УЕФА Лига на шампиони 1997/98

УЕФА Лига на шампиони 1997/98 — 6. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 43. сезона од основањето на натпреварувањето.

УЕФА Лига на шампиони 1997/98
Амстердам Арена била домаќин на финалето
Податоци за купот
Датуми23 јули 1997 — 20 мај 1998
Екипи24 (55 заклучно со квалификациите)
Финале
ШампиониШпанија Реал Мадрид
(7. титула)
Вице-шампионИталија Јувентус
Статистики за купот
Одиграни натпревари85
Постигнати голови239 (2.81 по натпревар)
Најдобар стрелец(и)Италија Алесандро Дел Пјеро
(10 гола)

Финалето било одиграно на 20 мај 1998 година на Амстердам арена во Амстердам, каде што Реал Мадрид со резултат 1:0 издвоил победа над Јувентус, којшто го играл своето трето финале по ред, со тоа освојувајќи го седмиот трофеј во најсилното европско натпреварување (последен пат во 1966). Бранителот на титулата од претходната година, Борусија Дортмунд испаднала во полуфиналето, каде во двомеч била поразена од Реал Мадрид.

Ова била првата сезона во која што групната фаза била составена од шест групи, за разлика од претходните сезони кога во групната фаза имало четири групи. Така што премин во четвртфиналето покрај победниците во групите обезбедиле и двете најдобри второпласирани екипи од групната фаза. Оваа сезона исто така била првата сезона во која што имало две кола во квалификациската фаза наместо едно. По три години натпреварување во УЕФА Купот, прваците од послабо рангираните држави се вратиле во Лигата на шампионите, додека за првпат во натпреварувањето влегле и вицешампионите од највисоко рангираните држави.

Квалификации

уреди

Прво квалификациско коло

уреди

Првите натпревари биле одиграни на 23 јули, а реванш натпреварите на 30 јули 1997 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Дери Сити   0:3   Марибор 0:2 0:1
Кошице   4:0   Акранес 3:0 1:0
Партизан   1:5   Кроација Загреб 1:0 0:5
Валета   1:2   Сконто 1:0 0:2
Пјуник   3:6   МТК Хунгарија 0:2 3:4
Крусејдерс   2:8   Динамо Тбилиси 1:3 1:5
Силекс Кратово   1:3   Беитар Ерусалим 1:0 0:3
Стеауа Букурешт   5:3   ЦСКА Софија 3:3 2:0
Конструкторул Кишињев   3:4   МПКЦ Мозир 1:1 2:3
Лантана Талин   0:3   Џез 0:1 0:2
Гета   0:11   Ренџерс 0:5 0:6
Нефтчи Баку   0:10   Виѓев Лоѓ 0:2 0:8
Динамо Киев   6:0   Бери Таун 2:0 4:0
Сион   5:0   Женес Еш 4:0 1:0
Анортозис   4:1   Кареда Шјаулјај 3:0 1:1

Второ квалификациско коло

уреди

Првите натпревари биле одиграни на 13 август, а реванш натпреварите на 27 август 1997 година. Поразените екипи од второто квалификациско коло од натпреварувањето го продолжиле своето учество во првото коло од УЕФА Купот.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
МТК Унгарија   1:4   Розенборг 0:1 1:3
Бешикташ   3:1   Марибор 0:0 3:1
Сион   2:8   Галатасарај 1:4 1:4
Олимпијакос   7:2   МПКЦ Мозир 5:0 2:2
Вистенрот Салцбург   0:3   Спарта Прагaа 0:0 0:3
Гетеборг   4:1   Ренџерс 3:0 1:1
Барселона   4:2   Сконто 3:2 1:0
Брондби   3:4   Динамо Киев 2:4 1:0
Њукасл Јунајтед   4:3   Кроација Загреб 2:1 2:2 (прод.)
Фејенорд   8:3   Џез 6:2 2:1
Баер Леверкузен   6:2   Динамо Тбилиси 6:1 0:1
Кошице   2:1   Спартак Москва 2:1 0:0
Стеауа Букурешт   3:5   Пари Сен Жермен 3:0 0:5
Виѓев Лоѓ   1:7   Парма 1:3 0:4
Беитар Ерусалим   0:3   Спортинг Лисабон 0:0 0:3
Анортозис   2:3   Лирс 2:0 0:3

Натпреварување по групи

уреди

Натпреварувањето по групи било одиграно од 17 септември до 10 декември 1997 година.

