Бреша Калчо е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Бреша, Ломбардија. Во моментов се натпреварува во највискота лига по ранг во Италија, Серија А.

Бреша
Brescia calcio badge.png
Целосно имеБреша Калчо С.п.а.
Основан1911
СтадионСтадион Марио Ригамонти
Бреша, Италија
Капацитет16,308
ПретседателИталија Масимо Челино
ТренерИталија Еуџенио Корини
ЛигаСерија А Серија А
2018–19Серија А, 1-ви
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клубот е основан во 1911 година и го држи рекордот по бројот на одиграни сезони во Серија Б со вкупно 53, вклучувајќи ги и 18-те по ред во периодот од 1947 до 1965, и биле победници трипати. Бреша има одиграно и 22 сезони во Серија А, каде најдобар пласман им е 7-мото место во сезоната 2001-2002, предводени од легендата на италијанскиот фудбал Роберто Баџо, исто така се квалификувале за Интертото купот за следната сезона и за првпат во својата историја клубот заиграл во некое од европските натпреварувања. Во Интертото Бреша стигнала до финалето, но загубила од Париз Сен Жермен поради правилото гол во гости, откако во двата натпревари резултатот бил нерешен.

Боите на клубот се сината и белата. Својте домашни натпревари Бреша ги игра на стадионот Марио Ригамонти кој е со капацитет од 16,308 седечки места.

УспесиУреди

Домашни натпреварувањаУреди

1964-1965, 1991-1992, 1996-1997
1938-1939 (група Ц)
1984-1985 (група A)

Меѓународни натпреварувањаУреди

1993-1994

Младински натпреварувањаУреди

1974-1975
1996

Останати пласманиУреди

2000-2001
Финале : 2001
Полуфинале: 2001-2002

Познати играчиУреди

Познати тренериУреди

Надворешни врскиУреди