Премиер лига на Англија 2003-2004

Премиер лига на Англија 2003-2004 била 105-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 12-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 16 август 2003, а завршила на 15 мај 2004, со триумф на екипата на Арсенал.

Премиер лига на Англија 2003-2004
Barclaycard Premiership 2003-2004
Logo of competition
Натпреварување Премиер лига на Англија
Спорт Фудбал
Издание 105-то
Период од: 16 август 2003
до: 15 мај 2004
Држава  Англија
Резултати
Шампион Арсенал Арсенал
13. титула
Лига на шампиони
Куп на УЕФА
Испаднале Лестер Сити Лестер Сити
Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
Вулверхемптон Вулверхемптон
Статистика
Најдобар стрелец Франција Тјери Анри
(30 гола)
Одиграни натпревари 380
Постигнати голови 1.012 (2,66 по натпревар)
Капитенот на Арсенал, Патрик Виера, го подигнува трофејот освоен од топџиите.
Хронологија на натпреварувањето
2002–03 2004–05

Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Портсмут, Лестер Сити и Вулверхемптон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2003-2004. Тие ги замениле Вест Хем Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Сандерленд, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.

На 25 април 2004, Арсенал станале шампиони по тринаесетти пат во клупската историја, после ремито на гостувањето кај Тотенхем.[1] Успехот на топџиите останал запаметен и по фантастичната сезона во која до титулата тие стигнале без ниту еден пораз со што го добиле епитетот Непобедливите. Најблиските конкуренти на Арсенал во оваа сезона биле Челси и Манчестер Јунајтед кои останале на -11 и -15 бодови од шампионите. Првата четворка, која го дала списокот на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона, ја заокружила екипата на Ливерпул.

Петтопласираниот Њукасл Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Мидлсбро, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона.

Лестер Сити, Лидс Јунајтед и Вулверхемптон биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.

Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 30 постигнати гола.

Општо

уреди

Формула

уреди

Трета последователна сезона, четирите највисоко пласирани екипи од Премиер лигата на крајот од сезоната стекнуваат право да играат во Лигата на шампионите; две (шампионот и вицешампионот) директно во групната фаза на натпреварувањето, а две (третиот и четвртиот) во квалификациите. Петто рангираната екипа и победниците на ФА Купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Чемпионшип.

Новини

уреди

Пред почетокот на сезоната, Манчестер Сити го напуштиле нивниот дотогашен домашен терен Мејн Роуд по повеќе од 80 години за да се преселат на модерниот Градски стадион во Манчестер.

Промена на екипи

уреди

Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2003-2004, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2002-2003, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 2002-2003, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Портсмут, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија по цели петтнаесет години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 1987-1988, потоа Лестер Сити, кои се вратиле по една година отсуство и испаѓањето во сезоната 2001-2002, и Вулверхемптон Вондерерс, кој како победник на плејофот се вратил во "елитното друштво" за првпат од раните 1980-ти години, поточно по цели 20 години. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона Вест Хем Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Сандерленд.

Настани

уреди
 
Тјери Анри со 30 гола бил најдобар стрелец во првенството и еден од најзаслужните за освојувањето на титулата на „топчиите“.

Откако се квалификувале за Лигата на шампионите во претходната сезона, Челси добил буџет од 100 милиони фунти за трошење на играчи од светска класа, финансирани од нивниот нов сопственик русинот Роман Абрамович. Тие заедно со бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед важеле за најголеми фаворити за освојување на титулата. Но наместо тоа, титулата отишла во рацете на Арсенал, кои го завршиле првенството непоразени (26 победи, 12 нерешени и 0 порази), со што го израмниле рекордот поставен од Престон Норт Енд во сезоната 1888-1889. Благодарение на ова престижно достигнување, играчите на „топчиите“ го добиле прекарот Invincibles (на македонски Непобедливите).

Уште од самиот почеток Арсенал се нашол на врвот на табелата, но после шесттото коло таму биле изедначени со градскиот ривал Челси. Откако три кола по ред двете екипи го делеле првото место со еднаков број на бодови, „топчиите“ стекнале предност во однос на „сините“ со победата во директниот дуел одигран на Хајбери со 2-1. Така, Арсенал останал осамен лидер на табелата сè до 14-тото коло, кога по ремито без голови на домашен терен против Фулам биле престигнати од Челси. Во 16-тото коло Арсенал се вратиле на врвот на табелата, но веќе во следното коло дошло до нова промена на врвот на табелата каде сега се нашла екипата на Манчестер Јунајтед. "Црвените ѓаволи" се задржале на првото место до 21-вото коло.

