Африкански куп на нации 2017

Африкански куп на нации 2017 (познат и како Тотал Африкански куп на нации - Габон 2017, АФКОН 2017, односно КАН 2017) е 31-вото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а ќе се одржи во Габон од 14 јануари до 5 февруари 2017 година.

Африкански куп на нации 2017
Податоци
Домаќин Габон Габон
Траење 14 јануари - 5 февруари
Tимови 16 (од една конфедерација)
Стадион(и) (во 4 градови)
Шампиони  Камерун (5. титула)
2. место  Египет
3. место  Буркина Фасо
4. место  Гана
Статистика
Вкупно натпревари 32
Вкупно голови 66  (2.06 по натпревар)
Публика
Најдобар стрелец(и) ДР Конго Жуниор Кабананга (3 гола)
Најдобар играч Камерун Кристијан Басогог
2019 →     ← 2015

Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017.

Првобитно било одлучено натпреварувањето во 2017 да се одржи во Либија,[1] меѓутоа, поради воената состојба во таа земја,во август 2014 КАФ одредил дека Африканскиот куп на нации 2017 ќе се одржи во Габон, по вторпат во историјата на натпреварувањето.[2][3] Победникот на Африканскиот куп на нации 2017 добива право на настап на Купот на конфедерации 2017 во Русија.

Камерун ја освоиле нивната петта титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи го Египет во финалето со 2–1. Буркина Фасо го освоиле третото место победувајќи ја Гана со 1-0.

Домаќинство

уреди

Прв избор

уреди

Боцвана,[4] Камерун,[5] Демократска Република Конго,[6] Гвинеја,[7] Мароко,[8] Јужноафриканска Република,[9] Замбија,[10] и Зимбабве[11] првобитно изразиле интерес за организацијата на Африканскиот куп на нации 2017.

КАФ добил три понуди до 30 септември 2010 година за домаќинство на Африканскиот куп на нации 2015 и Африкански куп на нации 2017 од Демократска Република Конго, Мароко и Јужноафриканската Република.[12]

После примените понуди за организирање на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017 КАФ започнал постапка за испекциски надзор со цел да ја посети секоја земја кандидат во поглед на стадионите, инфеаструктурата и заинтересираноста за организација на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017. После инспекцијата во ДР Конго од 12-15 ноември 2010 година, ДР Конго го известиле КАФ дека ја повлекуваат својата кандидатура за Африканскиот куп на нации во 2015 и 2017.[13][14]

На почетокот на ноември 2010 инспекцијата го посетила Мароко, а веќе следниот месец и Јужноафриканската Република.[15]

Држава Досегашни домаќинства
  Мароко 1988
  Јужноафриканска Република 1996[16]

На 29 јануари 2011 КАФ донел одлука домаќин на Африканскиот куп на нации во 2015 да биде Мароко, а во 2017 Јужноафриканската Република. Меѓутоа, поради војната во Либија во 2013, Јужноафрканската Република и Либија го замениле домаќинството на Африканскиот куп на нации, така што Јужноафриканската Република била домаќин на натпреварувањето во 2013 а Либија требало да биде на ова во 2017.[1]

Втор избор

уреди

По откажувањето на Либија од домаќинството на Африканскиот куп на нации на 22 август 2014, Африканската фудбалска конфедерација објавила дека прима нови пријави за организатор на Африканскиот куп на нации 2017 до 30 септември 2014.[17] Подоцна тој рок е преместен до 8 април 2015.[18]

Седум земји доставиле понуда за домаќинство на турнирот: Алжир, Египет, Габон, Гана, Кенија, Судан и Зимбабве.[19][20] Меѓутоа од нив, само четири држави: Алжир, Египет, Габон, и Гана, ги исполнувале критериумите на Африканската фудбалска конфедерација.[21][22] Подоцна Египет ја повлекол својата кандидатура.[23]

Некој држави како Кенија покажале интерес за домаќинството на турнирот со соседите Руанда и Уганда, меѓутоа не доставиле официјална кандидатура за домаќинството.[24]

Држава Досегашни домаќинства
  Алжир[25] 1990
  Габон[26] 2012
  Гана[27] 1963, 1978, 2000, 2008

Претседателот на КАФ Иса Хајату на 8 април 2015 објавил дека домаќин на Африканскиот куп на нации 2017 ќе биде Габон.[3] Габон веќе еднаш бил организатор на првенството во 2012 заедно со Екваторска Гвинеја.

