Еребуни
Еребуни (ерменски: Էրեբունի), исто така познат како Арин Берд (ерменски: Արին Բերդ; што значи „тврдина на крв“), е утврден урартски град кој се наоѓа во Ереван, Ерменија. Се наоѓа на 1,017 метарs (3,337 ст) над морското ниво.[1] Еден е од неколкуте тврдини изградени по должината на северната граница на Урарту и бил еден од најважните политички, економски и културни центри на огромното царство. Името Ереван е изведено од Еребуни.[2]
Ѕидините на тврдината Еребуни | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Место | Меѓу Нор Ареш и Вардашен, Ереван, Ерменија |
---|---|
Координати | 40°08′26″N 44°32′17″E / 40.1406° СГШ; 44.5381° ИГД |
Вид | утврден град |
Висина | околу 1,017 метарs (3,335 ст) над морското ниво. Арин Берд е на 65 метарs (215 ст) над нивото. |
Историја | |
Градител | кралот Аргишти I |
Материјал | камен (основата и долните ѕидови), ќерпич (горните ѕидови), |
Изграденo | 782 година п.н.е. |
Култури | Урарту |
Белешки за наоѓалиштето | |
Ископување | Крај на 19 век, 1950-1968, 2008-денес |
Археолози | A. Ивановски (19 век), Константин Хованисјан и Борис Пјотровски (1950-1968) |
Состојба | урнатини |
Сопственик | градот Ереван, јавна сопственост |
Јавен пристап | Да |
Портал | Erebuni Historical & Archaeological Reserve: Erebuni |
активни ископувања |
Историја
уредиЕребуни бил основан од страна на урартскиот крал Аргишти I (околу 785–753 п.н.е.) во 782 година пред нашата ера.[3] Бил изграден на врвот од ридот наречен Арин Берд со поглед кон долината на реката Аракс за да послужи како воено упориште за заштита на северните граници од кралството.[4] Тврдината била опишана како „дизајнирана како голем административен и верски центар, целосно кралски главен град.“[5] Според Маргарит Израелјан, кралот Аргишти ја почнал градбата на Ербуни по освојувањето на територии северно од Ереван и западно од езерото Севан, што грубо одговара на просторот каде денес се наоѓа градот Абовјан. Соодветно на тоа, затворениците што биле заробени во овие походи, и мажите и жените, биле користени како работна сила при изградбата на овој град.[6]
Во есента 1950 година, археолошката експедиција водена од страна на Константин Ховханисјан открила натпис на Арин Берд посветен на основањето на градот, а кој бил издлабен во текот на владеењето на Аргишти. Други два идентични натписи биле пронајдени во цитаделата на Еребуни. Натписот гласи:
Со благослов на богот Халди, Аргишти, синот на Менуа, го изгради ова моќно упориште и го нарече Еребуни за слава на Бјаинили (Урарту), што предизвикува страв меѓу непријателите на кралот. Аригишти рече: Земјата беше пустина пред големите работи што ги изведов овде. Со благослов на Калди, Аргишти, синот на Менуа, е моќен крал, крал на Бјаинили, и владетел на Тушпа."[7]
Аргишти оставил сличен натпис во урартскиот главен град Тушпа (денес Ван), во кој се наведува дека тој донел 6.600 затвореници од војната во Кате и Цупани за да се населат во новиот град. Сличен на други урартски градови од тоа време, Еребуни бил изграден со триаголна основа на врвот на еден рид и опколен со 10 до 12 метарски ѕидини. Зад нив, градбите биле разделени со централни и внатрешни ѕидини. Ѕидините биле изградени од различни материјали, вклучувајќи базалт, туф, дрво и ќерпич.[8] Аргишти изградил голема палата, а ископувањата покажале дека имало и други згради како сала за кралското собрание, храм посветен на Халди, цитадела, каде престојувала војската, живеалишта, домови и складишта.[9] Внатрешните ѕидови биле богато украсени со мурали и други ѕидни слики, кои прикажувале религиозни и сцени од животот.[10]
Наредните урартиски кралеви го претвориле Еребуни во нивна резиденција за време на воените походи против северните напаѓачи, и продолжиле со реконструкција за одбрана на тврдината.[11] Кралевите Сардури II и Руса I исто така го користеле Еребуни како главно место при нивните походи кон север.[12] На почеток на 6 век, урартската држава пропаднала, поради постојаните напади од север.
