Пируника Киселички
Пируника Киселички (8 август 1996, Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Пируника Киселички | ||
Родена | 8 август 1996 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогите во: Македонски народни приказни Среќа во вреќа Види ја ти неа Бистра вода | |
Занимање | глумица | |
Мајка | Дубравка Киселички | |
Роднини | Снежана Киселичка (баба) |
Биографија
уредиПируника Киселички е родена во Скопје каде завршила основно и средно музичко образование, во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Студирала на приватниот Факултет за драмски уметности при ЕСРА во Скопје, во класата на професорот Мето Јовановски.
Учествувала во претставите:
- „Мама миа“ - мјузикл во режија на Наташа Поплавска[1]
- „Галеб“ - драма во режија на Мето Јовановски.
Член е на патувачкиот Театар „Колозов“ со изиграни над триста претстави низ Македонија, како „Љубопитната принцеза“,[2] „Убавицата и ѕверот“, „Волшебната шума“, и други.
Филмографија
уреди- „Аларм“ (2014) - краткометражен филм во режија на Теа Беговска
- „Роденден“ (2016) - краткометражен филм на Косара Митиќ
- „Кога денот немаше име“ (2017) - долгометражен филм во режија на Теона Стругар Митевска
- „Види ја ти неа“ (2017) - краткометражен филм во режија на Горан Столевски
- „Мејкинг оф“ (2018) - долгометражен филм во режија на Кузман Кузмановски
- „Бесценета“ (2022) - долгометражен филм во режија на Дејан Јованов
- „Божиќна елка“ (2023) - филм во режија на Мето Јовановски
ТВ-серии
- „Македонски стари приказни“ (2015-2017) - телевизиска серија во режија на Владо Дојчиновски
- „Среќа во вреќа“ (2017) телевизиска серија во режија на Троика студио
- „Преспав“ (2019) телевизиска серија во режија на Игор Иванов-Изи
- „Бистра вода“ (2022-2023) - телевизиска серија во режија на Јани Бојаџи
- „Македонски стари приказни“ (2023-2025) - телевизиска серија во режија на Владо Дојчиновски
- „Утре Наутро“ (2024) - телевизиска серија во режија на Јани Бојаџи