Квалификации

уреди
 
  Репрезентации кој се кваилификувале на АКН 2015.
  Репрезентации кои не се квалификувале на АКН 2015.
  Дисквалификувани, се повлекле или воопшто не учествувале во квалификациите
  Не е член на КАФ

Вкупно 51 репрезентација учествувала во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017. Домаќинот Габон не настапил во квалификациите. Ждрепката со квалификациските групи била иузвлечена на 8 април 2015 во Каиро, Египет.[18] Во квалификациите не учествувале репрезентациите на Еритреја и Сомалија.

Поради откажувањето на Мароко од домаќинството на Африканскиот куп на нации 2015, првобитно КАФ и забранил на оваа репрезентација да учествува на Африкански куп на нации 2017 и 2019.[28] Меѓутоа, "Судот за спортска арбитража" (Court of Arbitration for Sport) ја укинал забраната, со што на Мароко му било дозволено да учествува во квалификациите.[29]

Интересно е тоа што трикратниот шампион на Африканскиот куп на нациите, Нигерија не се квалификувала.[30]

Квалификувани репрезентации

уреди
Репрезентација Се квалификувале како: Датум на квалификување Бр. на учества на АКН Последно
учество
на АКН
Најдобар резултат на АКН ФИФА ранг листа
(на почетокот на првенството)
 
  Габон Домаќин 8 април 2015 7 2015 Четвртфинале (1996, 2012) 110
  Мароко Победник на групата Ф 29 март 2016 16 2013 Шампион (1976) 57
  Алжир Победник на групата Ј 2 јуни 2016 17 2015 Шампион (1990) 38
  Камерун Победник на групата М 3 јуни 2016 18 2015 Шампион (1984, 1988, 2000, 2002) 65
  Сенегал Победник на групата К 4 јуни 2016 14 2015 Вицешампион (2002) 33
  Египет Победник на групата Г 4 јуни 2016 23 2010 Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) 36
  Гана Победник на групата Х 5 јуни 2016 21 2015 Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) 53
  Гвинеја-Бисао Победник на групата Е 5 јуни 2016 1 - Дебитант 68
  Зимбабве Победник на групата Л 5 јуни 2016 3 2006 Групна фаза (2004, 2006) 102
  Мали Победник на групата Ц 5 јуни 2016 10 2015 Вицешампион (1972) 60
  Брегот на Слоновата Коска Победник на групата И 3 септември 2016 22 2015 Шампион (1992, 2015) 34
  Уганда Второпласирани во групата Д 4 септември 2016 6 1978 Вицешампион (1978) 72
  Буркина Фасо Победник на групата Д 4 септември 2016 11 2015 Вицешампион (2013) 50
  Тунис Победник на групата А 4 септември 2016 18 2015 Вицешампион (2004) 35
  ДР Конго Победник на групата Б 4 септември 2016 18 2015. Шампион (1968, 1974) 48
  Того Второпласирани во групата А 4 септември 2016 8 2013 Четвртфинале (2013) 91
2 Закосен текст означува домаќин на тој турнир.

Местоположба на стадионите

уреди

Првенството ќе биде одиграно во четири града во Габон: Либрвил, Франсвил, Ојем и Порт Жантил. Градовите официјално се потврдени во октомври 2016.[31]

Либрвил Франсвил Ојем Порт Жантил
Стад д' Ангонџе Стад де Франсевил Стад д'Ојем Стад де Порт Жантил
Капацитет: 40.000 Капацитет: 22.000 Капацитет: 20.000 Капацитет: 20.000
Податотека:Нема слика.jpg Податотека:Нема слика.jpg    
0°31′20″N 9°23′36″E / 0.522204° СГШ; 9.393277° ИГД / 0.522204; 9.393277 1°38′19″S 13°34′28″E / 1.638611° ЈГШ; 13.574444° ИГД / -1.638611; 13.574444 1°36′02″N 11°33′59″E / 1.600551° СГШ; 11.566408° ИГД / 1.600551; 11.566408 0°43′33″S 8°47′01″E / 0.725729° ЈГШ; 8.783475° ИГД / -0.725729; 8.783475