Набрзо потоа, регионот потпаднал под контрола на Ахеменидското Царство. Стратешката позиција на Еребуни продолжила да биде главен центар на Сатрапија Ерменија.[8][13]
И покрај бројните освојувања од страна на моќни сили, градот никогаш не бил вистински напуштен, и постојано бил населен низ вековите, а на крајот изникнал градот Ереван.[12][14] На фестивал одржан во септември 1968 година, прославен бил 2750-от роденден на Еребуни.[8]
Архитектура
уредиТврдината Еребуни била изградена на врвот од ридот Арин Берд, висок 65-метар (213 ст), со стратешка позиција од каде се гледа Араратската рамнина како и главните патишта кои водат до тврдината.[15] Исто така се гледал урартискиот град во кој живеело население, а кој се наоѓал на подножјето од ридот.
Главниот влез во тврдината се наоѓал на југоисточниот дел од ридот. Влезот водел кон централниот двор на тврдината. Церемониите на личните чувари на Аргишти I и на чуварите на гарнизонот, се одвивале во тој простор.
На југозападниот дел од дворот, се наоѓал храмот посветен на Халди. Храмот имал издолжена основа, и скалила кои воделе до покривот на кулата со форма на зигурат, како и странична просторија на подолниот кат. Околу салите имало двонасочен дванаесетколонски отворен трем со клупи по ѕидовите. Олтарот за жртвувања бил сместен на левиот ѕид. Ѕидовите биле украсени со шарени фрески на кои биле насликани човечки фигури, божества, геометриски и цветни дизајни. Една од откриените фрески го прикажува богот Халди кој стои врз лав со чувар во левата рака и круна со рогови на главата. Ова е вообичаено претставување на Халди, што е најдено и на други места. Подот на храмот се разликувал од останатите делови на комплексот, поради тоа што бил составен од мали дрвени штици, додека во останатите делови на тврдината, во собите имало подови направени од ќерпич обложен со глина.
Ископувања
уредиПрвите ископувања започнале уште во 19 век, додека посистематските ископувања на Еребуни се одвивале во 1952 година, под покровителство на Ерменската академија на науките, Институтот за археологија и етнографија и музејот Пушкин.[15] Тимот го воделе Константин Ховханисјан и Борис Пјотровски, кој бил советник.[16] При првите ископувања (1950–1968), биле откриени палатата на Аргишти, салата на кралското собрание, храмовите и над сто простории, како и урартски и ахеменидски артефакти: керамика, грнчарија, ремени, нараквици, монистра, садови за пиење, шлемови, стрели и сребрени монети.[16] Биле пронајдени фрагменти од мурал кои биле украсени со важни религиозни теми, вклучувајќи „процесии на богови, свети животни и дрво на животот“, но и сцени од секојдневниот живот, како „ловот, сточарството и земјоделството“.[17]
Исто така, биле откриени простории за складирање на жито, масло и вино. На вратите кои воделе до складиштата имало натписи кои кажувале кој го изградил складот и колкав број на производи има во него. Еден од таквите натписи гласи:
Со милоста на богот Халди, Сардури, синот на Аргишти, ја изгради оваа куќа, и ги создаде овие житници. Во една од нив има 12.600 капис, друга има 11.500 капис; вкупно 24.100 капис. Сардури, синот на Аргишти, моќниот крал, кралот на земјата Бјанинили, владетелот на градот Тушпа.
Керамичките садови во кои имало вино и масло, имаат ознаки на нив. Помали керамички садови биле исто така пронајдени при ископувањата, и за нив се знае дека биле користени при подготовка на пиво, правено од јачмен. Поголемите керамички садови пак, биле користени за чување на храна и вино. Малите ознаки на врвот од ваквите садови означувале колкаво количество може да се стави во садот. Поголемите садови вообичаено биле до половина закопани во земја, со што содржината се одржувала студена.
Околу комплексот биле пронајдени и бројни натписи со клинесто писмо изгравирани на базалт. Некои од нив се изложени во музејот, а други сè упте се наоѓаат на ѕидовите.
Во 1968 година бил основан Историски музеј Еребуни. Отворањето било на 2750 годишнината на Ереван. Во музејот се чуваат артефактите пронајдени за време на ископувањата во Арин Берд и Кармир Блур.
