Киро Андонов (Конопиште, Кавадаречко, 15 декември 1938 - Неготино, 26 јули 1996) — македонски публицист-историограф.

Киро Андонов
Роден 15 декември 1938
Конопиште, Кавадаречко,  Кралство Југославија
Починал 26 јули 1996
Неготино, Македонија Македонија
Занимање публицист историограф

Животопис

уреди

Андонов е роден на 15 декември 1938 година во кавадаречкото село Конопиште. Основно образование го завршил во Горна Бошава, а учителската школа во Скопје, каде што во истиот град дипломирал на Филозофски факултет на група југословенски книжевности. Учителствувал по една учебна година во селата Винце, кумановско и во Горна Бошава. Од 1966 година бил редовен професор во УЦСО ,,Јосип Броз Тито" - Неготино.

Библиографија

уреди

Заедно со Пане Емшов ги издал книгите: Неготински легенди, Неготино во пламен (1912-1913), Илинденски светлини на Неготино, Тиквешки кажувања (1912-1918)[1] и За Алатана сто алтани - за Бисера грст бисери (збирка на народни песни на Македонците муслимани од Тиквешијата). Од областа на роднокрајната историографија ги печати следните наслови: Пешо Самарџиев-Тиквешки Војвода, Владимир Арсовски-шпански борец, Благој Јанушев, Населби (заедно со Васил Јовановски) и Манчо Малиминов. Додека со тематика од народното творештво од Тиквешијата ги издал книгите: Судбини и населби, Вишешница, Легенди, Роднокрајни кажувања, Тиквешки пословици, Славеј чешма, Богатиново Кладенче, Тиквешки народни песни, Тиквешки народни приказни, Вишина Чешма, Бигорни години, Народни умотворби, Златната чешма, Наши легенди, Момина чука, Народни кажувања и др. Книгите ,,Неготиноски народни приказни" и ,,Златогривото коњче" од проф. Киро Андонов претставуваат еден вид зборници од народното творештво на Тиквешијата, во кои се поместени голем број приказни, пословици, песни и гатанки. За театарската дејност во Неготино ја посветил брошурата ,,Театарот во Неготино". И имал издадено само една збирка со песни и раскази под наслов ,,Птици без јато".

Има и два неиздадени наслови.

За богатото Книжевно творештво има добиено Осмоноемвриска награда на Општина Неготино. Починал на 26 јули 1996 година во Неготино.

Награди и признанија

уреди

Киро Андонов е добитник на неколку награди и признанија, меѓу кои: Благодарница за соработка во нагреден конкурс ,,Икарово перце 76" на 21.05.1976 година, од Воздухопловен сојуз на Р Македонија; Диплома за придонес на Културно просветно поле, на 21.05.1977 година, од Културно-просветната заедница на Општина Неготино; Награда ,,8 ноември", во 1983 година, од Општина Неготино.

Наводи

уреди