Арсенал додале гас во вториот дел од првенството предводени од нивниот најдобар стрелец Тјери Анри, престигнувајќи го Манчестер Јунајтед и отвориле солидна предност во однос на нивните гонители, што не им успевало во првиот дел од сезоната. Титулата била обезбедена на 25 април 2004 година, на четири кола пред крајот, благодарение на ремито 2-2 против градскиот ривал Тотенхем. Челси го затвориле првенството на 2. место со 79 бодови, 11 помалку од „топчиите“. Манчестер Јунајтед завршил на третото место и се пласирал во Лигата на шампионите заедно со Ливерпул. На дното на табелата, Лидс Јунајтед, во очигледен пад поради длабоката финансиска криза, испаднал во Чемпионшип, заедно со "новаците" Лестер Сити и Вулверхемптон.

Екипи

уреди

Екипи учеснички

уреди

Стадиони и локации

уреди
Локации на екипите учесници во Премиер лигата на Англија 2003–2004
Екипа Сезона Град Стадион Претходна сезона
Арсенал детали Лондон Стадион Арсенал 2. место во Премиер лигата
Астон Вила детали Бирмингем Вила Парк 16. место во Премиер лигата
Бирмингем Сити детали Бирмингем Сент Ендрјус 13. место во Премиер лигата
Блекбурн Роверс детали Блекбурн Ивуд Парк 6. место во Премиер лигата
Болтон Вондерерс детали Болтон Рибок 17. место во Премиер лигата
Вулверхемптон детали Вулверхемтпон Молинју 5. место во Првата дивизија, промоција преку плејоф
Евертон детали Ливерпул Гудисон Парк 7. место во Премиер лигата
Лестер Сити детали Лестер Стадион Лестер Сити 2. место во Првата дивизија, промоција
Ливерпул детали Ливерпул Анфилд 5. место во Премиер лигата
Лидс Јунајтед детали Лидс Еланд Роуд 15. место во Премиер лигата
Манчестер Јунајтед детали Манчестер Олд Трафорд Шампион на Англија
Манчестер Сити детали Манчестер Градски стадион во Манчестер 9. место во Премиер лигата
Мидлсбро детали Мидлсбро Риверсајд 11. место во Премиер лигата
Њукасл Јунајтед детали Њукасл на Тајн Сент Џејмсис Парк 3. место во Премиер лигата
Портсмут детали Портсмут Фратон Парк 1. место во Првата дивизија, промоција
Саутхемптон детали Саутхемптон Сент Мери 8. место во Премиер лигата
Тотенхем детали Лондон Вајт Харт Лејн 10. место во Премиер лигата
Фулам детали Лондон Лофтус Роуд[б 1] 14. место во Премиер лигата
Чарлтон детали Лондон Вали 12. место во Премиер лигата
Челси детали Лондон Стемфорд Бриџ 4. место во Премиер лигата
  1. Крејвен Котиџ сè уште бил во фаза на реновирање од претходната сезона и како резултат на тоа, Фулам продолжил да ги игра своите домашни натпревари на Лофтус Роуд, кој е домашен стадион на Квинс Парк Ренџерс, уште една екипа од Западен Лондон.

