7 век п.н.е.
век
< 8 век п.н.е. | 7 век п.н.е. | 6 век п.н.е. > | |||||||
100 | 99 | 98 | 97 | 96 | 95 | 94 | 93 | 92 | 91 |
90 | 89 | 88 | 87 | 86 | 85 | 84 | 83 | 82 | 81 |
80 | 79 | 78 | 77 | 76 | 75 | 74 | 73 | 72 | 71 |
70 | 69 | 68 | 67 | 66 | 65 | 64 | 63 | 62 | 61 |
60 | 59 | 58 | 57 | 56 | 55 | 54 | 53 | 52 | 51 |
50 | 49 | 48 | 47 | 46 | 45 | 44 | 43 | 42 | 41 |
40 | 39 | 38 | 37 | 36 | 35 | 34 | 33 | 32 | 31 |
30 | 29 | 28 | 27 | 26 | 25 | 24 | 23 | 22 | 21 |
20 | 19 | 18 | 17 | 16 | 15 | 14 | 13 | 12 | 11 |
10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
7 век п.н.е. започнува на 1 јануари 700 година п.н.е., а завршува на 31 декември 601 п.н.е.
Асирската империја продолжи да доминира во Блискиот Исток во текот на овој век, остварувајќи огромна моќ врз соседните држави како што се Вавилон и Египет. Сепак, во текот на последните две децении од векот, империјата почна да се распаѓа откако бројни непријатели направиле сојузи и започнувале војни од сите страни. Асирците конечно биле трајно поразени кога нивната престолнина Нинива беше уништен во 612 п.н.е. Овие настани довеле до формирањето на Нововавилонското Царство, која доминирала во регионот во поголемиот дел од следниот век.
Настани
уреди- 699 п.н.е.: Калушу го наследува Шутир-Накхунте како цар на Еламското Царство.
- 697 п.н.е.: починува Хуан од Џоу, кралот на династијата Џоу.
- 696 п.н.е.: Џуанг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
- 696 п.н.е.: Кимеријците ја уништуваат Фригија; можна миграција на Ерменците.
- 691 п.н.е.: асирскиот крал Сенахериб го поразува еламскиот крал Хумбан-нимена во Битката кај Халуле.
- 690 п.н.е.: Тахарка, крал на дваесет и петтата династија, станува фараон на Египет (приближен датум).
- 689 п.н.е.: асирскиот крал Сенахериб го напаѓа Вавилон.
- 687 п.н.е.: Гиг станува крал на Лидија.
- 687 п.н.е.: Езекија е наследен од Манасија како крал на Јуда.
- 682 п.н.е.: починува Жуанг од Џоу, кралот на династијата Џоу.
- 681 п.н.е.: Си од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
- 681 п.н.е.: Асархадон го наследува Сенахериб како крал на Асирија.
- 677 п.н.е.: починува Ли од Џоу, кралот на династијата Џоу.
- 677 п.н.е.: Асархадон води асирска војска против бунтовничкте арапски племиња дури до Египетскиот поток.
- 676 п.н.е.: Хуеи од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
- 675 п.н.е.: Асархадон ја започнува обновата на Вавилон.
- 674 п.н.е.: Асархадон става крај на бунтот во Ашкелон поддржан од Тахарка, кралот на Египет. Како одговор на ова, Асирците го напаѓаат Египет, но Тахарка успешно ги протерува.
- 673 п.н.е.: Тул Хостилиј станува крал на Рим.
- 671 п.н.е.: Асархадон повторно го напаѓа Египет, заробувајќи го Мемфис и другите припадници на кралското семејство.
- 669 п.н.е.: Асурбанипал го наследува неговиот татко Асархадон како крал на Асирија.
- 669 п.н.е.: Аргос ја поразува Спарта за последен пат, овој пат користејќи хоплитска фаланга, во Битката кај Хисија.
- 668 п.н.е.: Шамаш-шум-укин, син на Асархадон, станува цар на Вавилон.
- 668 п.н.е.: Египет крева бунт против Асирија.
- 668 п.н.е.: Ниневех, главниот град на Асирија станува најголемиот град во светот, заменувајќи ја Теба во Египет.[1]
- 667 п.н.е.: Византион е основан од страна на мегарски колонисти под водство на Бизас. (традиционален датум)
- 664 п.н.е.: се води првата поморска битка во грчката пишаната историја, меѓу Коринт и Коркира.
- 664 п.н.е.: Асурбанипал ја зазема и уништува Теба, Египет.
- 664 п.н.е.: Псамтик I го наследува Нехо I како крал на Долен Египет.
- 664 п.н.е.: Тахарка го именува својот внук Тантамани како негов наследник во Горен Египет.
- 11 февруари 660 п.н.е.—традиционалниот датум на основањето на Јапонија од страна на царот Џиму.
