Андреј Магдевски
Андреј Магдевски (р. 14 јануари 1996 во Скопје) — македонски професионален кошаркар, кој моментално игра за МЗТ Аеродром во Првата македонска лига.
Андреј Магдевски | |
---|---|
Позиција | Разигрувач |
Висина | 1,92 м м |
Тежина | 85 кг кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига АБА 2 |
Клуб | МЗТ Аеродром |
Роден | 14 јануари 1996 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2014– |
Клубови | |
2014–2015 | Малага |
2015–2016 | Партизан |
2016–2017 | Фени Индустри |
2018 | Гостивар |
2018- | МЗТ Аеродром |
Репрезентација | |
Инфо од: 4 август 2018. |
Кариера
уредиКако младински играч има настапувано во тренинг камповите на Реал Мадрид и Партизан, а летото 2014 година потпишал за Малага кои го позајмиле.
На 29 септември 2015 година, Магдевски потпишал едногодишен договор со Партизан. На 23 септември 2016 година за првпат потпишал за македонска екипа, КК Фени Индустри. За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Фени.[1] На полусезоната Магдевски го напуштил Фени поради финансиската состојба во клубот, и потпишал за Гостивар на почетокот на 2018 година.[2][3][4] Во август 2018 година, Магдевски потпишал за МЗТ Аеродром.[5][6] Таа сезона, Магдевски го освоил македонското првенство. Во јули 2019 година, Магдевски потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром.[7][8] Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.
Репрезентација
уредиНа квалификациите за Евробаскет 2015 година Магдевски првпат настапил за македонската кошаркарска репрезентација каде настапил на шест натпревари, остварувајќи просек од 3,8 бода и 16,5 минути по натпревар.
Во 2016 година, Магдевски повторно бил одбран да настапи за македонската репрезентација и по 6 одиграни натпревари забележал просек од 4,8 бода, 4,7 скока, 1,8 асистенции и 22,7 минути по натпревар.
Магдевски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[9] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Магдевски.[10] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[11]
Успеси
уреди
ТитулиуредиМЗТ Аеродромуреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Фени се екипира: Магдевски, Петровски, двајца Американци, Србин…“. ekipa.mk. 20 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
- ↑ „Гостивар доби големо засилување, потпиша со Магдевски“. gol.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
- ↑ „Андреј Магдевски го засили Гостивар: Пресудија најдобрите услови“. ekipa.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
- ↑ „Магдевски стави потпис и ја одбра „деветката"“. sportmedia.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
- ↑ „Андреј Магдевски потпиша со МЗТ“. ekipa.mk. 4 август 2018. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Магдевски го комплетираше ростерот на МЗТ Аеродром“. sportmedia.mk. 4 август 2018. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Магдевски и во следните две сезони ќе ја организира играта на МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 18 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 20 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Магдевски останува во МЗТ Аеродром и следните две сезони“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
- ↑ „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
- ↑ „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Година во знакот на Антиќ, Гечевски, Тодоров…“. ekipa.mk. 19 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
- ↑ „КФМ ги објави најдобрите“. ohridnews.com. 19 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Гечевски најдобар македонски кошаркар“. vecer.mk. 20 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
- ↑ „МКФ ги прогласи најдобрите за 2013, Чековски и Антиќ со главните награди“. ekipa.mk. 8 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Ѓорги Чековски најдобар кошаркар во Македонија 2013 година“. ohridnews.com. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Чековски и Антиќ најдобри кошаркари за 2013 година“. mkd.mk. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Стојановски, Рајковиќ и Антиќ кошаркарски лауреати за 2014 година“. sportmedia.mk. 24 февруари 2015. Посетено на 1 февруари 2017.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
уреди- Andrej Magdevski Архивирано на 4 март 2016 г. АБА Лига
- Andrej Magdevski Евро-Лига
- Andrej Magdevski competiciones.feb.es
- Andrej Magdevski regeneracomsports.com
- Andrej Magdevski Архивирано на 4 март 2016 г. ФИБА