дел од теренот или на подрачјата кои ги дефинираат игралиштето. На пример: ако топката е на или над страничната линија сѐ уште се смета дека е во игра, прекршок извршен на или над линијата која го ограничува казнениот простор резултира со пенал, топката мора целосно да ја премине страничната линија за да излезе од игра или да ја премине гол линијата за да биде гол. Ако дел од топката е над линијата, таа е се уште во игра.

Димензии и ознаки на игралиштето

уреди

Теренот е правоаголен, кратките страни се нарекуваат гол линии или попречни линии, додека долгите страни се нарекуваат странични или надолжни линии. За меѓународни натпревари, димензиите на гол линиите се помеѓу 64 и 75 метри, а страничните линии се меѓу 100 и 110 метри. За терени на кои не се одигруваат меѓународни натпревари гол линиите можат да бидат помеѓу 45 и 90 метри , а страничните линии можат да бидат помеѓу 90 до 120 метри. Гол линиите и страничните линии мора и од двете страни треба да бидат со иста должина или да не се разликуваат за повеќе од 12 см.

Аглите на игралиштето се нарекуваат корнери и се означени со линија од една четвртина од круг со дијаметар од 1 метар. Внатре во тој лак се става топката при изведување на удари од аголот ( корнер). Аглите се обележани со корнер знаменца.

Теренот е поделен на два дела со централна линија на чија половина се наоѓа точка и круг со дијаметар од 9.15 метри. На почетокот на натпреварот топката се поставува на централната точка и од тоа место се изведува првиот удар со кој започнува фудбалскиот натпревар. Кругот го означува минималното растојание на кое треба да бидат противничките играчи при изведувањето на почетниот удар. Во случај натпреварот да се решава со изведување на пенали, сите играчи од двата тима, освен двата голмани и изведувачот на пеналот, треба да бидат внатре во овој круг.

Централната линија го дели теренот на два дела и страната на која се наоѓа голот со голманот се нарекува своја половина од теренот, а другата страна противничка половина . На почетокот на натпреварот сите играчи од еден тим се наоѓаат на својата половина. Правилото за офсајд не се примнува додека играчите се наоѓаат на својата половина од теренот.

Казнен простор и голови

уреди

На средината од гол линијата се наоѓа голот кој е напрвен од две стативи на кој се наоѓа греда. Стативите се со висина од 2.44 метри а гредата е со должина од 7.32 метри. Иако правилата тоа не го бараат голот од задната страна е прекриен со мрежа, која помага да се одреди дали топката е во голот или не. Мрежата во 1891 година ја измислил Џон Броди, инженер од Ливерпул. Голот треба да биде направен од метал или дрво и треба да бидат обоен со бела боја. Максималната широчина и дебелина на стативите и гредата е 12 см а минималната 10 см.

Казнениот простор се наоѓа на средина од гол линијата подеднаково одачлечен од двете странични линии на игралиштето. Головите се наоѓаат на средината од казнениот простор на самата гол линија.

Казнениот простор е ограничен со гол линијата две прави линии под прав агол со гол линијата со должина од 16.5 метри и паралелна линија со гол линијата која ги спојува овие две линии. Функцијата на казнениот простор, кој уште се нарекува шеснаесетник, е да го ограничи просторот од игралиштето каде голманот на својата половина од теренот може да ги користи своите раце, а ако некој друг од играчите кои играат на својата половина ја допре топката со рака во тој простор, тоа се казнува со казнен удар или пенал. Местото каде се става топката пред изведување на пеналот е означено со точка и се наоѓа на растојание од 11 метри од голотина средина помеќу двете стативи. На предната страна од казнениот простор се наоѓа обележан лак со дијаметер од 9.15 метри, во кој што не смее да биде ниту еден играч во текот на изведувањето на пеналите.

Во казнениот простор се наоѓа обелжан и помал простор со две линии под прав агол од гол линијата со должина од 5.5 метри и права линија која ги спојува овие две линии. Овој простор се нарекува петерец или голмански простор бидеејќи тоа е дел каде голманот има потполна слобода на движење посебно кога се изведува удари од аголот на игралиштето, односно корнери.

Терен

уреди

Фудбалот обично се игра на терен со природна трева, дозволена е играње и на терени со вештачка трева. Во студените клими каде има проблеми со многу снег во зимските преиоди од година, терените со вештачка трева се попопуларни. Истото така на места каде одгледувањето на тревата е тешко поради временски услови се повеже терени се заменуваат со вештачка подлога. Вештачката трева е е изработена од синтетички влакна кои наликуваат на природна трева кои и покрај своите предности имаат и мани, како што е потребата од повремено чистење, ограничениот век на траење и влијанието врз здравјето поради некој од компнентите од кои е направена

Простор надвор од теренот

уреди

Надвор од теренот се наоѓаат клупите со играчите за замена. Движењето на играчите за замена е ограничено само во овој бележан простор, а судијата има овластувања за изречување на казни и во овој дел од теренот.

  1. „ПРАВИЛА НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА 2022/2023 Прашања и Одговори“ (PDF). Фудбалска Федерација на Македонија.