- 660 п.н.е.: прва евидентирана употреба на демотското писмо.
- 660 п.н.е.: Псамтик I ги протерува Асирците од Египет.
- 660 п.н.е.: датумот на создавањето на кратерот во Каали
- 650-ти п.н.е.: напишана е Спартанската вера од античкиот грчки поет Тиртеј
- 650-ти п.н.е.: започнува окупацијата на мајанскиот град Пједрас-Неграс, Гватемала.
- 657 п.н.е.: Кипсел станува првиот тиранин на Коринт.
- 656 п.н.е.: моќта на Псамтик I се протега над цел Египет. Крај на дваесет и петтата династија.
- 653 п.н.е.: Ата-Кума-Ин-Шушинак и Кумбанигаш II ги наследуваат Шилхак-Ин-Шушинак и Темпти-Кума-Ин-Шушинак како кралеви на Еламското Царство.
- 652 п.н.е.: Вавилонија крева бунт под водство на Шамаш-шум-укин против Асирците.
- 652 п.н.е.: воспоставување на ахеменидската династија во Персија.
- 651 п.н.е.: Сианг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
- 650 година п.н.е.: градот Абдера во Тракија е основан од страна на колонисти од Клазомените.
- 650 година п.н.е.: климатските промени влијаат врз сите култури од бронзеното време во Европа со што има постудена и повлажна клима, а племињата од скандинавските и нордиските територии се потиснати надолу во Европскиот континент.
- 640-ти п.н.е.: асирскиот крал Ashurbanipal основа библиотека, во која беше вклучена нашата најрана комплетна копија на Епот за Гилгамеш.
- 649 п.н.е.: Индабигаш го наследува Тамариту како крал на Еламското Царство.
- 649 п.н.е.: вавилонски револт под водство на Шамаш-шум-укин е потиснат од страна на Асирците.
- 648 п.н.е.: панкрацијата станува категорија во античките Олимписки игри.
- 6 април 648 п.н.е.: најраната евиденција на старогрчки јазик за затемнување на сонцето.[2]
- 647 п.н.е.: кралот Асурбанипал ја уништува Суза
- 642 п.н.е.: Анк Марциј станува крал на Рим (традиционален датум).
- в.641 п.н.е.: Јосија станува цар на Јуда.
- 640 п.н.е.: важна победа на Асирија над Еламското Царство; Асурбанипал го заробува нејзиниот последен крал Кума-Калдаш III, го анексира Елам и ја уништува земјата.[3]
- 632 п.н.е.: Килон, атински благородник, го зазема атинскиот акропол во неуспешен обид да стане крал.
- 632 п.н.е.: во Битката кај Ченгпу, кинеското кралство Џин и неговите сојузници го поразуваат кралството Чу и неговите сојузници.
- 631 п.н.е.: основањето на Кирена, грчка колонија во Либија (Северна Африка) (приближен датум).
- 631 п.н.е.: Садјат станува крал на Лидија.
- 627 п.н.е.: починува Асурбанипал, кралот на Асирија; тој е наследен од Асур-етел-илани (приближен датум).
- 626 п.н.е.: Небопаласар крева бунт против Асирија; ја основа Нововавилонското Царство.
- 625 п.н.е.: Медијците и Вавилонците ја декларираат својата независност од Асирија и го напаѓаат Ниневех (приближен датум).
- 623 п.н.е.: Син-шар-ишкун го наследува неговиот брат Асур-етел-илани како крал на Асирија (приближен датум).
- 622 п.н.е.: текстот на Второзаконието е пронајден во Ерусалимскиот храм. Се смета дека еврејскиот пророк Езекил е роден оваа година.
- 619 п.н.е.: Алијат станува крал на Лидија.
- 619 п.н.е.: починува Сианг од Џоу, кралот на династијата Џоу.
- 618 п.н.е.: Кинг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
- 616 п.н.е.: Тарквиниј Приск станува крал на Рим.
- 614 п.н.е.: Медијците и Вавилонците го напаќаат Ашур.
- 613 п.н.е.: починува Кинг од Џоу, кралот на династијата Џоу.
- 612 п.н.е.: Куанг од Џоу станува крал на династијата Џу на Кина.
- 612 п.н.е.: сојузот на Мидејците, Вавилонците и Сузијанците го напаѓа и освојува Ниневех. Асирскиот крал Син-шар-ишкун е убиен при нападот.
- 612 п.н.е.: Ашур-убалит II се обидува да ја спречи пропаста на Асирската империја и се прогласува себеси за крал во Харан.
- 612 п.н.е.: Вавилон, главниот град на Вавилонија станува најголемиот град на светот, земенувајќи го Ниневех, главниот град на Асирија.[1]
- 610 п.н.е.: Нехо II го наследува Псамтик I како крал на Египет.
