DNK
DNK — македонска поп група. Основана е во 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев - Панчо (роден 29 јули 1979 во Скопје) и Андреја Ѓорѓиески - Андреј (роден 9 февруари 1982 во Скопје).[1]
DNK | |
---|---|
Роден(а) | Скопје |
Жанр(ови) | поп |
Кариера
уредиКако артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК - Девојка за везден за кој снимат и видео запис.
Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.
Во 2010 година тие го издаваат деби албумот насловен “Кажано е се”, преку нивната матична куќа „Продукција Република“, како продуцент се јавува Врчак, а албумот се состои од 18 песни, меѓу кои сингловите “Полна месечина”, “Пази се од мене”, “Навлечен на тебе”, “Таа тоа го крие” и други.[2] Една година подоцна, во септември 2011, ДНК го одржува својот прв соло концерт во Метрополис Арена во Скопје.[3]
Во јуни 2012, тие го издаваат синглот “Авион”, како најава за претстојниот албум “Срце”. Албумот “Срце”, издаден во 2013 година, има 15 песни, вклучувајќи ги песните како “Дада”, “Што сака нека биде”, “Од утро до мрак” и други.[4][5]
Неколку месеци подоцна, во септември 2012, ДНК одржува акустичен концерт во Универзална Сала Скопје,[6] поддржани од камерен оркестар и бенд во живо.[7]
Во 2016, тие го издаваат албумот “Уште еден ден”.[8][9] Овој албум има 12 песни, меѓу кои: “Само таа знае како”, “Најмила”, “Темно е”, “Она е од Шутка”.[10][11]
Во мај 2017, ДНК слави 15 години постоење со концерт во Метрополис Арена во Скопје.[12][13]
Во 2018, тие ја издаваат компилацијата “The Best Of”, која содржи 22 популарни песни и бонус песната “Дијамант”.[14]
Во 2019, ДНК издава 4 синглови: “Кога би знаела се”[15], “Ромео и Јулија”[16], “Ние”[17] и “Горе или доле”.[18][19]
На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми" со анимирано видео.[20] Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.[21]
Дискографија
уредиДНК има издадено 3 студиски албуми, една "best of" компилација и едно EP
наслов | година | број на песни |
---|---|---|
Пази дете | 2005 | |
Кажано е се | 2010 | 18 |
Срце | 2013 | 15 |
Уште еден ден | 2016 | 12 |
DNK - The Best of | 2018 | 22 |
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Девојка за везден | 2002 | |
Пази дете | 2003 | |
Благодарам однапред | 2004 | |
Полна месечина | 2008 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Навлечен на тебе | 2008 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Змеј | 2009 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Пази се од мене | 2009 | |
Едно тело | 2010 | Огнен Шапковски |
Спонзоруша | 2011 | |
Кажано е се | 2011 | |
DADA | 2011 | Томато продукција |
Од утро до мрак | 2011 | Томато продукција |
Авион | 2012 | |
Диско џунгла | 2012 | Томато продукција |
Старлета | 2013 | Томато продукција |
Што сака нека биде | 2013 | |
Север и југ | 2014 | Томато продукција |
Опуштено | 2014 | |
Она е од Шутка | 2014 | Томато продукција |
Најмила | 2015 | Томато продукција |
Само таа знае како | 2016 | Томато продукција |
Стојам сам | 2016 | |
Јас и ти | 2016 | Томато продукција |
Аеродром | 2016 | Томато продукција |
Звер | 2016 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Некој друг | 2017 | Томато продукција |
Уште еден ден | 2017 | Томато продукција |
Невозможна мисија | 2017 | Даниел Јовески |
Пола човек | 2018 | Александар Ристовски - Принц |
Дијамант | 2018 | Александар Ристовски - Принц |
Кога би знаела се | 2019 | CRNI SRBI PRODUCTION |
Горе или Доле | 2019 | Даниел Јовески |
Ромео и Јулија | 2019 | Илија Димкоски |
Ние | 2019 | Даниел Јовески |
Јави ми | 2020 | Никола Димов |
Денови во ноќи | 2021 | Даниел Јовески |
Кобра | 2021 | Валон Азири |
Сите патишта | 2021 | |
Ваков таков | 2021 | |
Ако утре ме нема | 2022 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Милион денови | 2022 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Романи | 2022 | Даниел Јовески |
Мами | 2023 | |
Посреќна | 2023 | |
Животе брате | 2024 | Огнен Шапковски |
Амајлија | 2024 | Даниел Јовески |
Чаршија | 2024 | Огнен Шапковски |
Наводи
уреди- ↑ „Биографија“. DNK (англиски). Посетено на 2020-10-16.
- ↑ „Кажано е Се“. DNK (англиски). Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK - Metropolis Arena - Skopje ( 24.09.2011 ) - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Панчо и Андреј - ДНК: Ние сме емотивни и романтични момци!“. CRNOBELO.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Срце“. DNK (англиски). Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Концерт на ДНК во Универзална сала во Скопје“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Истакнати музичари во бендот на ДНК“. CRNOBELO.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ Facebook; Twitter; Instagram; YouTube (2016-05-10). „ДНК со ѕвездена промоција на новиот албум и спот“. Fashionel.mk. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2016-09-15. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК“. Република Online. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Уште Еден Ден“. DNK (англиски). Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „ДНК со славенички концерт во Метрополис Арена!“. vecer.mk. Посетено на 2020-11-02.[мртва врска]
- ↑ „DNK - Temno e ( Metropolis Arena / Skopje - DNK Concert 12.05.2017 ) - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ Sabit, Lejla (2018-08-31). „„ДНК" со промоција на албум и сингл“. Независен Весник. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK - KOGA BI ZNAELA SE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK feat. IRIE SCRATCH - ROMEO I JULIJA (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK - NIE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK - GORE ILI DOLE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Ексклузив - 20.06.2019 / Гости во студио „ДНК" - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK - JAVI MI (official music video) ©2020 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „Биди кул и шизи по дома: ДНК вечерва со онлајн концерт“. Hashtag. Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNK“. Spotify (англиски). Посетено на 2020-11-02.
- ↑ „DNKofficial - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.