ПСУ „Јахја Кемал“

ПСУ „Јахја Кемал“ е приватно средно училиште во Република Македонија. Ова средно училиште е основано во 1996 година во Скопје со акт на Министерството за образование и наука на Република Македонија во соработка со организацијата-основач, за подоцна да ги отвори и останатите свои образовни единици на целата територија на Р Македонија: Автокоманда, Скопје (основано 1996); Гостивар (основано 1999); Струга (основано 2002); Бутел, Скопје (основано 2007); Струмица (основано 2010) и Боговиње, Тетовско (основано 2011). Училиштето го носи името на својот патрон, турскиот поет Јахја Кемал Бејатли, кој е роден во Скопје во 1884 година.

ПСУ „Јахја Кемал“

Место
Општина: Општина Карпош (Генерална дирекција), Боговиње-Тетово, Струга
Место: Скопје, Струга, Боговиње
Адреса: Генерална дирекција, Варшавска 23, 1000 - Скопје

Фах 106, 1200 Боговиње

Мислешевски пат бб, Струга

Основни информации
Директор: Муса Теккојун
Настава на: англиски, турски, албански и македонски
Контактни информации
Портал https://www.ykc.edu.mk
Наградени студенти од колеџот Јахја Кемал на церемонијата на затворање на INEPO на Универзитетот Фатих во Истанбул, Турција

Кратко по отворањето на првиот колеџ, поради постигнатите успеси на учениците, училиштето го привлекува вниманието и довербата на македонската јавност. Оттогаш бројот на ученици постојано расте, а училиштето се прошири и во областа на основното образование. Денес ПСУ „Јахја Кемал“ го носи приматот на прво и најголемо приватно училиште во Република Македонија.

Во училиштата на ПСУ „Јахја Кемал“ наставата трае во текот на целиот ден, со предавања на 4 јазици (Англиски, Македонски,Турски и Албански). Часовите по мајчин јазик се одвиваат на македонски, турски и албански јазик. Во текот на првата година од средношколското образование, учениците работат по програма со многу часови по англиски и туски јазик, што им овозможува да ги зборуваат овие два јазици на многу високо ниво понатаму во животот. Исто така, поради оваа причина учениците ги положуваат испитите ТОЕFL и SAT со голем број на бодови, а кои се потребни за студирање во странство.

Мисија на колеџите „Јахја Кемал“

уреди

Учениците да се образоваат како поединци, кои ќе ги следат принципите на љубовта, толеранцијата, мирот, хармонијата и демократијата. Исто така, професорите и персоналот на училиштата „Јахја Кемал“, како своја мисија, имаат земено правилно да го изградат и развијат карактерот на своите ученици, идни граѓани на светот, кои ќе ги почитуваат правата на сите човечки битија.

Цел на колеџите „Јахја Кемал“

уреди

Во ПСУ „Јахја Кемал“ се оди кон тоа да се образуваат учениците да имаат верба во иднината, почит кон себеси и кон другите, сочувство и толеранција. На учениците им се предаваат општите човекови вредности и универзелната култура на светот. Преку ова се зацврстуваат и развиваат пријателските одности кон другите држави и нации во светот, особено помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Упис во училиштето

уреди

Учениците се запишуваат по пат на приемен испит, кој се организира секоја година на почетокот на месец мај во сите поголеми населени места во Република Македонија. На овој тест може да влезат сите деветтооделенци, без разлика дали го познаваат англискиот или турскиот јазик. Училиштето доделува стипендии, во вид на попусти, на најдобрите 18 ученици на приемниот испит.

Можности во наставата во ПСУ „Јахја Кемал“

уреди
  • Образование кое ги задоволува сите академски потреби на нашите ученици.
  • Изучување на англискиот и турскиот јазик до ниво речиси еднакво на мајчиниот јазик.
  • Лаборатории во кои се прават експерименти по природонаучните предмети, со што учениците полесно го разбираат материјалот.
  • Доволен број на часови по спорт и спортски активности кои го помагаат првилниот развој на ученикот.

Надворешни врски

уреди