Африкански куп на нации
Африкански куп на нации (француски: Coupe d'Afrique des Nations) — главниот меѓународен фудбалски турнир во Африка. Тој се одржува под покровителство на Африканската фудбалска конфедерација и претставува првенство исто како што е Европското првенство во фудбал. Првото првенство на турнирот било одржано во 1957 година, а од 1968 година тој се одржува на секои две години.
Африкански куп на нации |
---|
Првенства | |
---|---|
Само три екипи учествувале на Африканскиот куп на нации во 1957 година, и тоа Египет, Судан и Етиопија, а екипата на Јужноафриканска Република била дисквалификуван поради апартхејдот. Подоцна турнирот се проширил и биле воведени квалификации во кои учествуваат речиси сите државни репрезентации од Африка. Во 1998 година за првпат на турнирот учествувале 16 екипи кои биле распределени во четири групи по четири екипи во секоја, а првите две од секоја група продолжуваат во фазата на директните елиминации. Овој формат на турнирот останува непроменет до денес.
Досега вкупно 13 репрезентции го освоиле Африканскиот куп на нации. Египет го држи рекордот со освоени 7 титули, додека Гана и Камерун имаат по 4 титули.
Започнувајќи од 2013 година, турнирот бил преместен за одржување во непарни бројни години за да не се судрира со Светското првенство организирано од ФИФА[1].
Историја
уредиПрви првенства
уредиВо јуни 1956 година за време на третиот конгрес на ФИФА во Лисабон била основана Африканска фудбалска конфедерација. Веднаш се родиле планови за организирање на континентално фудбалско првенство. Првото се случило во февруари 1957 година, кога во Картум се одржало првото издание на Африканскиот куп на нации. Првичната идеја била да учествуваат четирите земји основачи на ЦАФ - Египет, Етиопија, Јужноафриканска Република и Судан, но Јужноафриканците одбиле да испратат тим составен и од бели, и од обоени играчи. Тоа довело до дисквалификација на тимот од турнирот и нивно исклучувањето од Африканската фудбалска конфедерација. До враќањето во конфедерацијата во 1992 година, Јужноафриканска Република не учествувала во никакви меѓународни првенства на африканскиот континент. На овој начин првиот турнир поминал со учество на три екипи и вклучувало само на два натпревари, а Етиопија, која требало да биде противник на Јужноафриканска Република во полуфиналната средба, се пласирала директно во финалето. Египет станал првиот шампион на Африка, откако го победил Судан во полуфиналето и Етиопија во финалниот натпревар.
Две години подоцна истите три екипи зеле учество во второто издание на Купот на африканските нации во Египет. Тимот на домаќините успеал да ја одбрани титулата, победувајќи го овој пат Судан во решавачкиот натпревар. На турнирот во 1962 година во Адис Абеба дебитирале репрезентациите на Тунис и Уганда. Шампион на ова првенство станала репрезентацијата на Етиопија, која го победила Египет во финалето по продолжение, не дозволувајќи им на Египќаните да добијат трета последователна титула[2].
Во 1963 година Гана учествувала за првпат како домаќин на турнирот и успеала да го освои по убедливата победа над Судан во финалето. Во следната деценија Гана се етаблирала како главна фудбалска сила во Африка, успевајќи да го повтори својот успех две години подоцна на првенството во Тунис, на тој начин да го израмни постигнувањето на Египет од две титули, а на следните две изданија на турнирот стигнала до финалниот натпревар[3]. На првенството во 1965 година било воведено ново правило со цел забрзување на развојот на африканскиот фудбал: секој тим може да пушта на теренот не повеќе од двајца играчи, по потекло од неафрикански земји.
На Купот на африканските нации во 1968 година биле направени две групи со по четири екипи, од кои првите два се квалификувале за полуфиналето. Овој формат на турнирот се задржал до 1982 година[4]. Демократска Република Конго освоил својата прва титула, победувајќи ја Гана во решавачкиот натпревар, а две години подоцна екипата на Судан го кренал трофејот по победата повторно над Гана. Играчот на Брегот на Слоновата Коска, напаѓачот Лоран Поку станал прв стрелец на овие две првенства односно со шест и осум гола, а неговите вкупно 14 голови како рекорд биле надминати дури во 2008 година.
