Македонски Срби
Србите се уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот од 2002 година нивниот број е 35 939 жители или 1,78% од вкупното население. Од политичка гледна точка, Србите во Македонија имаат 4 свои политички партии (ССМ - Српска странка во Македониjа, ДПСМ - Демократска Партија на Србите во Македонија и РССМ - Радикална Странка на Србите во Македонија, СНСМ - Српска напредна странка во Македонија), пратеник во Собранието на РМ, како и некои јавни личности кои учествуваат во политичкиот и културниот живот на Република Македонија.
Македонски Срби Срби у Македонији | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Вкупен број на населението | ||||||||||||||||||
35.939 | ||||||||||||||||||
Региони со значително население | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Јазици | ||||||||||||||||||
македонски и српски јазик | ||||||||||||||||||
Религии | ||||||||||||||||||
Православно христијанство | ||||||||||||||||||
Поврзани етнички групи | ||||||||||||||||||
Срби, како и останатите јужнословенски народи. |
Историја
уредиПрвото забележано присуство на Срби во Македонија може да се означи кон крајот на XIX век, меѓутоа тоа е само од формален аспект. Со продорот на српската црковно-просветна и научно-политичка пропаганда во Македонија кон крајот на XIX век, дел од Македонците примиле српска национална свест и започнале да се изјаснуваат и сметаат за Срби, иако немале српско етничко, културно и јазично потекло.[се бара извор] Оваа појава се забележува и денес, особено во повеќе села на Скопска Црна Гора каде голем дел од македонското население се изјаснува и смета за српско, иако е со македонско етничко, културно и јазично потекло,[се бара извор] а и голем дел од нивните роднини се изјаснуваат и сметаат за Македонци.
Првите доселувања на Срби во Македонија се случуваат по 1913 година, односно по Букурешкиот мировен договор, кога вардарскиот дел на Македонија потпаднал под власта на Кралството Србија. Засилено и насилно населување на Срби - колонисти од хрватските области Лика, Кордун и Банија, како и од Црна Гора и Херцеговина се забележува во текот на 20-тите години на XX-от век. Во тоа време, насилно на земјата на Македонците биле населувани српски колонисти од другите краишта на Кралството Југославија, а ним им се давал во сопственост и поголемиот дел од земјоделското земјиште. Во овој период е забележана колонизација на Срби особено во југоисточна Македонија, во Дојранско, Валандовско и Гевгелиско и во рамничарските предели на Пелагонија, Скопското Поле, Росоманско и Неготинско во Повардарието.
За време на Втората светска војна, бугарските власти насилно ги иселуваат скоро сите српски колонисти од Македонија. По силните залагања на Методија Андонов - Ченто и Президиумот на АСНОМ, а со согласност на Јосип Броз Тито, враќањето на српските колонисти во Македонија по завршетокот на Втората светска војна било спречно и забрането.
Во времето на СФРЈ се забележува доселување на Срби во Македонија но со многу намален интензитет. Претежно се населувале воени лица од ЈНА кои често се женеле за Македонки поради што добивале воени станови и останувале во Македонија.
Области и населени места
уредиНајголем број на Срби во Македонија претежно живее во градовите и во северниот дел на државата. Најголема застапеност на Срби има во Кумановско (областа Козјачија), Скопска Црна Гора (иако тоа се луѓе со македонско етничко потекло), градот Скопје, а некои потомци од српските колонисти се останати во селата Огњанци (Скопско) каде живеат измешани со Македонци, Албанци и Роми, и во селата Јосифово (Валандовско), Марвинци (Гевгелиско), Црничани (Дојранско) и Росоман (Тиквешко) каде живеат измешани со Македонци и го имаат прифатено месниот македонски југоисточен дијалект.
Статистички Србите во Македонија се најзастапени во општините: Чучер-Сандево со 28,6%, Старо Нагоричане со 19,1%, Куманово со 10,5% и градот Скопје со 2,82% каде што живее најголемиот број на Срби во Македонија.