Личности и спонзори

уреди
Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец[2] Опрема Спонзор
Арсенал   Арсен Венгер   Патрик Виера   Тјери Анри (30) Nike O2
Астон Вила   Дејвид О'Лири   Олоф Мелберг   Хуан Пабло Анхел (16) Diadora Rover
Бирмингем Сити   Стив Брус   Кени Канингем   Микаел Форсел (17) Le Coq Sportif Flybe.com
Блекбурн Роверс   Грем Сунес   Гари Флиткрофт   Енди Кол (11) Kappa HSA
Болтон Вондерерс   Сем Алардајс   Џеј-Џеј Окоча   Кевин Дејвис,
  Јури Џоркаеф,
  Кевин Нолан (9)
Reebok Reebok
Вулверхемптон   Дејв Џонс   Пол Инс   Анри Камара (7) Admiral Doritos
Евертон   Дејвид Мојес   Дејвид Вир   Вејн Руни (9) Puma Kejian
Лестер Сити   Мики Адамс   Мат Елиот   Лес Фердинанд (12) Le Coq Sportif Alliance & Leicester
Ливерпул   Жерар Улие   Стивен Џерард   Мајкл Овен (16) Reebok Carlsberg
Лидс Јунајтед   Питер Рид (1.-12. коло)
  Еди Греј (13.-38. коло)
  Доминик Матео   Марк Видука (11) Nike Whyte and Mackay
Манчестер Јунајтед   Алекс Фергусон   Рој Кин   Руд ван Нистелрој (20) Nike Vodafone
Манчестер Сити   Кевин Киган   Силвен Дистен   Никола Анелка (17) Reebok First Advice
Мидлсбро   Стив МекЛарен   Гарет Саутгејт   Силард Немет (9) Erreà Dial-a-Phone
Њукасл Јунајтед   Боби Робсон   Алан Ширер   Алан Ширер (22) Adidas Northern Rock
Портсмут   Хари Реднап   Теди Шерингам   Јакубу Ајегбени (16) Pompey Sport ty
Саутхемптон   Гордон Страхан (1.-25. коло)
  Стив Вигли (26.-27. коло)
  Пол Старок (28.-38. коло)
  Клаус Лундеквам   Џејмс Бити (14) Saints Friends Provident
Тотенхем   Глен Ходл (1.-6. коло)
  Дејвид Плит (7.-38. коло)
  Џејми Реднап   Роби Кин (14) Kappa Thomson Holidays
Фулам   Крис Колман   Ли Кларк   Луј Саа (13) Puma dabs.com
Чарлтон   Алан Карбишли   Мат Холанд   Џејсон Јуел (10) Joma All:Sports
Челси   Клаудио Раниери   Марсел Десаи   Џими Флојд Хаселбајнк (13) Umbro Fly Emirates

Завршна табела

уреди
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
  1.   Арсенал 90 38 26 12 0 73 26 +47
2.   Челси 79 38 24 7 7 67 30 +37
3.   Манчестер Јунајтед 75 38 23 6 9 54 35 +29
4.   Ливерпул 60 38 16 12 10 55 37 +18
5.   Њукасл Јунајтед 56 38 13 17 8 52 40 +12
6.   Астон Вила 56 38 15 11 12 48 44 +4
7.   Чарлтон 53 38 14 11 13 51 51 0
8.   Болтон 53 38 14 11 13 48 56 -8
9.   Фулам 52 38 14 10 14 52 46 +6
10.   Бирмингем Сити 50 38 12 14 12 43 48 -5
[3] 11.   Мидлсбро 48 38 13 9 16 44 52 -8
12.   Саутхемптон 47 38 12 11 15 44 45 -1
13.   Портсмут 45 38 12 9 17 47 54 -7
14.   Тотенхем 45 38 13 6 19 47 57 -10
15.   Блекбурн Роверс 44 38 12 8 18 51 59 -8
16.   Манчестер Сити 41 38 9 14 15 55 54 +1
17.   Евертон 39 38 9 12 17 45 57 -12
  18.   Лестер Сити 33 38 6 15 17 48 65 -17
  19.   Лидс Јунајтед 33 38 8 9 21 40 79 -39
  20.   Вулверхемптон 33 38 7 12 19 38 77 -39

Легенда:

      Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005.
      Се квалификува за третото квалификациско коло на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 2004-2005.
      Се квалификува за квалификациите на Куп на УЕФА 2004-2005.
      Испаѓа во Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2004-2005.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднакви бодови, екипите се рангираат според гол-разликата.

Шампионскиот тим

уреди
Формација Играчи (настапи)
  Јенс Леман (38)
  Лоран (32)
  Коло Туре (37)
  Сол Кембел (35)
  Ешли Кол (32)
  Фредрик Јунгберг (30)
  Патрик Виера (29)
  Жилберто Силва (32)
  Робер Пирес (36)
  Денис Бергкамп (28)
  Тјери Анри (37)
Менаџер:   Арсен Венгер
Останати играчи: Еду (30), Реј Парлор (25), Паскал Сиган (18), Хосе Антонио Рејес (13), Гаел Клиши (12), Силван Вилтор (12), Жереми Алијадиер (10), Нванкво Кану (10), Мартин Кион (10), Дејвид Бентли (1), Џастин Хојт (1)

Резултати

уреди

Табеларен приказ

уреди

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 22 декември 2021.

