Дејви Главевски (роден на 17 ноември 1967 година) ― македонски поранешен фудбалски напаѓач и репрезентативец.

Дејви Главевски
Лични податоци
Роден на 17 ноември 1967(1967-11-17)(56 г.)
Роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ
Позиција Напаѓач
Младинска кариера
Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985–1990 Пелистер 63 (15)
1990–1992 Рад 15 (1)
1992–1993 Пелистер 28 (3)
1993–1994 Тиквеш 15 (3)
1994–1996 Пелистер 28 (3)
1996–1998 Вајле 58 (13)
1998–1999 Победа 11 (1)
1999–2002 Пелистер 39 (14)
2000Рандерс (позајмица) 6 (1)
2001–2003 Победа 24 (6)
Репрезентација
1996–1997 Македонија 4 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Клупска кариера уреди

Неговата кариера започнала во 1985 година во Втората југословенска лига, играјќи за Пелистер. Во 1990 година, тој го направил своето деби во Првата југословенска лига кога се преселил во белградскиот клуб Рад. Две години подоцна се вратил во Пелистер, сега настапувајќи во Првата македонска лига. Во 1996 година, тој се преселил во Данска за да игра во данскиот прволигашки клуб Вајле при што биле вицепрваци во 1997 година.

Меѓународна кариера уреди

Главевски бил дел од македонскиот состав во квалификациските натпревари за Светското првенство 1998. На 9 ноември 1996 година, тој постигнал хет-трик на своето деби за Македонија во победата од 1-11 против Лихтенштајн во Ешен. Главески бил во почетната единаесетка и постигнал два гола во 8., 12. и и 60. минута.[1][2] Неговиот последен меѓународен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Светското првенство во јуни 1997 година против Исланд.[3]

Наводи уреди

  1. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 3 август 2023.
  2. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 3 август 2023.
  3. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 3 август 2023.

Надворешни врски уреди