Судии

уреди

Формат на натпреварување

уреди

Домаќинот на пвенството автоматски остварил пласман во групите, останатите 15 репрезентации морале да минат низ квалификации. На завршниот турнир репрезентациите се поделени во четири групи по четири тима. Тимовите во групата играат по еден натпревар меѓусебно. Двете првопласирани репрезентации од секоја група остваруваат пласман во четвртфиналето. Победниците во четвртфиналето играат полуфинале. Поразените полуфиналисти играат натпревар за трето место, додека победниците играат за титулата.[32]

Извлекување на групите

уреди

Извлекувањето на групите било одржано на 19 октомври 2016 година, во 18:30 UTC+1 часот, во Либрвил, Габон.[33][34]

Организациониот одбор на Афрчкиот куп мас состанокот одржан на 26 септември 2016 во Каиро ги одредил носителите земајќи го предвид учинокот на репрезентациите на Африканскиот куп на нации 2017 според резултатите од претходните натпреварувања:[35][36][37]

Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4

  Габон (22 б.; домаќин, доделена поз. A1)
  Брегот на С. Коска (63.5 б.; актуелен првак, доделена поз. Ц1)
  Гана (56.5 б.)
  Алжир (43.5 б.)

  Тунис (34.5 б.)
  Мали (33.5 б.)
  Буркина Фасо (33.5 б.)
  ДР Конго (29.5 б.)

  Камерун (29 б.)
  Сенегал (24 б.)
  Мароко (18.5 б.)
  Египет (15.5 б.)

  Того (15.5 б.)
  Уганда (12 б.)
  Зимбабве (10 б.)
  Гвинеја-Бисао (8.5 б.)

Групна фаза

уреди
  Поминува во четврт-финале

Група А

уреди
Африкански куп на нации 2017 - група A
Поз. Tim ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.   Буркина Фасо 3 1 2 0 4 2 +2 5
2.   Камерун 3 1 2 0 3 2 +1 5
3.   Габон (Д) 3 0 3 0 2 2 0 3
4.   Гвинеја-Бисао 3 0 1 2 2 5 -3 1

Извор: CAFonline.com






Група Б

уреди
Афикански куп на нации 2017 - група Б
Поз. Tim ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.   Сенегал 3 2 1 0 6 2 +4 7
2.   Тунис 3 2 0 1 6 5 +1 6
3.   Алжир 3 0 2 1 5 6 -1 2
4.   Зимбабве 3 0 1 2 4 8 -4 1

Извор: CAFonline.com






Група Ц

уреди
Африкански куп на нации 2017 - Група Ц
Поз. Tim ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.   ДР Конго 3 2 1 0 6 3 +3 7
2.   Мароко 3 2 0 1 4 2 +2 6
3.   Брегот на Слоновата Коска 3 0 2 1 2 3 -1 2
4.   Того 3 0 1 2 2 6 -4 1

Извор: CAFonline.com






Група Д

уреди
Африкански куп на нации 2017 - група Д
Поз. Tim ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.   Египет 3 2 1 0 2 0 +2 7
2.   Гана 3 2 0 1 2 1 +1 6
3.   Мали 3 0 2 1 1 2 -1 2
4.   Уганда 3 0 1 2 1 3 -2 1