АРС АСВ БИР БЛЕ БОЛ ВУЛ ЕВЕ ЛЕС ЛИВ ЛИД МНЈ МНС МИД ЊУК ПОР САУ ТОТ ФУЛ ЧАР ЧЕЛ
Арсенал –––– 2-0 0-0 1-0 2-1 3-0 2-1 2-1 4-2 5-0 1-1 2-1 4-1 3-2 1-1 2-0 2-1 0-0 2-1 2-1
Астон Вила 0-2 –––– 2-2 0-2 1-1 3-2 0-0 3-1 0-0 2-0 0-2 1-1 0-2 0-0 2-1 1-0 1-0 3-0 2-1 3-2
Бирмингем Сити 0-3 0-0 –––– 0-4 2-0 2-2 3-0 0-1 0-3 4-1 1-2 2-1 3-1 1-1 2-0 2-1 1-0 2-2 1-2 0-0
Блекбурн 0-2 0-2 1-1 –––– 3-4 5-1 2-1 1-0 1-3 1-2 1-0 2-3 2-2 1-1 1-2 1-1 1-0 0-2 0-1 2-3
Болтон 1-1 2-2 0-1 2-2 –––– 1-1 2-0 2-2 2-2 4-1 1-2 1-3 2-0 1-0 1-0 0-0 2-0 0-2 0-0 0-2
Вулверхемптон 1-3 0-4 1-1 2-2 1-2 -––– 2-1 4-3 1-1 3-1 1-0 1-0 2-0 1-1 0-0 1-4 0-2 2-1 0-4 0-5
Евертон 1-1 2-0 1-0 0-1 1-2 2-0 –––– 3-2 0-3 4-0 3-4 0-0 1-1 2-2 1-0 0-0 3-1 3-1 0-1 0-1
Лестер Сити 1-1 0-5 0-2 2-0 1-1 0-0 1-1 –––– 0-0 4-0 1-4 1-1 0-0 1-1 3-1 2-2 1-2 0-2 1-1 0-4
Ливерпул 1-2 1-0 3-1 4-0 3-1 1-0 0-0 2-1 –––– 3-1 1-2 2-1 2-0 1-1 3-0 1-2 0-0 0-0 0-1 1-2
Лидс Јунајтед 1-4 0-0 0-2 2-1 0-2 4-1 1-1 3-2 2-2 –––– 0-1 2-1 0-3 2-2 1-2 0-0 0-1 3-2 3-3 1-1
Манчестер Јунајтед 0-0 4-0 3-0 2-1 4-0 1-0 3-2 1-0 0-1 1-1 –––– 3-1 2-3 0-0 3-0 3-2 3-0 1-3 2-0 1-1
Манчестер Сити 1-2 4-1 0-0 1-1 6-2 3-3 5-1 0-3 2-2 1-1 4-1 –––– 0-1 1-0 1-1 1-3 0-0 0-0 1-1 0-1
Мидлсбро 0-4 1-2 5-3 0-1 2-0 2-0 1-0 3-3 0-0 2-3 0-1 2-1 –––– 0-1 0-0 3-1 1-0 2-1 0-0 1-2
Њукасл Јунајтед 0-0 1-1 0-1 0-1 0-0 1-1 4-2 3-1 1-1 1-0 1-2 3-0 2-1 –––– 3-0 1-0 4-0 3-1 3-1 2-1
Портсмут 1-1 2-1 3-1 1-2 4-0 0-0 1-2 0-2 1-0 6-1 1-0 4-2 5-1 1-1 –––– 1-0 2-0 1-1 1-2 0-2
Саутхемптон 0-1 1-1 0-0 2-0 1-2 2-0 3-3 0-0 2-0 2-1 1-0 0-2 0-1 3-3 3-0 –––– 1-0 0-0 3-2 0-1
Тотенхем 2-2 2-1 4-1 1-0 0-1 5-2 3-0 4-4 2-1 2-1 1-2 1-1 0-0 1-0 4-3 1-3 –––– 0-3 0-1 0-1
Фулам 0-1 1-2 0-0 3-4 2-1 0-0 2-1 2-0 1-2 2-0 1-1 2-2 3-2 2-3 2-0 2-0 2-1 –––– 2-0 0-1
Чарлтон 1-1 1-2 1-1 3-2 1-2 2-0 2-2 2-2 3-2 0-1 0-2 0-3 1-0 0-0 1-1 2-1 2-4 3-1 –––– 4-2
Челси 1-2 1-0 0-0 2-2 1-2 5-2 0-0 2-1 0-1 1-0 1-0 1-0 0-0 5-0 3-0 4-0 4-2 2-1 1-0 ––––

