Тони Симиќ (роден на 8 јуни 1976 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и репрезентативец. Тони Симиќ играл на центарската позиција. Тој е моментално тренер на Партизан Водно Санс.

Тони Симиќ
ПозицијаЦентар (како играч)
Тренер
Висина2,10 м
Тежинакг
ЛигаВтора македонска кошаркарска лига
ЕкипаПартизан Мулти Шпед
Роден8 јуни 1976 (1976-06-08) (43 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1993–2016
Клубови
Како играч:
1993-1998МЗТ Аеродром
1998-2005Работнички
2005Котвице
2005-2009Работнички
2009-2010Вардар Осигурување
2010-11Работнички
2011-2014Лирија
2014-2015Фени Индустри
2015-2016Работнички
Како тренер:
2018–Партизан Водно Санс
Репрезентација
Инфо од: 23.01.2020.

КариераУреди

Тони Симиќ имал кратка меѓународна кариера во полски Котвице во 2005 година кога на почетокот на сезоната одиграл два натпревари.[1][2]

Откако бил без клуб во сезоната 2015/16, во декември Симиќ потпишал за второлигашот Гостивар.[3][4] Во 2016 година Симиќ се пензионирал како кошаркар и станал тренер на младинската школа на Работнички.[5] Потоа Симиќ станал младински тренер на Партизан Мулти Шпед.[6] Во сезоната 2018/19, Симиќ станал тренер на сениорите на Партизан Мулти Шпед Водно Санс, екипа која се натпреварувала во Втората лига.[7] Следната сезона, Симиќ продолжил како тренер на Партизан Водно Санс.[8]

УспесиУреди

ТитулиУреди

  МЗТ АеродромУреди

  РаботничкиУреди

ПризнанијаУреди

НаводиУреди

  1. Тони Симиќ статистика pzkosz.pl
  2. Тони Симиќ статистика plk.pl
  3. Ветеранот не се предава: Симиќ и се враќа на кошарката – ќе игра за второлигашот Гостивар! sportmedia.mk 15 декември 2015
  4. Тони Симиќ го засили второлигашот Гостивар sport365.mk 15 декември 2015
  5. Тони Симиќ нов тренер во школата на Работнички sportmedia.mk 5 септември 2016
  6. МКФ бара да се игрa, Партизан бара службена победа“, sportmedia.mk, 29 мај 2018 (посет. 5 јуни 2018 г).
  7. Листа на одобрени играчи и службени лица сезона 2018/19“, Македонска Кошаркарска Федерација, 25 јануари 2019 (посет. 1 февруари 2019 г).
  8. Листа на одобрени играчи и службени лица сезона 2019/20“, Кошаркарска Федерација на Македонија, 17 декември 2019 (посет. 23 јануари 2020 г).
  9. Фершпед Работнички шампион по 12-ти пат vest.com.mk 26 мај 2005
  10. „Новинарите“ подобри од репрезентацијата“, sportskoradio903.com.mk, 25 декември 2006 (посет. 26 февруари 2018 г).
  11. Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“, vecer.mk, 25 декември 2006 (посет. 26 февруари 2018 г).
  12. 12,0 12,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  13. Тони Симиќ е кошаркар на годината“, vest.com.mk преку archive.li, 9 февруари 2010 (посет. 26 февруари 2018 г).
  14. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).

Надворешни врскиУреди