Извор: CAFonline.com






Нокаут фаза

уреди

Ждрепка

уреди
Четвртфинале Полуфинале Финале
                   
28 јануари 2017 - Либрвил        
   Буркина Фасо  2
1 февруари 2017 - Либрвил
   Тунис  0  
   Буркина Фасо  1 (3)
29 јануари 2017 - Порт Жантил
     Египет (пен.)  1 (4)  
   Египет  
5 февруари 2017 - Либрвил
   Мароко    
   Египет  1
28 јануари 2017 - Франсвил
     Камерун  2
   Сенегал  0 (4)
2 февруари 2017 - Франсвил
   Камерун (пен.)  0 (5)  
   Камерун  2 Трето место
29 јануари 2017 - Ојем
     Гана  0  
   ДР Конго  1    Буркина Фасо  1
   Гана  2      Гана  0
4 февруари 2017 - Порт Жантил

Четвртфинале

уреди
28 јануари 2017
17:00
Буркина Фасо   2–0   Тунис Стад д' Ангонџе, Либрвил
Судија:   Даниел Фрејзер Бенет
Бансе   81'
Накулма   85'
Извештај

28 јануари 2017
20:00
Сенегал   0–0
(4–5 пен.)
  Камерун Стад де Франсевил, Франсевил
Судија:   Џани Сиказве
Извештај
  Пенали  
Кулибали  
Мбоџи  
Со  
Саиве  
Мане  
4–5   Муканџо
  Ојонго
  Теику
  Зуа
  Абубакар

29 февруари 2017
17:00
ДР Конго   1–2   Гана Стад д'Ојем, Ојем
Судија:   Бернар Камил
М'Поку   68' Извештај Џ. Ају   63'
А. Ају   78' (пен..)

29 февруари 2017
20:00
  Египет 1-0   Мароко Стад де Порт Жантил, Порт Жантил
Судија:   Ерик Отого-Кастан
Кахраба   88' Извештај

Полуфинале

уреди
1 февруари 2017
20:00
Буркина Фасо   1-1
(3-4 пен.)
  Египет Стад д' Ангонџе, Либрвил
Судија:   Маланг Дједиу
Бансе   73' Салах   66'
  Пенали  
Ал. Траоре  
Диавара  
Јаго  
Кофи  
Траоре  
3-4   Саид
  Соби
  Хегази
  Салах
  Варда

2 февруари 2015
20:30
Камерун   2-0   Гана Стад де Франсевил, Франсвил
Судија:   Бакари Гасама
Нгадо-Нгаџуи   72'
Басогог   90+3'

Натпревар за 3. место

уреди
4 февруари 2017
20:00
Буркина Фасо   1-0   Гана Стад де Порт Жантил, Порт Жантил
Судија:   Мехди Абид Шареф
Траоре   89'

Финале

уреди
5 февруари 2017
20:00
Египет   1-2   Камерун Стад д' Ангонџе, Либрвил
Судија:   Џани Сиказве
Елнени   22' Нкулу   59'
Абубакар   88'

Победник

уреди
Победник на Африканскиот куп на нации 2017
 
Камерун
5. титула

Конечен пласман на првенството

уреди
# Репрезентација
1   Камерун
2   Египет
3   Буркина Фасо
4   Гана
5   Сенегал
6   ДР Конго
7   Мароко
8   Тунис
9   Габон
10   Алжир
11   Брегот на Слоновата Коска
12   Мали
13   Уганда
14   Гвинеја-Бисао
15   Зимбабве
16   Того