Статистика

уреди

Екипна

уреди

Лидери на табелата

уреди

Извор:[4]

————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
АрсеналАрсеналЧелсиАрсМанчестер ЈунајтедАрсенал
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Факти и бројки

уреди
  • Најголем број на победи: Арсенал (26)
  • Најмал број на порази: Арсенал (0)
  • Најдобар напад: Арсенал (73 постигнати гола)
  • Најдобра одбрана: Арсенал (26 примени гола)
  • Најдобра гол-разлика: Арсенал (+47)
  • Најголем број на нерешени: Њукасл Јунајтед (17)
  • Најмал број на нерешени: Манчестер Јунајтед, Тотенхем (6)
  • Најголем број на порази: Лидс Јунајтед (21)
  • Најмал број на победи: Лестер Сити (6)
  • Најслаб напад: Вулверхемптон (38 постигнати голови)
  • Најслаба одбрана: Лидс Јунајтед (79 примени голови)
  • Најлоша гол-разлика: Лидс Јунајтед, Вулверхемптон (-39)

Индивидуална

уреди

Листа на стрелци

уреди

Извор:[2]

Гол Пенали Играч Клуб
30 7   Тјери Анри   Арсенал
22 7   Алан Ширер   Њукасл Јунајтед
20 0   Руд ван Нистелрој   Манчестер Јунајтед
20 2   Луј Саа   Фулам (13),
  Манчестер Јунајтед (7)
17 1   Микаел Форсел   Бирмингем Сити
17 4   Никола Анелка   Манчестер Сити
16 2   Јакубу Ајегбени   Портсмут
16 2   Хуан Пабло Анхел   Астон Вила
16 4   Мајкл Овен   Ливерпул
14 0   Робер Пирес   Арсенал
14 2   Џејмс Бити   Саутхемптон
14 3   Роби Кин   Тотенхем
13 0   Кевин Филипс   Саутхемптон
13 2   Џими Флојд Хаселбајнк   Челси
12 0   Лес Фердинанд   Лестер Сити

Награди

уреди

Месечни награди

уреди
Месец Менаџер на месецот Клуб Играч на месецот Клуб
Август   Арсен Венгер Арсенал   Теди Шерингам Портсмут
Септември   Клаудио Раниери Челси   Френк Лампард Челси
Октомври   Боби Робсон Њукасл Јунајтед   Алан Ширер Њукасл Јунајтед
Ноември   Сам Алардајс Болтон Вондерерс   Џеј-Џеј Окоча Болтон Вондерерс
Декември   Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед   Пол Сколс Манчестер Јунајтед
Јануари   Сам Алардајс Болтон Вондерерс   Тјери Анри Арсенал
Февруари   Арсен Венгер Арсенал   Денис Бергкамп
  Еду
Арсенал
Март   Клаудио Раниери Челси   Микаел Форсел Бирмингем Сити
Април   Хари Реднап Портсмут   Тјери Анри Арсенал

Годишни награди

уреди
Награда Добитник Клуб
Менаџер на сезоната во Премиер лигата   Арсен Венгер Арсенал
Играч на сезоната во Премиер лигата   Тјери Анри Арсенал
ПФА Фудбалер на годината   Тјери Анри Арсенал
ПФА Млад играч на годината   Скот Паркер Челси
АФН Фудбалер на годината   Тјери Анри Арсенал
ПФА Тим на годината
Голман   Тим Хауард (Манчестер Јунајтед)
Одбрана   Лоран (Арсенал)   Сол Кембел (Арсенал)   Џон Тери (Челси)   Ешли Кол (Арсенал)
Среден ред   Френк Лампард (Челси)   Стивен Џерард (Ливерпул)   Патрик Виера (Арсенал)   Робер Пирес (Арсенал)
Напад   Руд ван Нистелрој (Манчестер Јунајтед)   Тјери Анри (Арсенал)

Наводи

уреди
  1. Winter, Henry (26 April 2004). „Champions revel in title success“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 7 August 2013.
  2. 2,0 2,1 „Premier League 2003/2004 .:. Top scorers“ (англиски). worldfootball.net. Посетено на 26 март 2020.
  3. Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2004-2005 како победник на Лига купот 2003-2004.
  4. Premier League 2003/2004 .:. 38. Round