Галерија
уреди-
Модел на тврдината Еребуни
-
Внатрешните ѕидови на тврдина
-
Храмот Суси
Поврзано
уреди- Тејшебаини, познат како Кармир Блур.
Наводи
уреди- ↑ „Erebuni Fortress Elevation and Position“. Архивирано од изворникот на 2019-08-15. Посетено на 2018-06-16.
- ↑ Israelyan, Margarit A (1971). Էրեբունի: Բերդ-Քաղաքի Պատմություն (Erebuni: The History of a Fortress-City) (ерменски). Yerevan: Hayastan Publishing Press. стр. 8–15.
- ↑ Arutjunjan [Harootunian], N.V. (1959). „Երևանի հիմնադրման ժամանակի հարցի շուրջը“. Patma-Banasirakan Handes [Historical-Philological Journal]. Academy of Sciences of Armenia. 2–3: 78–96. Архивирано од изворникот на 2014-08-19. Посетено на 15 August 2014.
- ↑ Barnett, R. D. "Urartu" in The Cambridge Ancient History, Volume 3, Part 1. John Boardman et al. (eds.) Cambridge: Cambridge University Press, 1982, p. 345.
- ↑ R. D. Barnett (1982). „Urartu“. Во John Boardman, I. E. S. Edwards, N. G. L. Hammond, E. Sollberger (уред.). The Cambridge Ancient History, Vol. 3, Part 1: The Prehistory of the Balkans, the Aegean World, Tenth to Eighth Centuries BC (2. изд.). Cambridge University Press. стр. 346. ISBN 978-0521224963.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ Israelyan. Erebuni, pp. 139-140.
- ↑ Israelyan. Erebuni, p. 9.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Armenian Soviet Encyclopedia. vol. iv. Yerevan: Armenian Academy of Sciences, 1979, pp. 90-91.
- ↑ Chahin, Mack (2001). The Kingdom of Armenia. Richmond: RoutledgeCurzon. стр. 79. ISBN 0-7007-1452-9.
- ↑ Chahin. The Kingdom of Armenia, pp. 158-160.
- ↑ Hovhannisyan, Konstantine (1973). The Wall Paintings of Erebuni. Yerevan: Armenian Academy of Sciences. стр. 57.
- ↑ 12,0 12,1 Israelyan. Erebuni, pp. 137-138.
- ↑ Van de Mieroop, Marc (2006). A History of the Ancient Near East ca. 3000-323 BC. Cornwall: Blackwell. стр. 217. ISBN 1-4051-4911-6.
- ↑ Bournoutian, George A. (2006). A Concise History of the Armenian People. Costa Mesa, California: Mazda Publishers. стр. 12. ISBN 1-56859-141-1.
- ↑ 15,0 15,1 Deschamps, Stephane. „Erebuni in the context of Urartean fortresses in the Ararat plain: Sources and problems“. Quaternary International. 395: 208–215. doi:10.1016/j.quaint.2015.08.056.
- ↑ 16,0 16,1 (ерменски) Hovhannisyan, Konstantine. «Արին Բերդ» (Arin Berd). Armenian Soviet Encyclopedia. vol. ii. Yerevan: Armenian Academy of Sciences, 1976, p. 60.
- ↑ Chahin. The Kingdom of Armenia, p. 118.
Литература
уреди- (ерменски)
Israelyan, Margarit A. Էրեբունի: Բերդ-Քաղաքի Պատմություն (Erebuni: Историја на Тврдина-Град). Yerevan, ерменски SSR: Hayastan Publishing Press, 1971 година.
- Hovhannisyan, Konstantine. The Wall Paintings of Erebuni. Yerevan: Armenian Academy of Sciences, 1973. На ерменски, руски и англиски јазик.
- Piotrovsky, Boris. The Ancient Civilization of Urartu: An Archaeological Adventure. New York: Cowles Book Co., 1969.
Надворешни врски
уреди„Еребуни“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Ербуни на Panoramio: photo1 Архивирано на 28 октомври 2017 г., photo2 Архивирано на 14 октомври 2017 г., photo3 Архивирано на 14 октомври 2017 г., photo4 Архивирано на 16 октомври 2017 г., photo5 Архивирано на 16 октомври 2017 г.