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „South Africa replace Libya as 2013 Nations Cup hosts“. BBC. 28 септември 2011. Посетено на 20 декември 2016.
  2. „Libya stripped of right to host 2017 Nations Cup“. Reuters. 23 август 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 20 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 „Gabon named hosts of AFCON 2017“. CAF. 8 април 2015. Посетено на 20 декември 2016.
  4. „BFA eyes new stadium to host 2015 AFCON“. Mmegi Online. Посетено на 20 декември 2016.
  5. „Cameroon to host African Cup of Nations?“. global post. 26 септември 2010. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  6. „DR Congo name local committee to back 2015 nations cup bid“. Star Africa. 20 август 2010. Посетено на 20 декември 2016.[мртва врска]
  7. „Guinea Wants To Host 2015 Africa Cup Of Nations“. goal.com. 11 септември 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  8. „Morocco to host African Cup of Nations?“. global post. 26 септември 2010. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  9. „SA bids for 2015 Nations Cup“. KickOff Magazine. 29 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2 октомври 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  10. „Zambia Bids to Host 2015 Africa Cup Of Nations“. Zambian Watchdog. 5 ноември 2010. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на 20 декември 2016.
  11. „Zim's Afcon bid faces SA challenge“. Zimbabwe Independent. 30 септември 2010. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  12. „CAN 2015, 2017 bid applications closed“. CAF Online. 2 октомври 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  13. „Organisation de la Can 2015 : Une commission de la Caf en Rdc le 12 ноември prochain en visite d'inspection“. Groupelaviner. 22 октомври 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  14. „DR Congo withdraws CAN 2015, 2017 bid“. CAF Online. 15 ноември 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  15. „AFCO 2015 and 2017/ Morocco: CAF for inspection in Casablanca“. Star Africa. 10 ноември 2010. Посетено на 20 декември 2016.
  16. За време на кандидатурата Јужноафриканската Република во 1996 година последен и до тогаш единствен пат била домаќин на Африканскиот куп на нации. Јужноафриканската Република подоцна добила понуда за организирање на купот во 2013 после откажувањето на Либија заради војната во таа земја.
  17. „Libya withdraws from the organization of AFCON 2017“. Cafonline.com. 23 август 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  18. 18,0 18,1 „Format of 2017 AFCON Qualifiers and 2018 World Cup“. CAFonline.com. 22 јануари 2015. Посетено на 22 декември 2016.
  19. „Seven bids received from 2017 AFCON“. Cafonline.com. 7 октомври 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  20. „2017 Nations Cup: Seven countries bid to host finals“. BBC Sport. 7 октомври 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  21. „Other Resolutions of the Executive Committee Meeting of 11-11-2015“. CAF. 16 ноември 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  22. „2017 Nations Cup: Four nations left to bid to host tournament“. BBC.com. 17 ноември 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  23. „Africa Cup of Nations: Egypt confirms 2017 bid withdrawal“. BBC.com. 23 февруари 2015. Посетено на 22 декември 2016.
  24. „Kenya, Rwanda and Uganda stage joint bid for 2017 Nations Cup“. New Vision. 28 август 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-12. Посетено на 22 декември 2016.
  25. „CAN 2017 : L'Algérie ne serait plus favorite ! Le Ghana et le Mali candidats“. GlobalNet. 27 август 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  26. „La Libye renonce à la CAN 2017 : Et le Gabon…?“. Gabon Review. 26 август 2014. Посетено на 22 декември 2016.
  27. „Ghana to bid for 2017 Africa Cup of Nations hosting rights“. Ghana Soccernet. 26 август 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 22 декември 2016.
  28. „Morocco Fined, Banned From Two AFCON Tournaments“. CAF Online. 6 февруари 2015. Посетено на 22 декември 2016.
  29. „Morocco win appeal over Afcon 2017 and 2019 bans“. BBC Sport. 2 април 2015. Посетено на 22 декември 2016.
  30. „Afcon 2017: Nigeria fail to qualify after defeat by Egypt“. BBC Sport. 29 March 2016. Посетено на 30 March 2016.
  31. „TOURNAMENT DETAILS FINALIZED AT TEAMS WORKSHOP“. CAFonline.com. 18 октомври 2016. Посетено на 22 декември 2016.
  32. „Regulations of the Orange Africa Cup of Nations“ (PDF). Confederation of African Football. Посетено на 22 декември 2016.
  33. „Accreditation for the Draw of the Final Tournament of the Total Africa Cup of Nations Gabon 2017“. CAF. 19 август 2016. Посетено на 23 декември 2016.
  34. „Results of the draw“. 19 октомври 2016. Посетено на 23 декември 2016.
  35. „Gabon, Cote d'Ivoire, Ghana, Algeria named top seeds“. CAF. 27 септември 2016. Посетено на 23 декември 2016.
  36. „Draw procedure“ (PDF). CAF. Посетено на 23 декември 2016.
  37. „Final Ranking Africa Cup of Nations“ (PDF). CAF. Посетено на 23 декември 2016.

Надворешни врски

уреди