Андреј Цветковски
Андреј Цветковски (роден на 20 септември 1996 во Скопје) — македонски кошаркар кој настапува за Гостивар.
Андреј Цветковски | |
---|---|
Цветковски на тренинг на КК Куманово | |
Позиција | Разигрувач |
Висина | 1,92 м |
Тежина | кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Вардар |
Број | 77 |
Роден | 20 септември 1996 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2015– |
Клубови | |
2015-2016 | Работнички |
2016 | МЗТ Аеродром |
2016-2017 | Кожув |
2017–2018 | Блокотехна |
2017 | → Радовиш (позајмица) |
2019 | Вардар |
2019-2020 | Пелистер |
2020-2021 | Куманово 2009 |
2021- | Вардар |
Репрезентација | |
Инфо од: 03.03.2021. |
Клупска кариера
уредиМладинска кариера
уредиСезоната 2013/14 ја поминал во младинскиот состав на МЗТ Аеродром и тогаш станал вицепрвак со М-18 составот (генерација 1996/1997).[1] Со М-20 (генерација 1994/1995), Цветковски стигнал до полуфиналето на завршниот турнир.[2] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига 2013/14.[3] Со МЗТ, Цветковски станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[4]
Професионална кариера
уредиВо сезоната 2015/16, Цветковски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[5] Сезоната 2016/17 ја започнал во МЗТ и со него го освоил Суперкупот на Македонија 2016,[6] но таму останал сè до средината на ноември, кога се преселил во Кожув.[7] На почетокот на 2017 година, Андреј се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш.[8][9] Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Цветковски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.[10][11] При подготовките за сезоната 2017/18, Цветковски го повредил коленото со што ја пропуштил целата сезона како играч на Блокотехна.[12][13] Следната сезона, Андреј продолжил во редовите на Блокотехна.[14] Но за време на полусезоната, во јануари 2019 година, тој се преселил во Вардар.[15][16] За сезоната 2019/20, Цветковски потпишал едносезонски договор со Пелистер.[17] Во Пелистер не останал долго бидејќи по преговори од крајот на јануари до 10 февруари 2020 година, тој се договорил за раскин на договорот со Пелистер и потоа се преселил во Куманово 2009.[18][19] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Куманово.[20] Тој, таа сезона не ја завршил во Куманово бидејќи се префрлил во Вардар во март 2021 година.[21]
Успеси
уреди
МЗТ Аеродромуреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „MZT Aerodrom - Partizan Vodno Sans 69:78“. Македонска Кошаркарска Федерација. 19 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-22. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „MZT Aerodrom - Karpos Sokoli 59:65“. Македонска Кошаркарска Федерација. 7 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-30. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Karpos - Reprezentacija 60:75“. Македонска Кошаркарска Федерација. 15 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Развојна лига М-20 (Сезона 2014/15) Шампион: КК МЗТ Аеродром“. Македонска Кошаркарска Федерација. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „KK Rabotnicki - roster 2015-16“. eurobasket.com. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Андреј Цветковски е ново засилување на МЗТ“. mkd.mk. 24 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „МЗТ го „пушти"' Цветковски, продолжува во Кожув“. sportmedia.mk. 15 ноември 2016. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Замина Гоцевски, следни на ред, Главчев, Цветковски...“. sportmedia.mk. 9 јануари 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „„Пола" Кожув (ќе) се пресели во Радовиш“. sport.com.mk преку vesti.mk. 10 јануари 2017. Посетено на 15 август 2018.[мртва врска]
- ↑ „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Проблем за Блокотехна: Тешка повреда на Андреј Цветковски“. ekipa.mk. 18 септември 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „ветковски ги „скина" лигаментите, на операција кај доктор Швенк“. sportmedia.mk. 18 септември 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Блокотехна потпиша со тројца македонски играчи“. ekipa.mk. 12 јули 2018. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Темелковски, Цветковски и Тарнер нови кошаркари на Вардар“. gol.mk. 18 јануари 2019. Посетено на 19 јануари 2019.
- ↑ „Цветковски, Тарнер и Темелковски нови имиња во Вардар“. sportmedia.mk. 18 јануари 2019. Посетено на 19 јануари 2019.
- ↑ „Андреј Цветковски се сели во Битола: Потпиша едногодишен договор со Пелистер“. gol.mk. 12 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
- ↑ „Андреј Цветковски од Пелистер во Куманово“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-29. Посетено на 29 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Цветковски го напушти Пелистер и го засили Куманово“. basketball.mk преку web.archive.org. 10 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-10. Посетено на 10 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Четворица продолжија со Куманово, Караколев пред кам-бек“. basketball.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 3 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Ново засилување за Вардар: Андреј Цветковски обелече „црвено-црно"“. ekipa.mk преку web.archive.org. 3 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-03. Посетено на 3 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)