Примера Дивисион (Аргентина)
Примера Дивисион Аргентина или само Примера Дивисион (шпански: Primera División de Argentina) - е професионална фудбалска лига во Аргентина, и моментално највисокото ниво на таа земја.
Земја | Аргентина |
---|---|
Конфедерација | КОНМЕБОЛ |
Основана | 1891 |
Број на клубови | 26 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Примера Насионал (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Аргентина Лига куп на Аргентина |
Тековен првак | Ривер Плејт (37. титула) (2021) |
Најмногу титули | Ривер Плејт (37 титули) |
ТВ партнери | ESPN Premium TNT Sports |
Мрежно место | Мрежно место |
Примера Дивисион (Аргентина) 2022 |
Првенството од настанувањето во 1891 до 2017 го организирал Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА).[1] Од 2017 до 2020 година, првенството го организирала организацијата „Суперлига Аргентина” па и самото првенство го носело името Суперлига на Аргентина,[2] а од 2020 година, АФА одново управува со првенството.[3]
Првото првенство било одржано во 1891 година,[4] со што Аргентина станала првата земја вон Обединетото Кралство, која воспоставила фудбалска лига.[5] Во раните години, само клубовите од Буенос Аирес и Росарио биле придружени во националниот сојуз.[6] Клубовите од другите градови се придружиле подоцна.
Лигата станала професионална во 1931 година, кога 18 клубови се одвоиле од аматерските лиги за да формираат професионална лига.
Наводи
уреди- ↑ La Superliga dio el puntapié inicial, Página/12, 28 Jul 2017
- ↑ El fútbol que viene asomando by Gustavo Veiga, Página/12, 28 Jun 2017
- ↑ Reunión clave en el fútbol argentino: Tapia recibió a los principales dirigentes de Primera con la idea de ponerle fin a la Superliga on Infobae, 26 Feb 2020
- ↑ Historia del Fútbol Amateur en la Argentina, by Jorge Iwanczuk. Published by Autores Editores (1992) - ISBN 9504343848
- ↑ "Salvation army", The Guardian, 4 June 2006
- ↑ Argentina – 1ra. División 1894 Архивирано на 17 јуни 2020 г. by José Carluccio, 19 Nov 2008