Марко Маринковиќ-Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика (роден на 15 август 1986 година во Скопје) — македонски рапер, продуцент, поп и хип-хоп пејач. Тој започнал со своите музички творби кога имал 12 години.[1]

Слаткаристика
Марко Маринковиќ
Животописни податоци
Роден(а)15 август 1986(1986-08-15)(38 г.)
Скопје
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанрови
Занимања
ИнструментиВокал
Период на активност2004–сè уште
Слаткар пее во студио

Животопис

уреди

На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата Единствена Опција, а во 2004 година заедно го издале албумот „Рап Тврдина“. Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Кацар, Желе, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формирал хип-хоп екипажот Токсикологија. Во мај 2009 година потпишал договор со продукција „Јованов Рекордс“ и го издал својот прв соло албум под наслов „Слаткаристика Будало“, кој постигнал значителни успеси со песните „Шопинг“, „ФМ“, „Да полетам“ и „Топ“. Тоа претставувала најава на револуцијата на хип-хоп музиката во Македонија.

Понатака во кариерата имал и свои концерти во Охридско-Античкиот театар, Дом на култура - Штип и Струмица, Спортска сала "Младост" - Битола и Метрополис арена - Скопје. Во мај 2010 година бил издаден ДВД со неговиот голем концерт во Арената Метрополис во Скопје. Во 2011 година ги објавил сингловите „Класика“ и „Екстра, екстра“. Во 2012 го извадил својот втор соло албум „Новиот Албум“ кој достигнал голема популарност со песните „Олабави ме“, „Сара“, „Разговор со совеста“, „Бум Бам“ и други. Во 2015 објавил неколку хитови како „Бумеранг“ и „Дими Џам“. Во 2016 излегла една од неговите најслушани песни „Тик Так“ во колаборација со Криско која има над 12.000.000 прегледи. Истата година излегла и песната „Кажи Да“ која исто така постана хит. Во 2017 излегла песната која била слушана низ цела Македонија и Балканот и која има над 18.000.000 прегледи - „Терориста“. Веднаш по неа ја извадил песната „Мани“. Во 2018 објавил неколку песни, меѓу кои се „Луда Романтика“ во месец март, „Отворено Писмо“ во септември и „Амстердам“ која што излегла во ноември. Во 2019 година направил низа проекти во соработка со "Урбан Рекордс" како што се песните „Дијаманти“ со Два Бона и „Марадона“ со Таско. Исто така тој е автор и на првиот македонско-грчки музички проект наречен „Марија“.

Љубовен живот

уреди

Во 2014, тој се оженил со Сања Николиќ, а во 2020 го добиле синот Моша.

Спотови

уреди
Спот Година Режисер
NL WOW 2004
Внимание 2004
Жолта штампа 2008
Остај ме да пишувам 2009
Шопинг 2009 Јован Јованов
FM 2009
Спушти се доле 2009
Да полетам 2010 Јован Јованов
Биди зелен 2010 Томато продкуција
Екстра, екстра 2011 Exit B Production
Класика 2011 Exit B Production
Tonight 2012 Огнен Шапковски
Олабави ме 2012 Огнен Шапковски
Добро да е 2013 Томато продкуција
Дими Џам 2014 Владимир Дади Ивановски
Тик Так 2016 Flux
Терориста 2017 Огнен Шапковски
Money 2017 Мартин Макариев
Луда Романтика 2018 Flux
Амстердам 2018 Огнен Шапковски
Дијаманти 2019 God Eye Production
Maradona 2019 God Eye Production
Dinero 2019 God Eye Production
Maria 2019 God Eye Production
Odisea 2019 Крсте Шупев
Batman 2019 Крсте Шупев
Распукала Шар планина 2020 Крсте Шупев
Get down more 2020 Крсте Шупев
Bypass 2021 Ljubba
Безобразна си ти 2022 Крсте Шупев
Ново BMW 2022 Крсте Шупев
Гусари 2022 Драган Божино
Аман аман 2022 Драган Божино
Сибир 2023 Крсте Шупев
Насмевка 2023 Крсте Шупев
Мъка 2023 Димитрис Георгиев
Алал вера 2023 Никола Димов
Ај леле 2023 Reezy Rane
Allo 2023 Reezy Rane
Дон Пери 2023 Reezy Rane
Sugar 2024 Reezy Rane
Милион лета 2024 Крсте Шупев
Немир 2024 Никола Димов
Провокација 2024 Reezy Rane
Налеј 2024 Reezy Rane
Океани 2024 Мартин Филиповски
Жими се 2024 Владислав Гавриловски

Наводи

уреди
  1. „Ќе си славам дома сам: Слаткар и Сања имаат син“. Еден на еден. 2020-04-15. Посетено на 2021-03-06.

Надворешни врски

уреди