- 609 п.н.е.: јудејскиот цар Јосија починува во Битката кај Мегидо против фараонот Нехо II од Египет, кој е на пат кон север за да му помогне на асирскиот крал Ашур-убалит II.
- 609 п.н.е.: Вавилонците ја поразуват асирската војска на Ашур-уболит II и го освојуваат Харан. Ашур-уболит, последниот асирски крал, исчезнува од историјата.
- 609 п.н.е.: Јохаз го наследува својот татко Јосија како крал на Јудејското кралство, но е симнат од престолот од страна на Нехо, кој го заменува со неговиот брат Јоаким.
- 607 п.н.е.: починува Куанг на Џоу, кралот на династијата Џоу од Кина.
- 606 п.н.е.: Динг на Џоу станува крал на Џоу династијата на Кина.
- 605 п.н.е.: Битка кај Каркемиш: престолонаследникот Навуходонозор од Вавилон ја поразува војската на Нехо II од Египет, обезбедувајќи го вавилонското освојување на Асирија. Вавилонците ги следат Египќаните преку Сирија и Палестина.
- 605 п.н.е.: Навуходонозор II го наследува својот татко Набопаласар како крал на Вавилон.
- 601 п.н.е.: Медијците од Медеја (западен Иран) и Скитите од денешна Русија и Украина ги напаѓаат северните и источните делови на Асирија.
- 600 п.н.е.: основање на Капуа.
- 600 п.н.е.: Индија - Периодот на Махаџапападас - 16 големи царства владеат со Индија - Каши, Косала, Анга, Магадха, Ваџи (или Вриџи), Мала, Чеди, Ватса (или Вамса), Куру, Панчала, Мачха (или Мацја), Шурасена, Асака, Аванти, Гандхара, Камбоџа
- 600 п.н.е.: основање на Милан од страна на Келтите (приближен датум).
- 600 п.н.е.: основање на Марсеј од страна на Фокеите (традиционален датум).
- 600 п.н.е.: Смирна e нападната и уништена.
- 600 п.н.е.: Навуходонозор ги гради Семирамидините висечки градини во Вавилон.
Значајни луѓе
уреди- Алијат I, крал на Лидија
- Анк Марциј, крал на Рим
- Анламани, крал на Куш
- Аргантониј, крал на Тартес
- Аргишти II, крал на Урарту
- Бат I, крал на Кирена
- Кијаксар, крал на Медијците
- Кипсел, тиранин на Коринт
- Кир I, поглавар на Ахеменидската династија
- Дракон, атински државник
- Асархадон, крал на Асирија
- Гај Клуилиј, крал на Алба Лонга
- Гиг, крал на Лидија
- Гуан Џун, премиер на кинеската држава Ци
- Јеремија, еврејски пророк
- Јосија, крал на Јудејското Кралство
- Езекија, крал на Јудејското Кралство
- Хуеи-ван, крал на династијата Жу на Кина
- Мадиј, крал на Скитите
- Манасија, крал на Јудејското Кралство
- Метиј Фуфетиј, крал на Алба Лонга
- Небопаласар, крал на Вавилон
- Навуходонозор II, крал на Вавилон
- Нехо I, фараон на Египет
- Нума Помпилиј, крал на Рим
- Питак, митиленски водач
- Псамтик I, фараон на Египет
- Сенахериб, крал на Асирија
- Солон, еден од седумте мудреци на Грција (638 п.н.е.–558 п.н.е.)
- Танарка, фараон на Египет
- Тантамани, фараон на Египет
- Тул Хостилиј, фараон на Рим
Литература
уреди- Алкман, грчки поет
- Архилох, грчки поет
- Калин, грчки поет
- Мимнерм, грчки поет
- Семонид Аморгиски, грчки поет
- Стесихор, грчки поет
- Талес од Милет, грчки математичар
- Тиртеј, грчки поет
Спорт
уреди- Арихион, грчки панкратист
- Хионид Лаконски, грчки тркач
- Клеондас, грчки тркач
- Ономаст, грчки тркач
Пронајдоци и откритија
уреди- Кинезите го изумиле печатењето.
- Првите метални монети се користени од страна на Лидијците од западна Анадолија. До 525 п.н.е. монетите имале слика на само едната страна.
- Грците ги усвоиле монетите од Мала Азија.
- Железото наводно е откриено во Кина.
- 7 век п.н.е. – 4 век п.н.е. – се направени етрурските гробиштата во Черветери.
Суверени држави
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Largest Cities Through History“. About.com Geography.
- ↑ F. Espenak and Xavier Jubier. „Total Solar Eclipse of -647 April 06“. NASA.
- ↑ Potts, D. T. (1999) "The Archaeology of Elam: Formation and Transformation of an Ancient Iranian State" (Cambridge World Archaeology)