70-те години
уредиШест различни репрезентациите го освоиле првенството од 1970 до 1980 година - Судан, Република Конго, Заир, Мароко, Гана и Нигерија. Втората титула на Заир од турнирот во 1974 година (пред тоа тимот освоил првенството еднаш под името Демократска Република Конго) бил постигнат по успехот против Замбија во финалето. За прв и единствен пат во историјата на турнирот финалниот натпревар требало да се разиграван, откако првата средба меѓу двете репрезентации завршил нерешено 2-2 по продолженија. Поради тоа бил одржан уште еден натпревар на кој како победник бил Заир со 2-0. Напаѓачот Муламба Ндаје ги дал сите четири голови за репрезентацијата на Заир во овие два натпревари. Тој станал и голгетер на турнирот со вкупно девет погодоци, што е рекорд за едно издание на Купот на африканските нации. Мароко го освоил трофејот во 1976 година во Етиопија, а Гана го напправила по третпат во 1978 година, станувајќи првата нација со три титули. Во 1980 година Нигерија била домаќин на првенството и го победила на Алжир во финалето, станувајќи осмата репрезентација со триумф од Купот на африканските нации.
80-те години
уредиГана се вратила на врвот освојувајќи го првенството во Либија во 1982 година. Правилото за најмногу двајца „странци“ во еден тим била укинета, бидејќи веќе голем дел од африканските фудбалери играле во европски клубови, и составите биле значително подобрени. Домаќините од Либија ја победиле Гана во натпреварот на откриванито на турнирот, но истите две екипи се сретнале и во финалето, но овој пат репрезентацијата на Гана победила 7-6 по изведувањето на пенали. Победник во Купот на африканските нации во 1984 година била репрезентацијата на Камерун, која победувајќи ја Нигерија, го освоил турнирот за првпат, а потоа успеала да стигне до финалните средби на следните две изданија, губејќи го првото од Египет и второто од Нигерија. Две години подоцна Нигеријците одиграле трето финале во рамките на четири изданија на првенството, но изгубиле од домаќинот Алжир.
90-те години
уредиВо 1992 година во списокот на победници се појавило ново име - репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. За првпат Купот на африканските нации се одржал во Сенегал, а бројот на учесниците бил зголемен до 12 репрезентации поради зголемениот број на земјите кои сакале да земат учество во квалификациите. Брегот на Слоновата Коска го освоил турнирот победувајќи ја Гана во финалето по изведувањето на пенали со 11-10. Репрезентацијата успеала да не дозволи да прими ниту еден гол од игра за време во петте средби од турнирот.
Во април 1993 година Замбија доживеала трагедија откако се урнал авионот со кој репрезентацијата на земјата патувала за Сенегал, за да го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство во САД. Во авионската несреќа починале сите 30 патници, вклучувајќи 18 фудбалери. Но неколку играчи кои настапувале во Европа, не биле во авионот за време на трагедијата. Тие станале основа на создавањето на новиот тим кој успеал да стигне до финалето на Купот на африканските нации во 1994 година во Тунис. Таму Замбија била поразена од Нигерија, за која ова било четврто финале за последните десет години.
Јубилејното дваесетто издание на Купот на африканските нации се одржало во Јужноафриканска Република во 1996 година. Ова било прво учество на домаќините на турнирот, откако била укината долгогодишната забрана за учество поради падот на апартхејдот и неуспешниот обид за пласман на првенството две години порано. На ова првенство учествувале 16 репрезентации од по четири групи, но во 1996 година тие биле 15 поради одбивањето на Нигерија да учествува во последен момент[5]. Јужноафриканците го освоиле ова издание на турнирот и повторно стигнале на финалната средба две години подоцна, но таму биле поразени од составот на Египет[6], кој на тој начин стигнал до својата четврта титула, израмнувајќи се со Гана.
21 век
уредиПрвенството во 2000 година било првото што било организирано од две земји - Гана и Нигерија. На ова првенство победник била репрезентацијата на Камерун, која успеала да го повтори успехот на следното издание. Во првенствата во 2004 и 2006 година шампиони станале домашните репрезентации. Во првиот случај тоа бил Тунис, кој до тој момент го немал освоено ниту еднаш турнирот, а во вториот - Египет, за кој ова била рекордна петта титула.