Населени места
уредиПрисутност на Србите по населени места, според пописните резултати од 2002 година:
Населено место | Вкупно | Срби |
---|---|---|
Град Скопје | 467 257 | 14.251 |
Куманово | 70.842 | 4.727 |
Кучевиште | 3.167 | 1.654 |
Тромеѓа | 1.298 | 604 |
Тетово | 52.915 | 587 |
Табановце | 910 | 516 |
Долно Коњаре | 1.286 | 516 |
Карпош (Куманово) | 5.433 | 503 |
Битола | 74.550 | 499 |
Старо Нагоричане | 555 | 452 |
Речица | 557 | 445 |
Охрид | 42.033 | 331 |
Матејче | 3.394 | 325 |
Горно Коњаре | 1.136 | 314 |
Велес | 43.716 | 297 |
Гевгелија | 15.685 | 292 |
Селемли | 327 | 292 |
Бањане | 597 | 288 |
Марвинци | 540 | 280 |
Штип | 43.652 | 272 |
Огњанци | 1.142 | 256 |
Љубодраг | 686 | 243 |
Мршевци | 651 | 242 |
Росоман | 2.554 | 238 |
Умин Дол | 442 | 226 |
Четирце | 249 | 215 |
Никуљане | 210 | 205 |
Ново Село (Кумановско) | 274 | 204 |
Пепелиште | 1.070 | 194 |
Чучер-Сандево | 299 | 180 |
Богданци | 6.011 | 176 |
Илинден | 4.931 | 176 |
Струмица | 35.311 | 175 |
Јосифово | 1.730 | 174 |
Иванковци | 857 | 172 |
Мралино | 821 | 166 |
Побожје | 591 | 166 |
Бедиње | 2.327 | 164 |
Кавадарци | 29.188 | 159 |
Прилеп | 66.246 | 151 |
Алгуња | 237 | 149 |
Гостивар | 35.847 | 146 |
Кадино | 2.090 | 140 |
Марино | 3.533 | 129 |
Криволак | 1.021 | 127 |
Сирково | 603 | 127 |
Тремник | 827 | 121 |
Неготино | 13.284 | 117 |
Петровец | 2.659 | 99 |
Крива Паланка | 14.558 | 88 |
Пробиштип | 10.816 | 83 |
Кичево | 27.067 | 82 |
Лопате | 2.448 | 80 |
Балинци | 328 | 78 |
Проевце | 2.311 | 73 |
Мирковци | 969 | 72 |
Струга | 16.559 | 72 |
Брвеница | 2.918 | 68 |
Кочани | 28.330 | 63 |
Валандово | 4.402 | 58 |
Ресен | 8.748 | 58 |
Радовиш | 16.223 | 60 |
Свети Николе | 13.746 | 52 |
М'гленце | 84 | 51 |
Тимјаник | 1.155 | 49 |
’Ржаничино | 855 | 45 |
Режановце | 705 | 42 |
Сопиште | 5.325 | 39 |
Кратово | 6.924 | 39 |
Опае | 1.996 | 38 |
Карабичане | 43 | 37 |
Стојаково | 1.931 | 36 |
Демир Капија | 3.275 | 34 |
Миладиновци | 1.276 | 34 |
Стар Дојран | 363 | 32 |
Биљановце | 1.231 | 32 |
Глуво | 349 | 31 |
Сушево (Кумановско) | 34 | 30 |
Црничани | 221 | 29 |
Горњане | 80 | 29 |
Сретеново | 315 | 29 |
Нов Дојран | 1.100 | 27 |
Крушево | 5.330 | 26 |
Делчево | 11.500 | 25 |
Брајковци | 437 | 25 |
Дебар | 14.561 | 22 |
Ѓавато | 438 | 21 |
Ваташа | 3.502 | 20 |
Виница | 10.863 | 20 |
Македонска Каменица | 5.147 | 20 |
Вратница | 505 | 20 |
Богородица | 1.001 | 18 |
Клечевце | 573 | 17 |
Брзак | 104 | 16 |
Градско | 2.219 | 14 |
Берово | 7.002 | 14 |
Николиќ | 541 | 13 |
Агино Село | 965 | 13 |
Дељадровци | 532 | 12 |
Дуброво | 106 | 11 |
Образование и култура
уредиВо Република Македонија е овозможено изучување на српскиот јазик за српското малцинство во основното и средното образование. Во минатото скопската гимназија „Орце Николов“ била отворена како гимназија на српски јазик, а денес српски јазик се изучува само во кумановската гимназија. Постои и катедра за српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
На вториот канал на националната телевизија постои програма на српски јазик, а во минатото постоеше и телевизија на српски јазик во Скопје (ТВ 96). Постојат и повеќе списанија на српски јазик, а во Македонија на големо е достапен и печатот на српски јазик од Србија, особено таблоидите, жолтиот и естрадниот печат.
Македонските глумци со српско потекло Дејан Лилиќ и Александар Микиќ во Драмскиот театар ја одгираа првата претстава („Кафез“) на српски јазик во независна Република Македонија. Поради политичките и културните блискости, српскиот јазик многу често се среќава на македонските телевизии и медиуми преку српската музика, песни, филмови, емисии, реални-шоуа и чести гостувања на српски пејачи и уметници во Македонија.
Познати македонски Срби
уреди- Владимир Тодоровиќ – стопанственик и поранешен градоначалник на општина Центар
- Светомир Шкариќ – универзитетски професор
- Влада Урошевиќ – академик, књижевник и универзитетски професор
- Гордана Јовиќ-Стојковска – књижевник, преводилац, есеистичар,издавач, претседател на Национален совет на Дрби во Македонија
- Иван Стоилковиќ – пратеник во Собранието на РМ и претседател на ДПСМ
- Перо Антиќ – кошаркар, поранешен македонски репрезентативец
- Тони Симиќ – кошаркар, поранешен македонски репрезентативец
- Марко Маринковиќ – хип-хоп изведувач
- Александар Микиќ – глумец
- Дејан Лилиќ – глумец
- Драган Павловиќ - Латас – новинар, главен уредник на телевизија Сител и дневниот весник „Вечер“
- Ирена Цветковиќ – граѓански активистк, феминистка и колумнист