Тир (феникиски: 𐤑𐤅𐤓, арапски: صور) — град во Југозападен Либан, административен центар на округот Тир во гувернерството Јужен Либан. Неговото население е околу 60.000 луѓе. Расположен е на брегот на Средоземното Море, 70 километри јужно од главниот град Бејрут и 20 километри северно од границата со Израел, а историскиот дел од градот се наоѓа на природно заштитен полуостров. Тир е основан околу 2750 пр. н. е. а во древноста бил еден од главните феникиски градови.[1]

Тир
صور
Град
Арапска транскр.
 • ЛатинскиṢūr
Image courtesy of the NASA Johnson Space Center
Држава Либан
ГувернерствоЈужен Либан
Округокруг Тир
Основанок. 2750 пр. н. е.
Површина
 • Град4 км2 (2 ми2)
 • Метро17 км2 (7 ми2)
Население
 • Град60.000
 • Метро174.000
Час. појасисточноевропско време (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)источноевропско летно време (UTC+3)
Тип:културен
Критериуми:iii, vi
Прогласено:1984 (8. седница)
Број299

Во градот има многу древни споменици бидејќи Тир бил важен град на Феникијците и за време на Стариот Рим.[2] Според легендата, Европа и Дидона се родени во Тир.

Според Херодот, градот бил основан околу 2750 година пр. н. е. Тирските трговци биле првите трговци на Средоземното Море. Тие создале свои колонии на брегот на Егејското Море, на северниот брег на Африка, Сицилија, Корзика, Картагина и Шпанија. Древниот град се наоѓал на островот, додека населбата Ушу била на копното. Градот имал извонредно пристаниште и моќни одбранбени ѕидини високи 46 метри. Тир бил особено познат по производството на скапоцената пурпурна боја. Во 332 пр. н. е. Александар Македонски го уништил стариот град и изградил провлак што го поврзувал островот со копното.

Подоцна со овој град владееле Римјаните, Омајадскиот Калифат, крстоносците, Мамелуците и Османлиите. Кон крајот на X век, во градот избувнало христијанско востание против арапската власт, по што населението било уништено. Тир припаѓа на државата Либан од нејзиното основање во 1920 г. Денес во градот живеат шиитски муслимани, сунитски муслимани (палестински бегалци) и мал број христијани.

Градот како целина бил вклучен во Списокот на Светско наследство на УНЕСКО во 1984 г.[3] Историчарот Ернест Ренан забележал: „Можете да го наречете Тир градот на урнатини, изграден од урнатини“.[4]

Наводи уреди

  1. Maguire, Suzanne; Majzoub, Maya (2016). Osseiran, Tarek (уред.). „TYRE CITY PROFILE“ (PDF). reliefweb. UN HABITAT Lebanon. стр. 12, 16, 33–34, 39–43, 57, 72. Посетено на 29. 10. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. „The world's 20 oldest cities“. The Telegraph. 30. 5. 2017. Посетено на 25. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „World Heritage List: Tyre“. United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization. 2020. Посетено на 13. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  4. Medlej, Youmna Jazzar; Medlej, Joumana (2010). Tyre and its history. Beirut: Anis Commercial Printing Press s.a.l. стр. 1—30. ISBN 978-9953-0-1849-2.

Надворешни врски уреди