Египет ги освоил и следните два турнири, во 2008 и 2010 година и на тој начин станал првиот тим кој станал фудбалски шампион на Африка три последователни пати. Во 2010 година Камерунецот Самуел Ето поставил рекорд за најмногу постигнати голови во историјата на Купот на африканските нации со вкупно 18 погодоци.
Статистика
уредиРезултати
уреди- ^ Јужноафриканска Република била дисквалификуван поради апартхејдот.
- ^ Само три екипи учествувале.
- ^ Немало финален натпревар. Три екипи се натпреварувале меѓусебно и финалниот распоред изгледа: ОАР 4 бода, Судан 2 бода, Етиопија 0 бода.
- ^ Немало финален натпревар; Првенството било решено уште во групната фаза и финалниот распоред изгледа: Мароко 5 бода, Гвинеја 4, Нигерија 3, Египет 0 бода.
- ^ Натпреварот за третото место бил прекинат при резултат 1-1, кога екипата на Тунис се повлекла од теренот во 42-та минута во знак на протест. Нигерија службено го добила натпреварот со 2-0.[7]
- Клуч:
- a.e.t. – по продолжение
- pen. – по пенали
Резултати по нација
уреди* домаќин
Рекорди
уредиПрвенство | Натпревари | Голови | Голови по натпревар |
---|---|---|---|
1957 | 2 | 7 | 3.50 |
1959 | 3 | 8 | 2.67 |
1962 | 4 | 18 | 4.50 |
1963 | 8 | 33 | 4.13 |
1965 | 8 | 31 | 3.88 |
1968 | 16 | 52 | 3.25 |
1970 | 16 | 51 | 3.19 |
1972 | 16 | 53 | 3.31 |
1974 | 17 | 54 | 3.18 |
1976 | 18 | 54 | 3.00 |
1978 | 16 | 38 | 2.38 |
1980 | 16 | 33 | 2.06 |
1982 | 16 | 32 | 2.00 |
1984 | 16 | 39 | 2.44 |
1986 | 16 | 31 | 1.94 |
1988 | 16 | 23 | 1.44 |
1990 | 16 | 30 | 1.88 |
1992 | 20 | 34 | 1.70 |
1994 | 20 | 44 | 2.20 |
1996 | 29 | 78 | 2.69 |
1998 | 32 | 93 | 2.91 |
2000 | 32 | 73 | 2.28 |
2002 | 32 | 48 | 1.50 |
2004 | 32 | 88 | 2.75 |
2006 | 32 | 73 | 2.28 |
2008 | 32 | 99 | 3.09 |
2010 | 29 | 71 | 2.45 |
2012 | 32 | 76 | 2.38 |
2013 | 32 | 69 | 2.16 |
2015 | 32 | 68 | 2.13 |
2017 | 32 | 66 | 2.06 |
Шампиони по регион
уредиФедерација (Регион) | Шампион | Број |
---|---|---|
УНАФ | Египет (7), Алжир (1), Мароко (1), Тунис (1) | 10 titles |
ВАФУ) | Гана (4), Нигерија (3), Брег на Слонова Коска (2) | 9 titles |
УНИФФАК | Камерун (5), ДР Конго (2), Конго (1) | 8 titles |
ЦЕЦАФА | Етиопија (1), Судан (1) | 2 titles |
ЦОСАФА | ЈАР (1), Замбија (1) | 2 titles |
Наводи
уреди- ↑ „Africa Cup of Nations Cup to move to odd-numbered years“. BBC Sport. BBC. 16 May 2010. Посетено на 13 February 2012.
- ↑ BBC News (14 December 2001). „African Nations Cup - How it all began“. BBC. Посетено на 9 March 2007.
- ↑ BBC Sport (16 January 2004). „The early years“. BBC. Посетено на 9 March 2007.
- ↑ Macdonald, Tom (2010). The World Encyclopedia of Football:A Complete Guide to the Beautiful Game. Black friars Road, London, UK: Hermes House. стр. 61.
- ↑ Mark Gleeson (12 October 2004). „SA to meet Nigeria“. BBC Sport. Посетено на 10 December 2007.
- ↑ „African Cup of Nations: 1980-2002“. BBC. 16 January 2004. Посетено на 11 March 2007.
- ↑ „16 March 1978 - The Eagles Of Carthage Get Grounded“. www.thisdayinfootballhistory.blogspot.com. Посетено на 30 March 2013.
Надворешни врски
уреди„Африкански куп на нации“ на Ризницата ? |