Евбеја или Евија — најголем остров во Егејско Море, се наоѓа западно од Атика и Беотија, од кои е одвоен со Аталантскиот и Еврипскиот Проток. Се простирa од северозапад кон југоисток, долг е 180 км, а широк од 6 км до 45 км. Има површина од 3.684 км2 и околу 200.000 жители. Островот со сите околни помали острови спаѓа под округот Евбеја.

Сателитска снимка на островот Евбеја