Група А

уреди
 
  ГАЛ БД СПА ПАР
  Галатасарај 0:1 2:0 1:1
  Борусија Дортмунд 4:1 4:1 2:0
  Спарта Прагa 3:0 0:3 0:0
  Парма 2:0 1:0 2:2
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Борусија Дортмунд 6 5 0 1 14 3 +11 15
2.   Парма 6 2 3 1 6 5 +1 9
3.   Спарта Прагa 6 1 2 3 6 11 -5 5
4.   Галатасарај 6 1 1 4 4 11 -7 4

Група Б

уреди
 
  ЈУВ ФЕЈ КОШ МЈ
  Јувентус 5:1 3:2 1:0
  Фејенорд 2:0 2:0 1:3
  Кошице 0:1 0:1 0:3
  Манчестер Јунајтед 3:2 2:1 3:0
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Манчестер Јунајтед 6 5 0 1 14 3 +11 15
2.   Јувентус 6 4 0 2 12 8 +4 12
3.   Фејенорд 6 3 0 3 8 10 -2 9
4.   Кошице 6 0 0 6 2 13 -11 0

Група Ц

уреди
 
  ЊЈ БАР ПСВ ДК
  Њукасл Јунајтед 3:2 0:2 2:0
  Барселона 1:0 2:2 0:4
  ПСВ Ајндховен 1:0 2:2 1:3
  Динамо Киев 2:2 3:0 1:1
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Динамо Киев 6 3 2 1 13 6 +7 11
2.   ПСВ Ајндховен 6 2 3 1 9 8 +1 9
3.   Њукасл Јунајтед 6 2 1 3 7 8 -1 7
4.   Барселона 6 1 2 3 7 14 -7 5

Група Д

уреди
 
  РМ РОЗ ОЛИ ПОР
  Реал Мадрид 4:1 5:1 4:0
  Розенборг 2:0 5:1 2:0
  Олимпијакос 0:0 2:2 1:0
  Порто 0:2 1:1 2:1
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Реал Мадрид 6 4 1 1 15 4 +11 13
2.   Розенборг 6 3 2 1 13 8 +5 11
3.   Олимпијакос 6 1 2 3 6 14 -8 5
4.   Порто 6 1 1 4 3 11 -8 4

Група Е

уреди
 
  БМ БЕШ ПСЖ ГЕТ
  Баерн Минхен 2:0 5:1 0:1
  Бешикташ 0:2 3:1 1:0
  Пари Сен Жермен 3:1 2:1 3:0
  Гетеборг 1:3 2:1 0:1
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Баерн Минхен 6 4 0 2 13 6 +7 12
2.   Пари Сен Жермен 6 4 0 2 11 10 +1 12
3.   Бешикташ 6 2 0 4 6 9 -3 6
4.   Гетеборг 6 2 0 4 4 9 -5 6

Група Ф

уреди
 
  СПО МОН БАЈ ЛИР
  Спортинг Лисабон 3:0 0:2 2:1
  Монако 3:2 4:0 5:1
  Баер Леверкузен 4:1 2:2 1:0
  Лирс 1:1 0:1 0:2
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Монако 6 4 1 1 15 8 +7 13
2.   Баер Леверкузен 6 4 1 1 11 7 +4 13
3.   Спортинг Лисабон 6 2 1 3 9 11 -2 7
4.   Лирс 6 0 1 5 3 12 -9 1

Рангирање на второпласираните екипи

уреди
Клуб ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Баер Леверкузен 6 4 1 1 11 7 +4 13
  Јувентус 6 4 0 2 12 8 +4 12
  Пари Сен Жермен 6 4 0 2 11 10 +1 12
  Розенборг 6 3 2 1 13 8 +5 11
  ПСВ Ајндховен 6 2 3 1 9 8 +1 9
  Парма 6 2 3 1 6 5 +1 9

Четвртфинале

уреди

Првите натпревари се одиграле на 4 март, а реванш натпреварите на 18 март 1998 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Баер Леверкузен   1:4   Реал Мадрид 1:1 0:3
Баерн Минхен   0:1   Борусија Дортмунд 0:0 0:1 (прод.)
Јувентус   5:2   Динамо Киев 1:1 4:1
Монако   1:1[1]   Манчестер Јунајтед 0:0 1:1

Полуфинале

уреди

Првите натпревари се одиграле на 1 април, а реванш натпреварите на 15 април 1998 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Реал Мадрид   2:0   Борусија Дортмунд 2:0 0:0
Јувентус   6:4   Монако 4:1 2:3

Финале

уреди
20 мај 1998
20:45 СРЕ (UTC+02:00)
Јувентус   0–1   Реал Мадрид Амстердам Арена, Амстердам
Гледачи: 48,500
Судија:   Хелмут Круг
Извештај   66' Мијатовиќ

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Екипата се квалификувала според правилото на повеќе постигнати погодоци на гости.

Надворешни врски

уреди