ФК Њукасл Јунајтед

англиски фудбалски клуб

Њукасл Јунајтед Фудбал Клуб (на англиски Newcastle United Football Club) или ФК Њукасл Јунајтед е англиски фудбалски клуб од градот Њукасл Апон Тајн. Клубот е основан во 1892 со спојување на два локални клуба Њукасл Ист Енд и Њукасл Вест Енд и откако постои ги игра своите домашни натпревари на стадионот Сент Џејмс Парк. Клубот е член на Премиер лигата во сите, освен две сезони од историјата на натпреварувањето, и исто така никогаш не испаднал под второто ниво на англискиот фудбал, откако се приклучил на Фудбалската Лига во 1893 година. Во 2007 година, долгорочниот претседател и сопственик на клубот Сер Џон Хол го продаде својот удел во клубот на Мајк Ешли.

Њукасл Јунајтед
Целосно имеЊукасл Јунајтед Фудбал клуб
ПрекарСтрачки, Тун Армијата
Основан9 септември 1892
СтадионСент Џејмсис Парк
Њукасл, Англија
Капацитет52,404
ПретседателАнглија Мајк Ешли
МенаџерШпанија Рафаел Бенитес
Лига Премиер лига
2023/24Премиер лига, 7. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Њукасл има освоено четири лигашки наслови како и 6 ФА Купа, додека нивен најголем успех во евро-турнирите е освојувањето на купот на велесаемските градови во 1969 година како и Интертото Купот во 2006 година. Тие се на 8-мо место по бројот на освоени трофеи меѓу англиските екипи. Најголем соперник на Њукасл му е тимот на Сандерленд со кого го игра популарното Дерби на Тајн и Вер уште од 1898 година. Тимот игра во за нив препознатливата црно-бела комбинација, а главен прекар на клубот е Страчките.

Бои на клубот

уреди

Главни бои на Њукасл Јунајтед се црната и белата, кој се нормално распоредени од горе надолу. Во почетокот играчите на Њукасл носеле црвени дресови, но како со текот на времето кога сè повеќе тимови во Англија почнуваат да носат црвени дресови како на пр. Ливерпул и Арсенал, ги менуваат своите дресови во црно-бела комбинација. Од тогаш па сè до денес боите на клубот се тие и во оваа комбинација Њукасл ги игра своите домашни натпреврари. Што се однесува до дресовите за гостинските натпревари тие се менувале со текот на времето, во почетокот биле сини, подоцна жолти, па сиви, црни, зелени, а моменталните гостински дресови на клубот се со бордо-црна боја.

Стадион

уреди

Низ историјата на Њукасл Јунајтед, нивниот дом секогаш бил Сент Џејмсис Парк-најстариот и најголемиот фудбалски стадион во Севернo-Источна Англија, а шести по големина фудбалски стадион во Обединетото Кралство. Тој бил домаќин на 10 меѓународни фудбалски натпревари на сениорско ниво, од кој првиот во 1901 година, а последниот во 2005 година. Сент Џејмс Парк беше употребен како место на кое се играше фудбал и на Летните олимписки игри 2012 и исто така ќе се користи за претстојното Светско првенство во рагби во 2015 година. Капацитетот на стадионот е 52 404 места за седење. Во ноември 2011 година сопственикот на Њукасл Мајк Ешли ги продал правата на стадионот на спонзорите, па името на стадионот е променето во Спортс Дајрект Арина.

Навивачи

уреди
 
Панорама на Сент Џејмс Парк

Навивачите на Њукасл, сите заедно, се познати под едно име Toon Army (превод на мак. Тун армија), но исто така познати се и некој прекари на навивачките групи како Geordies (жордицата) и the Magpies (страчките). Geordies ги нарекуваат заради тоа што така се нарекуваат луѓето кој живеат во градот Њукасл, додека the Magpies или страчки заради боите на клубот, којшто се исти со боите на пердувите на оваа птица (црно бела боја). Многу англиски медиуми велат дека Тун Армијата е една од најдобрите навивачки групи во Англија и на Островот, а најдобар доказ за тоа е посетеноста на Сент Џејмс Парк кој е еден од најисполнетите стадиони во Англија за време на натпреварите. Освен во Англија Њукасл Јунајтед има навивачки групи и во други делови на светот како на пр.: во Скандинавија, Исланд, Австралија, САД, Италија итн. Од познатите личности навивачи на Њукасл Јунајтед се и: поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, потоа гитаристот на Ајрон Мејден Џеник Герс, и фронтменот на AC/DC Брајан Џонсон.

Соперници

уреди

Покрај Сандерленд со кого го игра Дербито Тајн и Вер, втор најлут соперник на Њукасл Јунајтед е Мидлсбро со кој се среќава во Дербито Тајн и Тис.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Роб Елиот
2   ОД Киаран Кларк
3   ОД Пол Дамет
4   СР Ки Сунг-јуенг
5   ОД Фабијан Шер
6   ОД Џамал Ласелс  
8   СР Џонџо Шелви
9   НП Саломон Рондон
10   СР Мохамед Диаме
11   СР Мат Ричи
12   ГМ Мартин Дубравка
13   НП Јошинори Муто
14   СР Ајзак Хејден
15   СР Кенеди
Бр. Позиција Играч
17   НП Ајосе Перес
18   ОД Федерико Фернандес
19   ОД Хавиер Манкилјо
20   ОД Флоријан Лежен
21   НП Хоселу
22   ОД ДеАндре Једлин
23   ОД Антонио Барека (on loan from Monaco)
24   СР Мигел Алмирон
26   ГМ Карл Дарлоу
29   ГМ Нејтн Харкер
30   СР Кристијан Атсу
36   СР Шон Лонгстаф
41   ГМ Фреди Вудман

Тренерска историја на Њукасл Јунајтед

уреди
 
Моменталниот менаџер на клубот, Рафаел Бенитес
Име и презиме Националност Од До
непознато (n/a) 1892 1929
Енди Канингем   Шкотска 1930 1935
Том Матер   Англија 1935 1939
Стан Сејмур   Англија 1939 1958
Џорџ Мартин   Англија 1947 1950
Даг Ливингстон   Шкотска 1954 1956
Чарли Мајтен   Англија 1958 1961
Норман Смит   Англија 1961 1962
Џо Харви   Англија 1962 1975
Гордон Ли   Англија 1975 1977
Ричард Динс   Англија 1977 1977
Бил МекГари   Англија 1977 1980
Артур Кокс   Англија 1980 1984
Џек Чарлтон   Англија 1984 1985
Вили МекФол   Северна Ирска 1985 1988
Џим Смит   Англија 1988 1991
Освалдо Ардилес   Аргентина 1991 1992
Кевин Киген   Англија 1992 1997
Кени Далглиш   Шкотска 1997 1998
Руд Гулит   Холандија 1998 1999
Сер Боби Робсон   Англија 1999 2004
Грејм Сунес   Шкотска 2004 2006
Глен Редер   Англија 2006 2007
Сем Алардајс   Англија 2007 2008
Кевин Киген   Англија 2008 2008
Џо Кинар   Ирска 2008 2009
Алан Ширер   Англија 2009 2009
Крис Хјутон   Ирска 2009 2010
Алан Пардју   Англија 2010 2015
Џон Карвер   Англија 2015 2015
Стив Мекларен   Англија 2015 2016
Рафаел Бенитес   Шпанија 2016

Титули

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди